Дали да се прости неверство? Да. Но тоа незначи да останете со личноста која ве изневерила. После неверство, без разлика кој изневерил врската нема да функционира така како што функционирала претходно.
Нема простување.Пред некој ден читав некоја преварена жена му го отсекла на својот маж...кхм...средството на преварата. Таквите мажи немат што да изгубат...освем ако имаат... Кога подобро размислам,некои и ако изгубат ,нема да биде голема штета ама сум злобна денеска
Некогаш на темава може имам пишано да ,да се прости но ако навистина се покае и се потруди на секој можен начин да ја поправи грешката но сега го променив мојот став околу ова прашање и гласи НЕ да не се прости неверство прашувате зошто ?Затоа што со самото тоа што го простуваме невертсвото даваме друга шанса за да се повтори истата грешка .Јас лично после се што сум доживеала па и не верувам дека таквите што изневеруваат имаат грижа на совест дека не изневериле и дека се каат и дека им е жал ако толку биле совесни немало да не изневерат без оглед на околности изговори од типот ама она ми се нудеше сама, пијан бев итн. ќе раскажуваме сега басни за мали деца епа срцко и на нас другиве што сме во врска ни се додворувале ама не сме се истрчале да изневериме билокакви изговори да ми се кажат нема да го оправдам неверството. Некаде низ мислењава на темава прочитав една феминка пишала дека ако биде изневерена грешката ќе ја бара во себе ,наводно тој би ја изневерил оти му фалело нешто со неа Спојлер (јас од почетокот на врската мислев дека не сум доволно добра за дечко ми ,си набив комплекси не сум убава ,не сум паметна ,немам добра финсниска состојба како него,немам добро семејство ...но затоа сега кога раскинав размислив малку подобро сфатив дека поради начинот на кој ме третирал тој јас сум се потценила себе си ,ја изгубив самопочитта, вистината за мене е дека не сум совршена но сум просечна нормална девојка која трага по нормално во денешно време,а денес тешко е да се најде нормален човек ,имам од се помалку но тоа ми е е доволно ,имам чисто срце и праведна душа) зборот ми беше душо ако го задржиш овој став верувај ќе си имаш проблем ти биди совршена ама ако дечкото не те почитува,не те сака или во најлош случај тој си е ѓубре во карактер тој пак ќе те изневери и верувај не е до тебе тогаш проблемот е во него што не го цени тоа што го има покрај себе .Не вреди за вакви луѓе товарот да го носиш на плеките и вината да си јапрефрлаш на себе си .
НЕ мојот одговор е не,не би му простила неверство во никој случај ако му простм тој ќе го направи тоа пак затоа што тој човек што изневерува си има таков карактер и нема да се смени никогаш значи штом еднаш го направил ќе се осуди пак било да бил пијан или тоа било за една вечер или со било какво оправдување и тоа според мене тој не ме сака доволно или воопшто не ме заслужува
неверството е навика. ако некој те изневери не е чудо да те изневери пак,тоа е едонставно начин на однесување. но прво добро распрашајте се,можеби и вие сте сватиле погрешно,можеби и го наклеветиле,јас не верувам во ништо додека не видам со свои очи. но и да е вистина би простила,јас можеби и сум наивна,ама би простила,воопшто не сум тврдоглава,ете искрено приѕнавам,хах јас сум во врска на далечина и како што велат,никогаш неможам да бидам сигурна што тој прави додека сме разделени,но тој ја има целата моја доверба и го сакам најмногу поздрав и бакнеж до сите вас,ве сакам иако не ве знам,хах
Секако дека НЕ би простила,тоа е незамисливо вината да ја барам во себе А и за џабе не е ставена божја заповед :НЕ ВРШИ ПРЕЉУБА
Јас никогаш не би простила неверство. Според мене мислам дека ако еднаш некој се осуди да те изневери ке го направи тоа пак, зошто па да не го направи исто е и со кревањето рака еднаш ако крене рака на тебе и ако му простиш ке го направи тоа и пак . така да никогаш не би простила неверство..
Можеби и би простила но никогаш повеќе нема да му верувам доволно. А да бидам во врска со некој на кој не му верувам неможам, нема смисла. Затоа неверство-НЕ.
