Се сложувам јас со ова. Еднаш простив, беше навистина многу болно но сега некако подобро е. Му дадов до знаење дека ако уште еднаш направи такво нешто, ние повеќе нема да постоиме. Се надевам деќа ќе си го одржи ветувањето онака како што треба, инаку нека му ја мисли.
Јас кога простив, по неколку месеци ме уби од варање. Вараниот последен дознава. Најчесто пак вараат.
Ме интересира....Кога веќе ве изневерил, ви прави ли разлика дали ќе ви признае тој или ќе дознаете сами?
Секоја сака да и признае. Ама тие до последно не признаваат. Инаку, нема разлика, зашто не признаваат 100 посто. Ама ти си знаеш за тоа. Болката е секако иста. Голема.
Dokolku nekoj izneveri ednas... mnogu e verojatno deka ke go napravi pak.. Dokolku covek stvarno se kae za toa sto go napravil ke zastane pred vas.. ke vi kaze sto se desilo i kako.. i ke ve moli da mu prostite pritoa kazuvajki vi kolku ve saka i vetuvajki vi da se popravi. Spored mene posle neverstvoto nema vistinska vrska bidejki sekoja vrska se gradi vrz doverba i prasanjeto e dali bi mozele da mu veruvate pak? good luck [mod-kirilica:10c5hrae][/mod-kirilica:10c5hrae]
Е јас со дечкото мој сум веќе пет години, може и повеќе. Уште на почеток, првата година имавме некои грешки,каде што ме изневери, и јас му простив. Веќе заедно живееме, и многу се грижи за мене, променет е во однесувањето и тоа на убаво. Но пред некој ден еден братучед кој шо не ми е многу близок ми кажа дека го видел како излегува од кафенето, со едно девојче. Е сега тоа девојче му е другарка и излегле за пушење цигара. Јас на ова изреагирав со паника, зашто мислам дека повторно почнува да се глупира дечко ми. Тој кутриот ме убедува дека пушеле цигари, дека имало и други луѓе надвор, а ја мислам само на лошо. Кажете ми што да правам, зашто не ми се за фрлање 5 год,а и овој период не ми е нешто на арно тргнато. Поздравче.....
И да и не, зависно од тоа што се случило. Ако врската во е расклимана и не оди се’ најдобро, па почнат караници и слични глупости, многу е веројатно еден од партнерите да потклекне, а во ретки случаи и двајцата. Ако се случи такво нешто, џабе плачење и кукање (иако се неизбежни), туку најубаво е да се разрешат проблемите со зрел разговор. Ако била слабост, навистина само слабост и се случила еднаш, сум ЗА да се прости. Ако се случи втор пат, тука веќе нема иднина. Многу би ми правело разлика. Многу повеќе би го почитувала кога тој сам би кажал, „се случи, вака и вака, не сакав да дознаваш од други или пак по 100 години“.
Немора да значи дека имал нешто со таа девојка, но самото тоа што те изневерил порано предизвикува да не можеш да му веруваш. Ти влева страв дека може пак да се случи. И може си во право... Ама никој неможе да потврди дали се случило тоа. Треба сама да знаеш, врз основа на вашиот однос и на тоа како тој се сменил, дали можеш да му веруваш овој пат. И да, важно е првиот пат кога те изневерил, дали ти признал, или криел. Зошто ако криел, можно е да се случува и тоа сега, макар што немора да значи... Сакам да кажам дека само сама можеш да сфатиш дали ја кажува вистината или лаже. Пет години сте заедно, ти би требало да го знаеш најдобро. Ако немаш други докази освен зборовите на братучед ти (кој ако не ти е толку близок, немора да значи дека е за верување... ако не ти е близок, како тој тебе ти мисли добро и толку се грижи за тебе, па ти кажува што се случило??? ), мораш да откриеш дали „излегувањето на цигара“ било само тоа. Размили па прави што ќе правиш..
