Сите ние размислуваме различно. Тоа е нормално секој човек е приказна само за себе.Но неверството не е ништо ново,луѓето не се рагаат моногамни. Барем според мене. Има една стара изрека вели НЕ НАКАПАВЕЛ СИ. Што би требало да значи недај боже да доживееш, или не си влегол во моите чевли. Не постои жена која ке признае дека во животот на нејзиниот човек постои некоја друга. Не зборувам за врските на децата каде, се е денес сме, утре не.Зборам за оние врски каде веке си изградил свое јас кое е поврзано со животот на оној другиот. Тоа е кула од карти од која треба , ако веке си решил да рушиш да ја извадиш картата што е на врвот а не онаа што преставува основа и се наоѓа на дното. Ако веке живееш со неверството, навечер ке легнувате тројца, наурто ке се будите тројца, а натрапникот ке биде секогаш присутен за тој што само мисли дека простил. Секогаш ке постои вечното прашање-Што има повеке натрапникот од мене.
Ако тој вистински ме сакат,немат да ме изневери. Така да нема да простам. Е сега ако застанит на колена да ме молит и да кажит дека се покајал за тоа што го направил,можеби би му простила.
Имам поминато нешто вакво на своја кожа и дефинитивно сфатив дека нема само црно и бело во животот... има и нијанси помеѓу.
Точно е дека светот не е само црно и бело но јас сакам да ми одговориш на едно прашање. ... вака да го започнам како една приказна дека ти имаш дечко и вие излегувате 5 години, уште малку па и двајцата планирате да се земите и целиот живот да го живеете заедно, имаш многу многу доверба во него ниту еднаш тој тебе не те изневерил спијал со некоја колешка, дали би му простила ако дознаеш дека тој те изневерил една вечер кога ти си имала многу за учење поради утрешниот испит ?
Иам едно прашање: дали би верувале на човек кој гордо кажува дека ја изварал својата бивша девојка (зошто мн слабо се глеале и не се замарала за него) и човек кој ве излажал за многу битна работа (можеби зашто не сакал да ги комплицира работите, но небитно сепак тоа било лага)... Сепак тој ми се колне дека не напраил ништо со една и дека мене никад не би ме изварал. Ја мислам дека се тоа паѓа у вода, поради неговите прошли постапки, нели? Иначе не би простила неверство, а и не би очекувала дека такво нешто на мене ќе ми биде простено. Сепак ако сакаш некого вистински, мислам дека не би можело да бидеш со друг. Е сеа доколку не го сакаш, тоа е веќе нешто друго...
Во врска со болдираното - едно ќе кажам. Каде и да одиме минатото го носиме со себе. Во тебе секогаш ќе постои доза на неверување токму поради неговите претходни постапки. И ако сега ти ја кажува вистината, сеедно. Она што го направил во минатото ќе те тера да не му веруваш потполно и во целост, без разлика за што се работи, макар и за најмала ситница. Во некоја си слична ситуација сум и јас, ама кај мене не се работи за варање бивши, туку криеше од мене некои работи кои на крај секако сама ги открив. И сега ми се вади со тоа дека времето не може да го врати назад и да ги поправи тие негови постапки. Вели - што било поминало. Да точно е, што било поминало, ама тоа не се случувало пред мене, туку додека беше со мене. И уште сме заедно. Простив на некој начин, ама не целосно. Уште ми се провлекува таа доза на неверување и сомнеж, иако помина скоро една година. Простив во смисла дека останав со него, ама лагите не ги простив. И мислам дека нема да успеам да ги простам целосно. Секогаш ќе ми ја горат душата. Барем да ми кажеше - извини, згрешив. Можеби и немаше да биде така.
Сеедно, еве мене ми кажа „извини, згрешив“, ама врската продолжи да се распаѓа. Може ќе се пронајдеш и моево. Еве у кратки црти зашто колку сега и sвезди да симнува не му верувам. Кога почнавме да идеме, он постојано се слушаше со една колешка од работа која се разведуваше и имаше дете. Така помина месец и пол и јас не викав ништо бидејќи му беше другарка, додека еден ден таа не се јави и не спушти. Го прашав милион пати да не имал нешто со неа, го натерав да и се јави и да дознае што е работата и „дозна“ дека она била вљубена у него. Она го избриша од фб, престана да се јавува, ама тоа траеше 2-3 дена. Он ме уверуваше дека поим нема од кај сега она вљубена у него, додека еден ден не ми призна дека имал спиено со неа у минатото. Го прашав милион пати пред тоа и ме лажеше. Ама она продужи да се јавува, а он ништо да не превзема околу тоа. Почна да ме провоцира на фб и работата пукна, му реков да и каже да не се јавуе веќе и тоа пред мене. Он тоа и го кажа, но и рече „Имам забрана Ана да не ми се јавууваш повеќе“. После тоа, веќе ништо не е исто и не можам да му верувам. Башка имаше уште милион мали други работи кои ме натераа да мислам дека ме има изварано со неа и дека не можеше да најде доволно начини за да се искупи. Но за жал, за ништо од тоа не можам да бидам сигурна. Ако знае некој од вас некој хакер слободно нека пише. Он има избришано секакви пораки од фб со неа, али кај неа сигурно има останато нешто...
