Ние и машкиве различно функционираме. Јас за да би излегла со некој треба да го меркам некое време, кај се движи, како се понаша и со самото тоа автоматски почнувам да се замарам со него. А маживе можат да легнат со било која шо ја гедаат прв пат само за да се испразнат. И не мора да значи дека ако те изневери, не те сака, ја сака таа другата и слично. Ама и јас не би простила иако знам до негде како стојат работиве и ги разбирам, не сакам да си набивам комплекси на ниска вредност, не сакам после тоа да се замарам кај е со кој е, па да почнам и со типката да се оспеднувам.
jas mislam deka ne treba da se prosti neverstvo oti nekoj ednas ako izneveri koga togas bi go napravil istoto
jas imam decko so kogo sum 3 godini i dvapati sum go fakala kako me izneveruva i sum mu prostila toa e lubov [mod-kirilica:208av2hh][/mod-kirilica:208av2hh]
Тоа е љубов?? Каква љубов е тоа ако тој те изневерува? Не си му доволна ти, па ќе брка други. Да простиш две неверства ..
lubov li e toa ili panagur? По мое мислење,не. Простување на такво нешто и продужавање со врска е еднакво на маање со глава у ѕид,разронет и рапав,на стара куќа. Колку и да не се повтори тоа,во секоја мала кавга партнерот ќе го спомнува тоа,додека на некој од двајцата не му дојде преку петелко петелков и да ја прекине фарсата. И не,тоа не е љубов,тоа е во 98 посто од случаите глупирање. И не се тестирајте дали сте од тие 2 посто што остануваат,не вреди.
Сите имаат различни мислења. Се во животот би простила и би прогледала низ прсти, но само една работа не би простила - неверството. Мое мислење е дека ако еднаш му се прости, ќе има и втор и трет и итн. пати.. Така да одма сечење, во сржта
Секогаш кога во друштво се отвара оваа тема мојот одговор е категорично НЕ! Па се јавува некој да ми вели ааааааааааах па ти многу ``силна``... А што треба ? Некој да ме влече за нос а јас како некое муле да му простам и да го галам добро ама нема веќе такааа? И после пак иста песна?! Значи ако тој не ме почитува јас нема што да барам со него.... ЧАО!!! И само да кажам дека исто размислувам и за тие што се во брак, тогаш напротив би си заминала уште побрзоооо со децата во пакет секако!
Уффф!Ете ме мене, повторно на оваа тешка тема.Еднаш се произнесов,ама ајде пак. ANGEL, дај боже никогаш да не си дел од таква трагедија.Не сум била ни јас до сега,ама сепак сум некако скептична и не баш така силна околу одговорот на ова прашање.... Во животов постојат разни искушенија...Особено во брачниот.И особено со деца. Не е се во животов црно или бело,има и некои бои помеѓу кои сите ние кога-тогаш,сакале или неќеле ги осознаваме.
Лола, навистина сфаќам што сакаш да кажеш, но она што го пишав јас се однесува лично за мене, познавајќи се каква сум доколку бидам изневерена не дај Боже неможам да простам никако, никако... можам да простам други работи, во една врска и во брак се случуваат секакви ситуации и може да се помине преку многу нешта, да се замижи пред нешто... но изневерување.... не.... ЉУБОВТА е есенцијалното нешто, ПРИЧИНА за двајца луѓе да се заедно во љубовна врска, секој трет е вишок... Јас не би можела да поднесам да ме допри тој човек, да живеам со него кога секој пат и постојано во главата ќе ми се врти тоа неверство, неможам да поднесам после тоа да изигрувам детектив постојано да барам доказ дека сеуште ме влечи за нос.... разбирам на што сакаш да ми укажеш, и да во право си, некои луѓе можат тоа да го простат но некои едноставно не... и ставрно незнам која е подобра варијанта...
А што е полошо? Да ве изневерат физички, значи кога нагонот е посилен од машкото, а се уште ве сака (демек) или да нема никаков физички контакт со трета личност, но да сака друга?
И да простиш нема да заборавиш. Па тоа секој ден ќе му го плескаш од нос. Па еден ден ќе му пукне филмот. И на крај ќе бидеш и изневерена и откачена.
Можеби си успеала 2 пати да го фатиш како те изневерува но 100 пати не си, и сеуште не успеваш да го фатиш зашто научил добро да се крие. Ах љубов љубов слепа ли си што ли си...Можеби и ти го изневеруваш па некако се надополнувате и сметате дека сте квит и дека тоа е нормално, можеби сега ви е нормално но утре кога ќе имате деца ќе ги трауматизирате секој ден, ќе им претставувате погрешна слика за животот и љубовта.
Па од двете лоши.... ни едното - ни другото.........и така и така ќе биди отсутен кога со тело кога со мислите.... заклучок -никое
не никако.. кога еднаш можел ќе може и уште еднаш и пак, и пак .. и само себе се омаловажуваш и понижуваш.. корист никаква..
Не би простила во никој случај. И он си знае, сум му кажала дека колку и да го сакам се би му простила ама неверство не... Кога сум во врска сум верна ама и барам верност. И малку ќе бидам оф топик, ама во овој поглед многу му верувам на дечко ми
Не! Нема потреба од изневерување, од една личност можеш апсолутно се да добиеш ако се потрудиш и ако заслужиш.