Сум простила неверство... и што? не сум со тој човек...Но барем почуствував како е да сакаш, да те згази, да простиш. Сум простила лаги, сум замижала на многу работи и пак ке речам, не сум со тој човек, но благодарна сум му што ми даде шанса да искусам. Да знам што понатака несакам кај еден маж. Да знам дека љубовта не е некој да те повреди а ти да му простиш.Оној кој што те сакам нема НКОГАШ ама баш никогаш да напраи да страдаш и патиш.Моментално сум со таков прекрасен човек. Се е лекција. Во моментот кога мислиш дека си простил и дека си надминал нешто само се лажеш(барем кај мене е така). Свесен си дека кога тогаш ке го префрлиш тоа, дека ке настане поголема кавга и дека се што се крши нема лепење. Жени сме мајкуму, па која жена сака да се измачува себе си дека не едоволно добра за својот маж па тој отишол по друга? НИЕДНА... да не се лажеме, во афект било вака така.САМО НЕСИГУРЕН МАЖ ВО СЕБЕ, ЗА ДА СИ ЈА ДОКАЖЕ СВОЈАТА МАШКОСТ НА ТАКОВ МИЗЕРЕН НАЧИН ЈА ГАЗИ ЖЕНАТА ДО НЕГО. Не прифакам неверство а нити повторно би простила.И секако не би варала. Никогаш.... Нема да го праам тоа што несакам да ми го прават. Девојки има секогаш некој кој што целосно ке ви се посвети и ќе ве сака, и ќе бидете нај среќните жени на цел свет.
Јас зборував од женски аспект или подобро кажано од свое искуство.... маж подобро ќе може да ја окарактеризира женската неверност ...но истото важи и за жените... Гледајки ја емотивната страна на жената и кревкоста нејзина која што најдобро можеш да ја видиш на форумов можам да заклучам дека секоја жена сака верен добар и посветен маж. Зрела и реализирана жена не би изневерила.
Ми се чини ова е најтешкото прашање тука во љубовни врски! Сите ние викаме леле па не би простила неверство макар и да умрам!!!... Но има ситуации во животот кога не им одат во прилог на разделбата/разводот! Тука се вплетени години заеднички живот (независно долга врска, или брак) , деца( ако се работи за брак - пример), односи со фамилијата и многу други фактори! Колку се тоа влијае на нашата одлука за разделба? Дали тоа повеќе значи, од самите наши чувства и желба за спас од таквата врска! Има и такви личности кои без размислување би прекинале врска/брак, ставајќи ги своите чувства во 1 план! Но дали е тоа секогаш исправно така? Незнам! Но фактот што другата страна го направила тој подмолен чин на изневерување, останува незаборавен! Може да се опрости, но не и да се заборави! Секогаш како сенка ќе надвиснува над врската и ќе ствара конфликти ради недоверба! Колку и да се вистинити намерите за промена на тоа однесување секогаш постои сомнежот дека пак ќе се случи тоа! И пак НЕМИР И САМО НЕМИР! Затоа не можам да кажам ништо, ни да ни не! Едноставно на средина сум во поглед на ова прашање! Можеби би можела да опростам ама не и да заборавам, а како води таквиот живот, тоа не би си го посакала за себе ....
Зависи на кој.Ако тоа е направено од очај би можело ама според мене за неверство не треба да се опрости. ОД МЕНЕ ЕДНО НЕ!!!
