Мали, не знам колку години имаш всушност, ама гледам дека многу работи не ти се јасни. Прво и прво, не генерализирај. Не изневеруваат сите девојки и не е тоа најприродна и секојдневна појава, па да прашуваш на форум нешто во стилот "зошто вие женските изневерувате" ... значи погрешно... И да има овде на форумот такви кои изневеруваат ти мислиш дека ќе ти ја отвараат тебе душата и ќе ти продаваат магла зошто изневеруваат, па ти ќе ги разбереш причините и ќе дојдеш до некаков заклучок зошто е тоа така ? Пф... Како што има мажи кои изневеруваат така има и жени , тебе ако не ти се допаѓаат тие девојки кои вараат, држи се понастрана од нив, друго што да ти се каже as simple as that едит А од она што го прочитав од тебе, гледам си познавал и лично девојчиња кои си ги лажеле дечковците штом прашуваш, па што не им го поставиш ова прашање лично ним ?
@ Ловецот на пичиња Која е таа алигаторска кожа што ја имаш на себе да не простиш неверство, макар тоа не било само со бакнување туку и спортски секс? Дај скини парче и за мене, оти нешто простувањето тешко ми иде... И дали ти тоа би оправдал неверство со изговор пијан/а бев? Јас не сум бил пијан никогаш? Никогаш не сум излегувал во друштво со сингл и напалени девојки? Никогаш не сум останал во дискотека до 5 саат сабајле, и околу мене, под алкохол наеднаш да фрчат понуди, секој на секој му предлага? Тие што варале со овој изговор нема да им се свиѓа моето размислување, но алкохолот не ти го менува карактерот, туку само го открива. Ако некој е толку пијан зошто не почнал тепачка? Зошто не излегол надвор од кафичот и почнал да се дере, или да се јави на партнерот и да си пее на телефон, глупирајќи се можеби до немајкаде, а утре и двајцата да се смеат како луди? Зошто не излезе надвор и не седне на тротоарот? Па нели е пијан и не знае што прави? Зошто луѓето се фаќаат веднаш за изневерување? Имам разговарано со доста луѓе за ова и јас лично сум простил неверство со некој беден изговор дека била под алкохол, и никогаш во животот не сум се чувствувал како поголем морон, тотално изигран. После неверство, нешто се крши во врската, и тоа не се враќа назад. А добро ти е објаснувањето кај што велиш дека може да се прости некој еднократен безначаен секс... Знаеш кое е критичното зборче за да ја донесеш најдобрата одлука во такви ситуации? Визуелизирај! Претстави си ја девојка ти како се допишува со него, се слушала по телефон позади твој грб, се сретнале во кафич, или можеби таму и се запознале, потфатени од алкохол ти си избришан од сликата, и ти додека си седиш дома, или си излезен со другарите, таа си раширила нозе на нечие задно седиште, или во парк на брзинка, или фатиле такси до стан.. Аууу па и ако го удостоила со оралка, ахм ахм, мераци... Па и нека се истушира после, тоа 4 пати нека измие запчињата, машки сме ние, нели, знаеме како размислуваме...утре дента ќе те излапа едно убаво, ахмм мерации.... Визуелизирај, во такви моменти признај си ја слабата точка и притисни се сам, да боли. Полесно ќе ти биде кога ќе и кажеш официјално сум сингл. Полесно ќе ја замразиш. Ако простиш, нејзината почит кон тебе ќе пропадне низ подот. А љубов? Таа може и самата да поверува дека те засакува уште повеќе, но тоа е само вината во неа. Да те сакала, немала да дозволи да му биде едновечерна на некојси типац таму, што за една недела нема ни да ја памти, и да ризикува тоа што го има со тебе...
