Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    491 глас(а)
    19,5%
  2. Не

    2.033 глас(а)
    80,5%
  1. MaTo

    MaTo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    20
    Видете сега, јас сум со дечко ми веќе 11месеци..тој е дете што никогаш не би имало срце да ме повреди, една моја солза за него е цел океан од солзи, но доколку се случи тој да ме изневери никогаш не би му опростила, затоа што се ќе пропадне во вода, сите ветувања, сите наши спомени, тој ќе уништи се.. Па се надевам нема да го стори тоа :)
     
  2. lale

    lale Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Последните неколку дена а можеби и недела-две имав некакво чувство некаква интуиција дека не е се како што треба, но тоа го занемарував го игнорирав цело време си велев не е тој таков да изневерува, не би ми се случило тоа на мене. Има два профили едниот го користи само тој а другиот е општ и го користат уште неколку некоги другари. Јас ги имав само пасс. на неговиот фб. но не и на другиот , но имав чувство дека нешто мати со тој профил, мили ми е што не го игнорирав и тоа чувство и го хакнаф профилот. Таму видов разговор со една како се договараат да се видат, на друга и кажува дека му се допага. Пораките беа шок за мене, веднаш му се јавив и му кажав дека знам за неговите разговори со таа девојка што се договараат да се видат, а тој ми вели дека дека нема поима што зборувам дека измислувам , дека претерувам и дека ке зборуваме кога ке си дојде, бидејки беше во друг град поради работата... Веднаш и се јавив на другарките и и кажав дека нема да одам на вечера со нив, но неможев да бидам воздржана и почнав да плачам, излегов со нив и им раскажав за се што дознав, а тие ми кажаа дека тој веке некое време ме изневерувал тие знаеле за тоа но неможеле и незнаеле како да ми кажат за тоа. Бидејки одевме веке 1 година и 1 месец и мошне често бевме заедно ,а јас му многу верував.тоа за мене беше како гром од ведро небо...цела вечер бев со другарките ме тешеа, очекував да ми се јави кога ке си дојде за да зборуваме, но не се јави. Јас си отидов дома во 1 ипол, и тој некаде во 2 часот ми звони и ми вели да зборуваме да се укл. на фб. се укл. му кажав по нешто од тоа но му реков дека повеке на фб нема потреба да зборуваме не е тоа разговор за на фб туку разговор во лице, му кажав да се видиме дента а тој почна да се вади дека незнае имал обврски, требало да оди кај дедо му со татко м. Сватив дека сака да го избегне разговорот, му го кажав тоа и му реков дека кога ке сака да разговараме нека каже. Јас сеуште не сум му рекла дека е крај на врската сеуште не сум сменила статус на фб сеуште сме во врска ставени... но чекам првен да разговараме се да му кажам во лице дека знам за тие 2 разговори, дека дознав оти ме има изневерено со уште неколку а со една или две од тие имал и односи. што мислите за овоа првен да разговарам со него, а потоа да сменам статус да ги избришам сите слики. Дури и размислувам да му ги вратам сите подароци. Кажете ми ваше мислење за овоа како би вие постапиле.Но толку многу го сакам што и покрај се што знам несакам да бидам таа шт ке рече крај, сакам тој сега кога ке се видеме да го каже тоа... а секако нема шанси да бидам со него ако не рече тој ке речам јас.

    Овоа ми е прва личност која сум ја сакала, прва врска која траеше 1 година и 1 месец. доколку имате некој совет да ми дадете за како побрзо да го пребродам оваа. како да се однесувам спрема него кажете ми ... Се надевам дека вашите совети и мислења многу ке ми помогнат
     
    На MaTo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. portokalova

    portokalova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    32
    Според мене, другарките требало веднаш да ти кажат кога дознале дека те изневерува. Мислам дека штом ова ти го направил, па дури и односи со некоја друга е многу сериозна работа и го открива неговиот карактер. Тој е таков и никогаш нема да се смени. Според мене да зборите сега, да ти се извини, да ти падне на коленици и да ти каже колку му е жал, колку се кае, да ти ветува дека никат нема да го направи повеќе тоа... ТИ ќе му простиш зашто го сакаш.... ВЕРУВАЈ дека ЌЕ ЗГРЕШИШ! Те сфаќам дека е премногу ова што ти се случило и верувам дека ти е претешко. Верувам дека си прекрасна девојка што не го заслужува ова. И знам дека го сакаш ПОВЕЌЕ од се на светот! Се гледа. И мислам дека штом не си ги избришала сликите, не си тргнала статус и се друго, ти имаш уште надеж дека ќе зборите, ЌЕ СЕ СМИРИТЕ и се ќе се среди. НЕМОЈ! Штом еднаш те изневерил, тој тоа повторно ќе го направи! ПАК И ПАК.... И неуморно ќе те повредува, а ти ќе бидеш уништена. Подобро на време ова да го прекинеш додека не е доцна да речам, додека уште повеќе не си се приврзала за него и додека не станале две години, три и повеќе години врска, нешто многу сериозно, како брак... Заслужуваш ти да трпиш вакви работи, А ДА МУ БИДЕШ ВЕРНА? Заслужува да се нервираш? Кај крив, кај му даваш шанса за муабет, па наоѓа и изговори уште... Немој да му простуваш, тргни ги сликите од фб, тргни го статусот, насмеј се дека си слободна и дека МИЛИОН УБАВИ ДЕЧКОВЦИ ЧЕКААТ НА ТЕБЕ ЛЕТОВО :) Сепак, збори си со него, кажи му ги сите работи што ти лежат на срце, посакај му се најубаво понатаму во животот, кажи му го тоа во лице, биди храбра и немој да заплачеш.

