gi citiram svoite zborovi...stojam zad seto toa sto go kazav...decko so koj sum 5god zaedno koj bese najcuvstvitelnoto i najdobroto sustestvo za mene doznav deka me izneveril,se smuvl so nekoja....mu raskinav..nemoev da pominam preku toa da ne me pocituva ..dodje me molese se kaese iskreno razgovarase so majakmi memolese damu prostam deka napravil glupost deka en razmislil deka se kae i deka nikogas vise vo zivotot nema da me povredi samo ako mu prostam(bil na svadba se podnapil i se smuval so taa nekoja.).znam deka enmu znaci i deka se kae ...ama kako da pominam preku toa sto me povredi i sto enme pocituvase....sto da pravm...go sakav najveke na cel svet sega sum povredena..neznam sto cuvstvuvam...tesko mi ebez nego..ama zosto vredi li..dase prosti ili ne...
jas mislam deka nekogas vistina vredi da se prosti zatoa sto site sme lugje i pravime greski vo zivotot .... jas iskreno bi prostila zatoa sto znam deka me saka i go sakam a i nma da dozvolam zaradi nekoja nz koja za si ja raskinam vrskata koja sum ja sozdala zatoa sto znam deka ke se kae za seto toa sto se slucilo . pa neli site ucime na sopstvenite greski toa e toa... site gresime na nekoj nacin... sekako deka ke bidam povredena no zivotot ide dajle ... no ako se sluci pak da me izneveri togas nz dali ke prostam zatoa sto ke prodolzi toa da go pravi ...
Ако ме сака и ако е задоволен со мене и со она што го има со мене не гледам зошто би ме изневерил. Ако не е задоволен или не ме сака повеќе или пак има некаков план да се мува со некоја или слично поарно да ми каже и ќе знам што е работава отколку да ме изневерува. А, ако не дај Боже, ме изневери не би му простила и би му раскинала
Простување на неверство??? НЕМА ШАНСИ!!!! Па јас едвај простив една мала лага а камо ли неверство! Ај тој ќе ме изневери, значи не ме почитувал! Ама јас да му простам па самата да ја изгубам самопочитта? НИКОГАШ!!!
Ниту сум изневерила до сега, ниту сакам, ниту пак помислувам да изневерам, а за простувањето-НИКОГАШ не би простила!!! Како што имаше напишано во постот погоре, тоа е само непочитување на личноста! Не прави никому тоа што не сакаш да ти го направи тебе, така се вели, нели?
Ниту јас не би простила неверство...да сите правиме грешки ,,но таа грешка е премногу голема за да се опрости..дури и даопростиш ти нема да заборавиш/.. а ако некој те сака тоа нема да го стори сигурно, без разлика на кое место е и во какви услови тој би се замислил што прави..и совеста не би му го дозволила тоа.. според мене кај што има неверство нема вистинска љубов..
Требало да напишеш твое мислење дали да се прости или не Инаку,според мене неверството е нешто најдолно што може да направи девојка или момче.Значи ако си решил да имаш врска со еден човек остани на зборот и остани со него.Ако сакаш да идеш со други подобро остави го тој.Глупаво е да си со двајца или повеќе во исто време,нели?Значи според мене никако не е оправдано и не треба да се прости неверство.Тоа е работа која никогаш не би му ја простила на некого колку и да го сакам.
Простив,ама не заборавив тоа е како сенка што ме демне насекаде со извинување и кога одам по вц,некогаш се замислувам дали вреди што простував или не,дали вреди да се даде таа жртва за некој што сакал да си прави кеф со други,вистинските луѓе не ги повредуваат личностите што ги сакаат напротив тие ги чуваат,негуваат баш како мајка ми што мене ме одгледала баш како што јас истрајав и не изневерив никогаш И најчесто се запрашувам дали е тоа што јас го заслужувам дали јас заслужив да бидам сменета за некоја друга?
Само еднаш и тоа ако навистина го сакаш и си сигирна дека нема да се повтори, а ако недај боже се повтори, еее тогаш чао за секогаш. Барем јас. Нема да дозволам некој да си игра со мене и уште да си мисли дека може кога сака да ме вара а јас ќе му простам. Епа жал ми е ама неможе тоа така!
Зависи со која би ме изневерил. Ако ме изневери со бившата, ќе оди по ѓаволите и веќе нема да се врати од таму. А ако е некоја протуѓарка од којзнае каде би простила, затоа што тоа е во човечката природа. Луѓето се такви и треба да се помириме со тоа.
Никогаш!!!!!!! А вака искрено меѓу нас кажано јас сум изневерила. Ама уште поискрено, ИЧ не ми е гајле! Си ја имам научено таа лекција дека никој не е вреден за нервози па сега си терам само по свое!
Во никој случај не би простила... Но не би ни изневерила... Подобро расчисти ја работата и потоа биди со друг отколку да изневеруваш
Jas mu prostiv.. pak bevme vo vrska, no taa vrska ne bese vrska toa bese izmacuvanje. Ednostavno celo vreme mu povtoruvav za toa.. i jas se izmacuvav uste poveke i toj go izmacuvav... zatoa spored mene e najdobro da ne se prosti !!!
Уф, не знам. Се' зависи од човекот, околностите, чувствата. Може да расипе се', но на некој начин може и да ве зближи и да ја потврди љубовта. Има различни ситуации. Инаку , некој спомена дека во човековата природа е да изневерува и да прави грешки. Се согласувам потполно, никој не е безгрешен , ниту совршен.
Да, простив но никогаш нема да заборавам . Сеуште сум со дечкото имаме врска од 5 и пол месеци од кој последниот месец ни е најубавиот ...имавме многу недоразбирања и ме изневери со бившата девојка, ми беше многу тешко и не му го простив само тоа туку и ред други работи, премногу се трудев и премногу си дозволив во врска со него , си ја прегазив гордоста .. ама тоа е и јасно затоа што гордоста не е оружје кое се употребува во љубовта ... до пред еден месец мислам дека него се му беше зафрканција , но сега се е во ред ... Да не зарекнам но се е прекрасно ... не знам дали постапив добро со тоа што му простив но се потрудив доволно за тој сега да се однесува со мене како што треба ...
Незнам, со било која да ме изневери би му простила, но со бившата?!?!? НИКОГАШ! Толку е тоа понижувачки за мене посебно затоа што ја знам одамна и ја мразам од дното на душата.