@ EleМental Не знам зошто мене ми се обраќаш во тој долг пост, можеше да ме изоставиш вака не ми оставаш простор освен да ти одговорам. Јас не оправдувам неверство под никакви околности, а најмалку под дејство на алкохол. Значи, оправдување за неверство - нема! Се случило и тоа е тоа, можно е да имало причини, ама некој/а да се правда дека бил пијан/а не држи теза и смешно. Колку и да е лошо во една врска, сметам дека никој не заслужува да биде правен будала и манипулиран позади грб. Со неверство ништо не се решава ниту подобру во врската!! Јас секогаш визуелизирам, не се секирај. Затоа и тешко ќе ми биде да простам неверство ако се случи, имам нагласено. Еве и јас да те надополнам во тие визуелни ефекти. Како да простиш на девојка ти кога сите интимни моменти со тебе, сите тие стенкања додека сте имале секс и сите тие воздишки додека сте биле напалени таа ги споделила со друг во моменти кога не сте биле заедно, а си мислел дека тие моменти припаѓаат само на тебе? Токму затоа неверството е тешко за опростување, одговорот секогаш повеќе ми оди накај НЕ, ама пак реков во зависност од ситуација и околности... И тоа што спомнуваш ширење нозе, давање оралка и сл. држи вода нормално дека баш заради таквите визуелни ефекти кои ќе ти се јават во глава кога ќе дознаеш дека си изневерен треба да направат никогаш да не опростиш! Гледано од машки аспект, ако некој опрости на девојка што го изварала и имала секс со друг е исто како да го испушил к***т на тој другиот со кој таа го изневерила хаха sad but true. Може ова и во женска варијанта да се трансформира ама зборам од машки аспект само. Затоа ќе констатирам, опростување неверство - НЕ!!! Тој/Тaa што изневерува мора прво да помисли на последиците, а не само да доживее оргазам и да си ги задоволи нагоните, затоа што може друг/а да биде повреден од таквиот чин. А секој што не мисли како треба, и те како после ќе мора да одговара и да сноси последици!
Пуси, не е страшно ако ми одговориш, слободно цитирај ме и ти мене, и давај контрареплики, така се развива интелигентна дискусија. Те цитирав бидејќи претходно рече дека неверство за една вечер се простува и може да се оправда со пијанство, а сега велиш дека не се простува. А ова со визуелизацијата, како и останатите излагања, очигледно сме на иста фреквенција. Треба да се мисли на последиците а не да се бркаат оргазми а после еј ама жал ми е, ама испив 5 вотки...
какво неверство,какво црно простување ?па посебно после визуeлирањето на типаците не иди во предвид,ни вотки ни екстази не палат кај мене,никаков изговор нема за тоа без навреда но сепак мислам дека тој што би простил неверство има проблем со самодовербата и немање на гордост.Несватливо мие до толку да зависиш од некој,па да се помириш со фактот дека го делиш со друг/а.
Кога ме викаш Пуси кажи го целото име а тоа е Пусихантер, не вака да настане недоразбирање дека сум Пуси хаха. Не те цитирав во претходниот пост затоа што многу си пишувал па да не отиде пола страна за тоа, полесно беше да ти се обратам со @. И обавезно мислење на последиците се согласуваме тука. Кој не може да се воздржи од напалување после испиени неколку чаши алкохол, нека си ја одреди мерата. Многу девојки под дејство на алкохол се опуштаат, им зовриваат хормоните и играат како луди, нешто што не би го направиле да се сосема трезни. Токму затоа, во атмосфера каде има алкохол девојките се најранливи и најлесни за “отрезнување“. Затоа, секој/а нека си ја одреди мерата до кај може да пие без да му се присака секс со друг/а.
Иксрено, јас повеќе се плашам од она неверство, во главата и во срцето. Подобро да се исплеска со некоја набрзина, отколку постојано да мисли на друга, да ја следи, да ја љуби, да се восхитува на нејзината убавина и добрина, да ме споредува со неа итн итн... Не велам дека за плескањето нема да има санкција. No, no!