Зошто сакаш да најдиш докази? За да му се скараш со чисто срце и без грижа на совест? Па ти уште сега можеш да го оставиш (јас така лично би направила). Сакаш ли цел живот да го поминеш во недоверба, проверки, следења, нервози (лични, него к*р го боли), газење на достоинство, уништување на духот? Не постои веќе никаква поента кога во врската ќе влезат лагите....и ова го велам како личност што ЛАЖЕЛА (не за неверство, за други работи), затоа што знам дека тоа сум го направила кога другата страна ми била скоро и небитна и врската веќе сум почнала да ја фрлам низ брдо. Сето тоа што следело („Ќе ти простам оти многу те сакам“) мене не ми претставуваше шанса на нов почеток, туку тежина и бреме кое едвај чекав да го тргнам од мене....со тоа ме правеше само повеќе да го мразам и непочитувам заради немањето самодоверба. Размисли си дали вреди да се омаловажуваш со небитни работи. Остави и` го, сигурна сум 100% дека нема да го сака (или тој неа), ама тебе не ти е битно тоа, очи нека си вадат после тебе
Ова. Работата е дојдена до врвка безброј пати. Секој пат јас имам грижа на совест бидејќи тој направи да мислам дека цел живот му се врти околу мене. Многу себична работа, ама јас паѓам на неа секој пат и не можам да ставам крај. Помина доста време од последната случка, веќе три месеци, таа веќе не се јавува, колку што знам јас, но кај мене ништо не се смени. Мислев дека ќе можам да поминам преку тоа, но не беше така. До пред некое време барав причини, имаше многу за крај но сепак не беа доволни. Сеа веќе не барам, но Ана секогаш ќе остане едно големо двоумење. И ако дознаам нешто повеќе за неа, ќе ми биде многу лесно да завршам со се'.
Јас имам простено.Тој мене еднаш,јас него еднаш - чиста сметка,долга љубов. Тоа беше пред 2ипол години и од тогаш немаме кикс направено иако довербата едвај си ја поправивме,многу тешки маки си имавме.Јас? Искрено - простив ама да заборавам,слабо.Сеуште и го манијачам профилот на типката и си викам ГОСПОДЕ,ПРОСТИ МУ НЕЗНАЕЛ ШТО ПРАВЕЛ - луѓе незнаете каква е грозна,искрено! Спојлер плус,ме радува тоа што било без емоции туку одмазда и девојката е тешка к*рва,ама во вистинска смисла на зборот - бегање од дома за секс со постари,секс со секој што го познава дури и го пратив другар ми да ја тестира и сакала да му даде истата вечер Нема врска во секој случај,за да се прости неверство треба да се има голема сила и воља и доверба во партнерот дека нема тоа да се повтори.НЕ го оправдувајте,само разберете го од Х причини.
