Јас никогаш не би простила такво нешто.Мислам дека кога си со еден,со еден треба да бидеш,а не да го изневеруваш со кој стигнеш .. Нели ??
Идев со дечко ми година дена и пред неколку дена дознав дека втората недела ме изварал и сеа се договоривме една недела да бидеме на пауза. Искрено се кае и мн жалел за тоа милион ппати ми се извини и ми кажа дека ме сака али мене не ми е сеедно зашто ептен се приврзавме оваа година и буквално заедно живеевме или е он кај мене или јас кај него. Сеа ств не знам дали да му простам или да си продолжам со животот иако ми е мн тешко... ?
Да те изневерил пред три четири месеци и да размислуваш ок, јас верувај сум најмногу против неверството, за мене тоа е самиот крај, ама, види реално, втора недела, пре пре пре рано било, ти за една година види што се си постигнала со него, не вреди да расипеш се за една глупост што се случило еднаш,и тоа втората недела, на 7 8 ден после вашата врска... Ти го знаеш најдобро и ти размисли си, ако мислиш дека можиш да поминиш покрај тоа, мој совет ти е да поминиш, пошто сега е тој друг човек, твој човек, и секако дека се кае Знае сега после се што злато има до него, така да не е лесна одлуката.
Бидејќи се изглупирав еднаш (како што напишав во еден друг пост), би простила доколку дознаам дека дечкоми бил неверен кон мене.
Не, ако веќе еднаш ме варал секогаш ќе има и втор пат. Со тоа ја изневерил и мојата доверба и мојата љубов. Си имам и јас своја гордост а таков неверен не ми е потребен.
А што кога се сомневате дека ве изневерил, а немате цврст доказ, само некои муабети? Како би си помогнале? Што би направиле?
ааа па тоа е завист.или секогаш ќе те вара или ниту еднаш.не постои случај каде што само еднаш се случува тоа.
А зашто првиот пат би простил? Зашто тогаш не и вториот? Или даваш една шанса гратис,да те прави будала пред другите?
Знам дека секој би помислил на неверство, и јас мислам така, ама длабоко во себе се надевам дека грешам.Одиме 5 ипол години. Имавме совршена врска,без кавги, без љубомора, многу љубов, планиравме и брак, абе како во бајка. Пред некој ден случајно му најдов слики на е-маил кој и ги пракал на некоја типка, исто и од неа слики што му ги пратила него.Кога го прашав која е прво се збуни, почна да лаже, па после пријателка, вака така... на крај испадна дека ја запознал на курс по англиски, и од тогаш си се гледаат, си пишуваат, ама се било пријателски.Тој инаку е од друг град. А ми имаше кажано дека бил збунет, го "пукале бедови", а сега поврзав дека тоа е од кога ја запознал типката. По сето ова, мислам дека има нешто што крие, всушност и се е јасно, само што не признава.И сега му е лошо што ни ја уништи врската, се извинува.. Не можам да му простам, ме лажеше и неможам да му верувам.Ми го скрши срцето, ме уништи.Не можам да прифатам да го загубам поради друга.
Не би простила никогаш затоа што сметам дека ако веќе двајца решиле да бидат во врска тоа е затоа што си се доволни еден на друг,но ми се има десено да дојдам во искушение јас да изневерам.Среќа некако ми се смирија хормоните....
Изневерена сум и што да правам се изгубив имам две деца неможам да простам срцето не сака ама да го оставам не сакам да и пуштам место на дотичната да ги исполни желбите не никогаш незнам после толку години во овој брак да ми се случи ова никогаш не помислив. Секое мислење ми добродојдено девојки назнам изгубена сум веке не знам ни што да правам.
Не се согласувам со тебе. Доколку некој вистински сакаш, и не можеш да си го замислиш животот без него, ќе преминеш преку се! Секако само еднаш се простува, за повеќе пати да простиш, треба да си стварно безнадежна личност
Баш ми е жал zarah123 Но штом имаш деца, ти треба да се бориш за нив, гордоста овде не вреди ништо, заради нив треба да си го спасиш бракот, секако доколку ова изневерување не е секојдневно. Ја сепак мислам дека еднаш се простува на некој што толку многу го сакаш, а и не си сама, позади тебе имаш дечиња. Разговарај со него Затоа што првиот пат простуваш за да ја спасиш врската, за да не бидеш толку суров, сепак луѓе сме. Ама ако ништо не се смени со тоа, ако не ја цени твојата добрина, секако дека нема втор пат да простиш. Според мене, мислам дека секој треба да има втора шанса, но трета никако