Искрено можеби и ќе ме критикувате заради ваквиот став, но јас сум ЗА да се прости во некои случаеви. Сите правиме грешки и имаме моменти на слабости.Би простила доколку покајанието е очајно и доволно уверливо за да го направам тоа.И под услов да не е афера, да се случило само еднаш.Ако нештото се повторувало личноста свесно ги правела грешките, односно свесно ги повторувала. Можеби премногу сум кукавица да го напуштам мажот ми ( на пример ) по долги години среќен брак затоа што на некое патување запознал жена со која еднаш имал секс. Верувам во тоа дека луѓе сме и правиме грешки, глупави грешки за кои ќе ни суди нечија гордост и ќе бидеме казнети со вечна недоверба.Не вредело нели ??! Би простила неверство, со тоа нема да го охрабрам да го повтори затоа што наишол на лабаво.Ќе добие шанса која верувам со самото тоа што ја добил ќе научи да ја цени вредноста на истата.А ќе ја добие само ако вистински поверувам дека ја заслужува.
Строго кажувам НЕ! затоа што ако е задоволен од тебе нема да оди со други да те изневерува тоа е знак дека не те сака според мое мислење
Воопшто не се согласувам со тоа дека ако те изневери автоматски тоа значи дека не те сака. Сум сведочела на неверство во 9-10 годишна врска и рака во оган ставам дека иако ја изневери ја сака, двајцата ги знам исто толку колку што одат(да не должам премногу со детални објаснувања). Се случуваат грешки, секакви ситуации носи животот, секој може колку и да се воздржува, да попушти некогаш, но и да се покае. А таквите заслужуваат прошка. И јас кога бев помала работите така ги сваќав-црно бели, ама верувајте, има и нијанси во животот. Сега многу поинаку гледам на некои работи. И да, би простила, но тоа зависи од многу други работи...
Незнам за другите, но јас никогаш не би простила неверство ама БАШ НИКОГАШ, тоа неможам да го пребродам ма колку и да го сакам ке го заборавам, ке најдам некој којшто ке ме почитува и цени бидејки ако ме почитувал немало да го стори тоа
Прво расчисти со оној со кој си, па потоа продолжи натаму да правиш што сакаш и како сакаш!. Бракот/врската по неверството е како вазна која се испокршила на најситни парчиња па потоа некој земал и ја составил пак, но, таму секогаш ќе фали некое ситно делче. Така и во бракот, никогаш повеќе нема да биде ист, и секогаш меѓу вас ке лебди она чувство на повреденост, омаловаженост, недоверба... Не, не би можела да простам неверство и тотално би разбрала кога тој мене не би ми го простил ако јас сум таа што ке изневери. (Пу, пу... скраја да е!)
Еднаш ако му опростиш,тој и понатака ќе те изневерува цело време.Тој што изневерува,тоа му е завист и неможе без тоа.А во денешно време не се ни женските ништо подобри за тоа.Се прават цело време дека се подобри од машките,а уствари се исти како машките.Луѓето сакаат да изневеруваат а ти да не ги изневеруваш.
Нема никогаш да простам неверство! Пред се со парнерот градам однос на искреност и доверба. Значи сум кажала милион пати, ако има некоја на која и го имаш меракот, кажи ми, така ќе те разберам повеќе! Не сакам ќутни бутни. Или на крај краева постои крај на врска ако друга ти е поинтересна. А да не правам муабет ако е тоа неверство без чувства за една вечер. Коса ми се крева кога ќе помислам! Ма добро бре, добивам впечаток дека се што има дупка и цицки е интересно за една вечер т.е. знам дека е интересно, разбирам, ама за single момци, а за зафатените ако ви треба адреналин пробајте банџи џампинг! А за девојки што изневеруваат, па тоа ич не го разбирам... Јас никогаш не сум изневерила, никогаш! И никогаш нема да си дозволам такво нешто. Можеби го сакам премногу, ама да дознаам дека ме изневерил, нема да му го исечам, ама има 3 сукала да искршам од него
Јас не сакам неверство, ниту сакам да ме изневеруваат ниту изневерувам.. мислам дека доколку си одлучил да бидеш со некого треба да го почитуваш. така да и јас мислам дека не би простила неверство!
И да му простам никогаш нема да заборавам, иако многу фактори играат улога во донесувањето на таква одлука. Јас сум многу инает и тврдоглава и според тоа и да простам на ист или друг начин сигурно ке му го извадам низ нос тоа