Може да се прости и да се заборави и врската т.с бракот да продолжи поцврсто од било кога ако вистински се сака. Тое е само едно од многуте сценарија врз кое влијаат многу фактори, а како пресудни се сепак карактерите и намерите на партнерите. Луѓе сме, грешиме, не ни очекувам спротивно. Но очекувам секој со своите грешки достоинствено да се справи. Многу врски(пред се подолги), и бракови после долги години запаѓаат во криза. Не е дека годините поминати заедно си го прават своето, туку обврските кои се трупаат паралелно со нашето созревања. Потрагата по работа, после адаптирање во новата работна средина, живеењето заедно и плаќањето сметки, нов член во семејството и поставувањето нови приоритети истовремено....се си има директен или индиректен ефект на врската и бракот. Сите различно реагираат на промени, стрес. На жалост многу често врската помеѓу партнерите запаѓа во криза, се помалку зборуваат еден со друг, се поретко се интимни..и во таков момент на слабост ако може да го наречам, ќе се појави некој трет. Партнерот добива некоја илузија дека е подобро сватен, дека има некоја поврзаност со третото лице и оппп ќе направи беља. После совеста ќе проработи, ќе се освести што направил и следува големото прашање да се признае или не. Најчесто сваќаме колку сакаме некого во оној момент кога мислиме дека го губиме, тогаш и он/а ќе се освести дека го сака својот партнер/ка и дека не сака да го изгуби и се подготвени на се за да успее таа врска која била во криза. Човечки е ако се признае, и ги прими сите удари од партнерот, а овој расчисти првен самиот со себе дали може да прости и заборави, а врската т.с бракот може да биде поцврста и поуспешна од порано после неверство aко има доволно љубов, труд и желба за промени(сум била сведок) . Но оние детски префрлања секогаш кога ќе се спречкаат, и постојани контроли pls not. Се може доколку партнерите целосно ги отворат сите карти на масата, ги признаат своите грешки и вистински сакаат бракот да успее. Ќе се трудат малку повеќе, ќе работат на својата врска, односот еден со друг...и НИКОГАШ ВЕЌЕ НЕМА ДА ЗБОРАТ НА ТАА ТЕМА. Не секој го може тоа, али се може. Оние кои си терале афера со месеци, а не се ни потрудиле да си признаат и партнерот дознал на друг начин....не заслужуваат шанса. Шансата ја бараат само оти биле фатени, не оти првично сами би изразиле желба за истата. Врски помеѓу тинејџери...ич не вреди да се замараат со деца неизживеани. Чао пријатно Врски кои се пресни немаат основа за партнерот да се држи за заедничките спомени и обостраната љубов во обидот да се преболи сето тоа. Уште сега ако почнал, што можеш да очекуваш понатаму. Но најстрашно е да кажеш дека си му простил на партнерот а секој ден те јаде нешто внатре. Кога ниту си простил, ниту си заборавил, туку тоа си го рекол само од страв да не останеш сам, од срам што ќе речат другите... Кога секое негово излегување мислата каде е и што прави ти шета низ глава, кога сеуште му контролираш телефон....и мир немаш. Тогаш дефинитивно треба да му се признае на партнерот дека сеуште не сте расчистиле ниту сам со себе ниту со него и да дадете последен(ама вистински обид) да ги средите работите или да се помирите дека таа врска е пропадната и да заминете. Еден едноставен одговор нема.
и јас викав неверство никад нема да простам,попрво ми се обесила него да простам. Ама не е така и јас простив ама и мене ми простија па баш благодарение така да кажам на тие неверства врската ни стана поцврста и никогаш не ни било толку најубаво пупу да не се урочиме така да никогаш не викај никогаш,никад не знаеш со може да ни донесе животот...
Не би простила, никогаш. Сметам дека ако има некој проблем, треба да се реши заеднички, а не да се бара излез макар и за една вечер, некаде на страна. Ако веќе не оди, подобро е да се раскине, па после нека има сто други ако сака.
НЕ ,никогаш не би простила, мислам би проситла али пак заедно никогаш ,не треба да држиме гнев затоа би простила ,али заедно не. Зошто? Е тоа може само несигурен маж, да го направи, и кога дошло до тоа,значи немал доволно љубов пред се,а потоа почит,и не бе вратила ,тоа е понижување на сама себе,никогаш не сум изневерила,подобро раскини и кажи си што ти лежи на душа, отколку да се прави тоа
не сум изневерила никого и никогаш не би простила кога би ме изневериле. Зошто кога јас му давам се да бара во друга?? патем неможам да живеам со помислата дека некогаш допрел друга... ДЕФЕНИТИВНО ОГРОМНО НЕ!
некогаш човек треба да си стави прст на чело зошто дошло до сето тоа дали сум ја спричината за да му се подлегне на искушението доколку сметам дека нема причина не би простила а доколку мојот однос допринел до такво нешто не би но во секој случај тоа е болна работа и тешко се да биде исто после тоа