    Верувај ТОЈ не ти е принцот, :) некој друг многу ПОДОБАР за тебе, таму некаде те чека и те бара... А како ќе те најде ако ти уште се влечеш со некој што не те заслужува??? :worried:

    поздравче! Се надевам дека некако ќе ти помогнам со мојов совет :rofl: размисли си убаво и среќно што и да одлучиш да направиш!!!
     
    На marija16842 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MaTo

    MaTo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    20

    Девојче не се залажувај повеќе со него, штом еднаш го направил тоа ќе го направи пак, не уништувај си ја младоста со него, продолжи напред, животот е пред тебе не е еден и единствен, ќе најдеш подобар од него и ќе бидеш многу посреќна
     
  5. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Искрено верувам дека додека се работи само за врска (а не брак) неверството не би требало да се прости.. подобро е на време да се прекине, сепак ќе се најде некој што навистина би го ценел вашето присуство. Поготово ако е па уште на рана возраст тогаш па воопшто не ни размислувајте да простите.
    Но ако сте во брак и имате деца.. да сум јас во таква ситуација искрено и би размислила за да простам. Би свиткала опаш би простила, само за децата да растат во хармонична околина..
     
  6. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Кратко и јасно НЕ!!
    А и јас дечкото никогаш,ама баш никогаш (и сопруг кога ке имам :D ),освен ако сум пијана и незнам што правам,а за да простам и да сакам нема да можам.

    Подобро да ми каже дека веке не ме сака,дека сака да биде со друга,тогаш нека прави што сака и знам дека ке ми биде тешко,ама потешко е да те вара и лаже!
     
    На marija16842 и MaTo им се допаѓа ова.
  7. demilovato4ever

    demilovato4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    220
    Нема шанси ! Колку и да го сакам неможам да си го дозволам тоа , едноставно се чуствувам повредена и нервозна и тоа не ми дозволува :worried:
    Јас имав ваков проблем :(
     
  8. marija16842

    marija16842 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    NE zatoa sto ako ednas se drzne da te izneveri toa ke mu prerasne vo navika
     
  9. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    НЕ ! Затоа што за се што има прв пат верувајте ќе има и втор пат .
     
  10. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Нема шанси. Па дури и да му простам секогаш каде и да е ќе мислам дека ме вара , а врска без доверба ...
     
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Не.

    Ова е единствената работа која нема да му ја простам ако ја направи, и никогаш не би се осмелила да побарам да ми ја простат..
     
    На xxdolcevita му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kajafeminka

    Kajafeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    26
    А мислите дека има воопшто верно машко ???? Јас сум уверена дека не постои такво :(
     
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски

    Ауу, а зошто да нема. Денес женските се посклони да изневерат од машките :^)
     
  14. Kajafeminka

    Kajafeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    26

    Пааа од мое искуство точно дека жените се посклони да изневерат :) Ама и сум сигурна дека и не постои маж верен барем јас не сум запознала личност верна.Првин би тргнала од брат ми толку време беше во врска колку ја сакаше девојка му ја вараше и он незнае зошто ете така еве сега истото и во брак го прави истото само што јас молчам.................. Колку другари знам што ги сакаат девојките и пак има нешто што ги тера да изневерат а тоа најмногу се случува кога ние девојките ја претеруваме со испади и понашањето ова е само мое мислење бидејки не сум сретнала до сега таква личност :^)
     
  15. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    и8 јас го делам истото мислење,колку и да ја сака девојката пак ке се залета за друга и тоа за што ? за да си го направи кефот за една нок и утре пак злато дусо како д ане било ништо..хмм :envy: не ги разбирам машкиве
     
  16. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    3.308
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би простила! Никогаш нема да го изварам дечко ми, ама нема ни да простам неверство.
    Зошто нема никогаш да му верувам, а мислам дека довербата е еден од најбитните предуслови за успешна и хармонична врска.

    А за тоа дека сите машки изневеруваат, не се сложувам, може се ретки ама има верни мажи, знаат да го ценат тоа што го имаат покрај себе....
     
  17. Kajafeminka

    Kajafeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    26

    ај да речеме дека можеби ама само мошеби...А за довеба денеска дојде ден на никој да не му веруваш на пример денска му раскинав на дечко ми бидејки му е родеден и сокрил да не му се гледаат објавите од пријателите што му ги оставаат нели малце чудно значи нешто крие од мене.Го прашувам он се прави паметен вика ништо не сокрил а можеби тоа го направил некогаш и сега не памти али затоа денеска ке си го слави роденденот без мене ;) после 4 годишна врска
     
  18. Columbiana

    Columbiana Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Неверество дефинитивно не треба да се прости,без разлика како последица на која причина се случило(овде како најсмешна причина би го ставила пијанството),па тука се и досадата,желбата да се проба нешто ново итн.
    После неверство,врската никогаш нема да биде иста,довербата помеѓу партнерите ќе ја снема,а со тоа ќе ја снема и љубовта....
     
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Добро, ве читам и си мислам со умов, што туку правите поделба меѓу машки и женски, па кој повеќе бил верен, дрн, дрн.. |(

    [​IMG]

    Сите сме вакви одвнатре. Имаме срце и ум. Исполнети сме духовно на некој начин, сите до еден.
    А тоа не прави разлика во тоа кој е поспособен да изневери.
    Ајде ве молам, глупости.
    Машките поспособни да изневерат, а женските часни сестри. А? :geek:
     
    На UbavkaBube и babybelle им се допаѓа ова.
  20. viva.la.vida

    viva.la.vida Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Има неколку побитни работи за една врска од верноста според мене. Еве еден линк од кои 1,2,3,4 и 7 ми се многу поважни отколку верноста, а секако ако има друга ќе ми биде важно и 6
    http://www.crnobelo.com/zivot/ljubov-i-seks/11896-7-raboti-povazni-od-vernosta