Не, не и не. Нема. Никогаш! Некогаш за време на оваа врска, во минатиот период, сум изјавила дека би простила неверство. Но, или не сум помислила визуелно на тој чин, или со паметот сум била на друго место кога сум го кажала тоа. Зошто не? Епа вака. Ако некој доживеал неверство и знае како боли тоа чувство кое порано или подоцна се дознава, не верувам дека така лесно ќе изјави дека би простил неверство. Извинете, али ако на некого му е кејф дали за една вечер, за 5 минути или еден саат неговиот партнер го направи тешка морончина, идиот со рогови, и слично, алал нека му е. Сум почувствувала по раскинот со една X особа, и сум дознала како за време на нашата „врска“, таа X особа бил во врска и со друга личност. Епа извинете, јас сум било во тројка а не сум знаела, видиш ?! И несвесно сум ја доживеала таа пуста развратна желба на еден момак да биде со 2 девојки во исто време. Фала богу, не во кревет. И боли. Мајке ми, боли. И сега да се вратиме на темата. Ајде ти за едно разменување на плунки со трета особа ван врската, расипи ги и фрли ги во кондом сите стенкања, сите моменти кои те возвишиле до небо, сите изјави на љубов, сите карања и помирувања. А пак да е нешто повеќе ?! Треба да си тежок имбецил, и дволичен морон/ка за тоа да го направиш. Одбивни ми се луѓето кои лесно се „исповедаат“ и признаваат дека изневерувале. И сето тоа со изговор: „Сакав да видам колку ми се можностите“, „Шо пеер, еднаш беше, ја си ја сакам нејзе“, „Па пер и тебе да не ти дава X, ќе еб*ш на страна, не си од камен“. ОВИЕ СЕ НАЈШОВИНИСТИЧКИТЕ РЕПЛИКИ И КОМЕНТАРИ ПОВРЗАНИ СО ПРИЧИНИТЕ ЗА ИЗНЕВЕРУВАЊЕ! И ИЗВИНЕТЕ АКО НЕКОЈА ОСОБА СЕ ПРОНАШЛА ВО ОВИЕ РЕЧЕНИЦИ, КОИ ЗА МЕНЕ СЕ БЕДНИ И МИЗЕРНИ! Не барам нити да ме цитирате, нити да ме негирате. Ова е мислење и ќе стојам зад него дур сум жива. А и само уште нешто, слушам од секоја втора личност: „Боље остај ја/го, него ли да ја/го извараш!“. Видете, според мене и тоа е некој начин на изневерување. Едвај чекаш да го баталиш партнерот, затоа што хормоните и мислите не можете да си ги совладате, и ќе легнете со некој/а друг/а, и притоа следи вечниот изговор: „ Па што, ја не го/ја варав! Го/ја оставив!“. THINK ABOUT THAT!
Никогаш нема да простам неверство,затоа што ниедна девојка не заслужува нејзините чуства да бидат извалкани!
НЕ! значи според мене врската неможе да функционира исто пред и после неверство.Значи ке биде чисто мачење и за двајцата. Имам еден пример каде што другарка ми го изневери тогашниот дечко кој го сакаше многу но ете...под дејство на алкохол и му призна дека го изневерила и му раскажа се.Тој демек и прости пошто несакаше да ја остави..и продолжија уште 2 недели и раскинаа..Тој и спушташе муабети и викаше дека неможе да му излезе таа слика од главата каде таа го вара ... Значи треба да се размислува да не дојде до тој степен,а ако веќе го изеверите вашиот партнер,тогаш сметајте дека не сте доволно добри за да го имате
Иако не бараш да те цитираме, јас решив да те цитирам затоа што оставаш силен впечаток со сигурноста со која си го пишувала овој пост. И тоа ми се допаѓа најмногу! Уште сега имаш формирано многу силна одлука за тоа дали ќе простиш неверство, а тоа ти е: Не, никогаш! За жал, ова си го научила на потешкиот начин (the harder way) со тоа што директно си била инволвирана во неверство и си се нашла на изневерената страна. Се надевам нема веќе да патиш и страдаш, само да ти кажам дека подобро е воопшто да не дојде до неверство, отколку никогаш да не простиме. Сепак не зависи само од нас...
имам простено но помало неверство а не она неверство кое е да оди со друга и слицни работи...така да се согласувам дека се направено надвор од насето договарајне е неверство и никако....НЕ нема простувајне
Не знам дали сте мажени или сте сингл ама јас сум омажена. Кога си во брак неверството го сваќаш многу посериозно. Кога имав само обични врски не би ме болело неверството, едноставно можеш да ставиш крај и толку. Но, сега кога сум во брак и имам две годишно синче размислувам многу поинаку. Би го убила доколку тоа што го има дома би го заменал за друга па макар и да било на 10 минути. Секогаш се чудам како можат жените да премолчат такво нешто.
И не мора само женското да биде изневерено, јас познавам и многу машки кои животот го давале за нивните женски па на крај се изневерени ... и жените не се светици, се зависи од ситуација никогаш не се знае и јас бев многу сигурна во себе и во многу работи па со тек на време и ситуации се се менува !!!
Велат: ако еднаш те изневери - вината е негова, ама веќе вториот пат, самата си виновна. Или како беше еден стих од песна на Дарио: А штом се скрши еднаш, нема лепење, веќе не вреди тука каење, страста има рок на траење. Зборот ми беше, после изневерувањето врската се менува, и веќе никогаш нема да може да биде иста. Се губи довербата, се појавува сосема оправдана љубомора, или во крајни случаи - се јавува одбивност. И никакви, ама баш никакви оправдувања не можат да го искупат неверството, особено не онаа позната фраза: Бев пијан, не знаев што правам. А баш пред некое време читав дека всушност луѓето кога се под дејство на алкохол можат да се контролираат, ама не чувствуваат грижа за ништо.