Сега со овој памет не би простила. Со неверството тој покажува непочит спрема девојката/жената сеедно. После ништо не може да биде исто од причина што веднаш се губи довербата, а врска без доверба како? Со нервози, плачење и карање? Подобро веднаш да се прекине, штом дошло до неверство нешто не е во ред во врската. Сеедно што сега нет страниците пишуваат дека до неверство доаѓа и во искрено совршена врска, не можат да ме убедат. Сигурно нешто фали или партнерот не знае што сака и не е сигурен во љубовта кон партнерката.
Site nie zenski imame oset koga sprotivnata strana zabeguva i zatoa na vreme ako ne se spreci potoa tesko i da se leci.Ama neverstvo NE,definitivno podobro cao prijatno i prai so sakas nego da se glumi ludilo.
делумно ги прочитав вашите мислења и гледам дека повеќето не би простиле, што сте во право. но луѓе мои се се случува со причина верувајте....се гледав со дете повеќе од пола година, се родија чувства, се засакавме, но една ноќ тој пред мои очи знаејќи дека сум таму во еден бар, пијан нема до каде, флертуваше со девојка,се бакнуваа,многу гадно,долно и бедно, ме боли. јас се налутив многу и таа вечер се скаравме, на другиот ден разговаравме и бараше време да размисли што сака, му реков, или јас - да бидеме пар како што треба, или да си тера филмот со други, после два дена тој размисли ми рече дека ме сака многу, тоа го сфатил и сега сме дечко и девојка. е ајде да видам вие како размислувате за ова...што би направиле?
Јас ова не би го простила.Секој треба да размислува за своите постапки.Секој може да се напие и да не знае што прави, и "по грешка" или "несакајќи" да го направи тоа.Ама кога си во врска,има некои работи кои треба да се запазат.Никој нема право да гази нечие достоинство. И мене лично ова да ми се деси,може колку сака да се кае и да ме моли,ама не би простила.
или на врската и фали нешто...........или на личноста која изневерува......значи нешто фали освен ако секако претходно партнерите не се договориле на open relationship (што мене ми е малку несфатливо...ама секој си знае)
Јас мислам дека не би требало да се прости. Ако јас никогаш не сум изварала зашто он да го напраи тоа... Јас простив неверство (се десило на почетокот 2 недела и тогаш не ме ни сакал) али после тоа душата му ја извадив да не му текне никогаш повеќе ...
Што се смета за неверство е првото прашање. Ако е едно лапање... голема работа. Можам да простам. Ама ако е секс, дефинитивно не е мојот одговор. Ама едно е прашањето дали треба да се прости, а сосема друго е дали човек може да прости. Јас лично, не можам. Не можам органски да го сварам тоа, да се помирам со тоа.... А интересно, знам пар што оди со години веќе и не би се изненадил и ако се земат уште некоја година, а двајцата имаат изневерено. И знаат и двајцата, не е некоја тајна. И ок се во врска со сето тоа, си простиле. Колку луѓе, толку карактери
Воопшто не е важно дал се работи за секс, мување, дал пуштиле јазик или не. Чинот е сторен. Колку далеку отишле воопшто не е важно. Ако можеш да простиш едно лапање, прости му и секс. Може само два пати Spoiler и‘ го пикнал?
Дефинитивно не би простила неверство никогаш...веќе две години сме во врска го сакам стварно ама ако ме изневери никогаш не би му простила без разлика дали било само мување или имало нешто повеќе!
Пред 4години бев во ситуација кога бившиот ме изневери после 3години прекрасна хармонична врска, а зошто тој го направи тоа и ден денеска незнам и не ме интересира. Ниту му простив, ниту пак некогаш ќе простам неверство па колку и да е убава врската, колку и да сум заљубена нема да дозволам некој да ме понижува. Можеби да не го фатев на дело со друга во кревет, можеби и ќе сум му простила којзнае. Али кога сето тоа го видов со свои очи, кога видов со која и каква ме изневери, заради која прокоцка 3години врска, ма нее нема шанси да простам такво нешто
Ама знаеш како оди онаа...„трезен мисли, пијан прави“...по мое, навистина да те почитувал никогаш немало да си дозволи да го видиш во такво издание. Можеби сега се` ви е супер и нека ви биде и во иднина штом веќе сте решиле да поминете преку тоа, ама никогаш не му го „оправдувај изостанокот“ на машко само затоа што бил пијан. Размисли дали кога случајот би бил обратен, тој би ти простил...и ве молам...без тие муабети „ама женското е друго“. После самите сме си криви затоа што некои не` дискриминираат, никој друг, ни Јанко, ни Петко, ни Станко... mila25ve, ти ја поздравувам одлуката и постапката...па каква е таа љубов кога нема почит...
Ако те сака - не може да те изневери. Нема ни да помисли. Каде нема љубов, барем малку - може да те изневери.
Јас никогаш не би простила неверство,макар што тоа може да биде предизвикано од друга девојка а тој демек да се покаже прифаќа но и во тој случај не би простила...Секој има чуства но кога моите ќе бидат подгазени од личноста која велела дека ме сака па макар и да ме сака би го пуштила да оди по ѓаволите
Јас сум изневерила, и простено ми е, затоа што дечко ми знаеше како ќе помине сето тоа, и стварно така беше, навистина беше во право кога ми велеше СЕ Е ПРОЛАЗНО. И што ако го изневерив, ме копкало за некој, и после 1 месец ми помина, си го сакам дечко ми ко порано. Грешка голема на брзање, али сум му благодарна што ми прости, и го оправдувам простеното. Лично не би простила, незнам...
епа неа ќе ја боли ако ја изневерат....а она во иста ситуација никогаш не би простила.....секогаш е така....човечка себичност.... а инаку има 2 противречни поговорки: - Секој заслужува втора шанса ( но не и трета) и - Да дадеш некому втора шанса е исто како да му дадеш нов куршум, затоа што првиот пат те промашил...... па што знам...секој си има праг на толеранција....начин на живот...начин на размислување итн итн...милион фактори од кои зависи...... јас лично не би простила......посебно не емоционално неверство т.е. да биде близок со неа и тоа да не биде нешто за една ноќ туку подолга афера...тоа никако а за една ноќ....којзнае...
не би простила па каква сака причина нека има за тоа не пијан бил не разочаран бил НИШТО НЕ ПРИЗНАВАМ тој што изневетил еднаш ке изневерува секогаш