Така мислиш само дека ако дознаеш повеке, полесно ќе биде да завршиш со се. Нема да биде полесно, само потешко ќе ти биде. Ти веќе знаеш што било, само работата е да не дозволиш понатаму нешто да се случува. А ако пак се случи, бегај од таа врска. Од искуство. Ова беше до Цринкле
Е ова е веќе друга работа. Во претходниот пост мислев на постапки кои ги правел пред да биде со тебе, ама штом дотичната продолжила да му се јавува, а тој не сакал да превземе ништо во врска со тоа, тогаш добро размисли дали вреди да бидеш со него. А велиш дека не е само тоа, дека постојат и други работи кои те тераат да мислиш дека те изневерил. Тешко е кога се сомневаш во нешто, а немаш докази. Ако мислиш дека ќе ти биде подобро и ќе ти олесни, биди упорна и барај ги тие докази. Ама немој да потклекнуваш. Немај грижа на совест!!! Можеби токму поради вината тој ја префрла топката на тебе. Нападот е најдобра одбрана нели? И многу се нервирам кога некоја има слични проблеми, а другите веднаш ќе ја нападнат со мислења од типот на: Откачи го, што чекаш уште? Мислиш дека се само колеги? Другари? Раскини му, не те заслужува? Не така!!! Никоја од нас не е целосно упатена во проблемот и не е компетентна да дава инструкции. Едно е да дадеш совет, да помогнеш, а друго да нападнеш (можеби и мене ќе ме нападнат за овој мој став, ама како и да е). Еве ти предлог од мене: земи лист хартија и запиши ги сите позитивни и негативни работи за врската. Кои ќе надвладеат? Самата ќе го знаеш одговорот и самата ќе одлучиш што понатаму. Ти најдобро знаеш со што се соочуваш. И да, ако најдеш доказ ќе ти биде тешко. Ама барем ќе бидеш на чисто. Ќе ја знаеш вистината. Поздрав и секое добро
Би простила неверство ако не е со најдобра другарка или трезен ако е. Со најдобра другарка ако ме изневери, ни неа ни него нема да им простам. Ќе си го продолжам животот како да не постоеле, се ќе заборавам, бидејќи - сепак пријателството ми е пред се. Можеби некогаш ќе се скарам, но знам дека пријателките се тука за мене. Ако трезен ме изневери, при свест, да знае што прави - нема да му простам. Знаел дека ќе ме повреди, дека ќе се случи нешто и сепак го прифатил предизвикот од другата страна. Не сум таков тип да вратам со иста мера, но нема да простам па ако треба на умирачка нека е. Но, доколку ме изневери пијан, не при свест, незнае што се случува, би му простила. На секого може да му се случи при голема количина на алхохол. Да не се повтори само. Не би му простила за ништо на светот ако ме изневери со машко, дури може да се погрижам да му се случуваат најлоши работи од тој момент па натаму !
.....DA SE ''PROSTI'' E MNOGU TESKO , MOZEBI KE PRODOLZITE ZAEDNO AMA DOVERBATA NIKOGAS NEMA DA BIDE ISTA I STALNO TOA KE VI BIDE VO UMOT , VI KAZUVAM OD ISKUSTVO , I NAJDLABOKO OD SRCETO SE KAAM STO MU PROSTIV , ZATOA STO TOJ STO IZNEVERIL EDNAS , NEMA MNOGU DA MISLI ZA TOA DA GO STORI POVTORNO I POVTORNO.....
Кажав дека дали би му простила би зависело од многу работи, од самата ситуација како дошло до изневерувањето, од тоа дали му се случило за прв пат, па дали ќе се покае и ќе се труди да му простам... колку време сме биле заедно и како се покажал како човек тоа време... зависи тоа од многу работи... и добрите и поштени луѓе прават грешки...не тврдам деке ќе простам но не ни тврдам дека не би простила, бидејќи не може никој да знае во моментот како ќе се носи со ситуацијата.
Е за ова се расправам цел живот, пијан бил не знаел што прави, како да не! Луѓе не паѓајте на вакви мизерни лаги, колку и да си пијан во моментот знаеш многу убаво што правиш, другиот ден можеби нема да се сеќаваш ама во моментот знаеш. Сум била пијана и тогаш едноставно си расположен и ти се врти, едвај одиш и зборуваш ама знаеш и кај си и со кој си и што правиш. Ако дотолку се испијаниш да не си при свест, тогаш не ни можеш да изневериш.
Баш така. Јас кога сум пијана се приметив дека сум уште поверна, т.е. меѓу сите тие околу мене го барам тој што ми значи нешто, и со другите можам да бидам само пријателски настроена , а ако ми се пуштат и дрско ги откачувам... Едноставно кога си пијан, се однесуваш онака како што се осеќаш. Па сега, кој на што е склон. И пијан кога е треба јас да му поминам низ мислите! Всушност , не ни размислувам често на оваа тема, зашто знам дека мн би ме извадило од такт... Сакам , но не можам да простам..... Само ако осетам.... Тогаш не мора да бидам пијана. Од гнев ќе му се дадам на првиот добар тип на кој ќе налетам, и после ќе му раскажам на него, за да види како е...... А после тоа се знае што иде.. Крај.
Хмм, не би да те судам, но со тоа што ти си го направила (што си му вратила), си покажала дека вие двајца си се заслужувате и дека не си ништо подобра од него и дека не ти значи детето нешо повеќе од на него. Уште и Господ го спомнуваш...ццц, тешко си на детето, се чудам од кого ќе учи за морал и бранење на вистинските вредности... А вие мажите што викате дека се огорчени и лоши тие што не простуваат, aко некогаш доживеете да си ја видите саканата како со некое баце се спрема за на коњски трки, не верувам дека вака ќе размислувате.