1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    491 глас(а)
    19,5%
  2. Не

    2.033 глас(а)
    80,5%
  1. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Не би простила неверство од проста причина што мислам (т.е. не мислам туку така е) дека врска е помеѓу двајца, и ако се најде некој трет секогаш е вишок. Неверството за мене е знак на не почитување према партнерот и се што сте створиле заедно, така да зопто воопшто да бидеш со некој кога не те почитува тебе и тоа што го имате.
     
  2. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Нема причина зошто да се прости... ни тоа што стекнале заедно, ни тоа што правеле се заедно, дури ни самата љубов не е доволна за да се прости... па зарем за тој што изневерил овие работи не му биле доволнипа го направил тој чин?

    Категорично НЕ за прашањево.
     
    На zizela111 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Доколку некој навистина те сака нема ни да помисли да те изневери. А и доколку би простила, секогаш дури и за најмала причина би помислила дека ме изневерува, би му го проверувала телефонот и слично. :!: Едноставно не може да се живее со тоа. Од мене едно не.
     
  4. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не би простила.Со тоа многу би ме понижил.А доколку би простила тоа повеќе не би било врска.Знаете како викаат:"Скршеното стакло се лепи.Ама откако ќе се залепи лепената линија засекогаш ќе се познава". :)
     
  5. Onegirl95

    Onegirl95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Ниту сакам да изневерувам...ни сакам да ме изневеруваат...
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    многу убаво кажано
    tudje necu,svoje nedam
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  7. so4nti2u

    so4nti2u Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    16
    Да простам неверство!?! НЕ!

    Според мене за неверство нема никакви оправдувања, ни пијанство, ни осаменост поради х причини, ни сакав чисто онака да пробам како е до друг/а, ни изјави од типот: „Ама мене ништо не ми значеше, јас тебе те сакам“ Yeah, right!!!
    Ако сакаш некого, ќе помислиш три пати пред да се втурнеш во авантура, било за една ноќ, било на подолго време. Прво немаш почит ни спрема тебе ни кон твојот партнер. Ако веќе некој не ти е доволен, разговарај, види до кај сте, има-нема шанси да се оправи работата, ако е death end - секој на своја страна и тоа е тоа!
    Но решение од типот, долго време свиѓам еден/една дечко/девојка па денес чао, утре имаш веќе нова љубов, ве молам не! Ако некогаш некој ти значел, испочитувај го и не влегувај утредента во нова врска, оти тоа е рамно на неверство! Сега многу ќе речат е добро де не сме веќе заедно, ќе ви речам едно помислете вашиот до вчерашен партнер, денес да има љубов, па видете!

    Си простил ли неверство се омаловажуваш себе, и во твоите очи и во очите на партнерот! Дека ќе те сака повеќе ако простиш нема шанси, може ќе го мачи само вина пред да се случи пак истото!
     
  8. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Ако можеш да останеш мирен со истиот човек крај себе после неверство, прости го... но јас не би можела. Ако тој човек сум го сметала за оној вистинскиот, ако сум му дала се во животот и покрај сетто тоа да ме изневери, ќе ме скрши на милион парченца, а после тоа нема да можам да се соберам и да продолжам со тој човек. Ако некого вистински сакаш, нема никогаш да го изневериш!!!
     
  9. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ако по некоја случајност простам само ке се караме само тоа ке ми се врти во главата,и на крај пак ке се скараме,и колку мн да го сакам и колку мн да сме биле во врска ако ме изневери,готово,поке за мене тој човек не постои значи не ме ценел и не е за мене,ја на дечкоми му имам кажано дека ако тоа го направи нема ни сенката да ми авиди повеке
     
  10. lovvy

    lovvy Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Не никако! Ако едаш те изневерувал, ќе го стори тоа уште неколку пати!
     
  11. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Ок горе долу сите сме сложни дека не би простиле, не дај Боже да доживееме такво нешто велат оние што пред нас го виделе сонцето. Ама... како да се спречи? Што мислите кој е најефективниот начин да препознаеш дали партнерот е на пат да те изневери и како да го фатиш на лице место?
    П.с. Предлогот „Прељубници“ е забранет! ;)
     
  12. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Не може да се спречи. Ако решил да го направи, ќе го направи. А дали ќе доѕнаеш, тоа времето ќе покаже.
     
  13. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Не можеш да спречиш такво нешто. Најефикасниот начин да дознаеш дали партнерот те изневерува е неговото однесување и промената во вашата врска. Секако, не мора да значи дека ако се промени те изневерува, но 70% би дала повеќе за тоа. На пример, јас ако се најдам во таква ситуација(не дај Боже), прво убаво ќе истражувам и ќе си молчам цело време за на крај кога ќе сум сигурна 100% во тоа да му го плеснам во фаца. :fubar: Ти мене така ќе ми правиш а ? :lol: Тоа е тоа.. Тешко може да се спречи неверството, но можеш да дознаеш и да му вратиш. ;)
     
  14. vloveadele

    vloveadele Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Никогаш не би му простила неверство. Колку и да го сакам.Не би му ни вратила едноставно би го оставила.
     
  15. Lally

    Lally Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    ako me saka nema potreba da me iznevere . nikogas ne bi prostila
    [mod-kirilica:1zvjkn38][/mod-kirilica:1zvjkn38]
     
  16. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    Kратко и јасно ....би простила!
     
  17. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Уффф, на оваа тема може да се филозофира до бескрај...
    Во секој случај лесно е да се зборува ,,што би било, кога би било,, - тогаш сме сите силни...
    Не дај боже никоја од нас да не се најде во таква ситуација, ама тогаш сите филозофии и муабети од типот ,,неее, јас нема шанси,, - паѓаат во вода!
    Теоријата е едно, а суровата реалност е нешто сосема друго.
    Во серијата Сексот и градот имаше многу добра епизода баш на оваа тема.Епизодата завршува со размислувањето на Кери - ДАЛИ ДА ПРОСТИМЕ, АМА ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ или ДА ЗАБОРАВИМЕ, АМА ДА НЕ ПРОСТИМЕ?!
     
  18. s.a.n.y.a

    s.a.n.y.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    16
    Не би простила,во НИКОЈ случај.
     
  19. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    На темава мислам дека мислам дека најправилно би ви одговориле ние што сме доживеале нешто такво. Јас убаво го јадев стапот. Доколку решил да те изнеевери ќе те изневери а и не мора да се познава нешто во врската т.е. да осеќаш некои чудни промени. Не зависи од ништо! Тоа не се простува, на што ќе личи после тоа врската? Да полудиш од грижи кај е што е, со кој е. Ма нек си ебе матер! Не те заслужува доколку те изневерил!
     
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    9.709
    Пол:
    Женски
    Не би простила неверство.Како може да замислам да спијам со истиот човек доколку ме изневери :tmi: Не ,не и НЕ :emo:
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.