Значи, со ''го оправдувам простеното'', исто како да сум кажала „ќе ја оправдам петката„. Да докажам дека не згрешил што ми простил. А од моја страна во главно не би простила, а може и некогаш да постапам како тој што постапил со мене.
Би простила. Не онака веднаш и без размислување, туку после давање шанса за искупување и докажување. Сериозно, ако некој ми значи толку многу би му дала втора шанса, но не и трета.
Да, да простиш на некого кој после тоа ќе знае да те цени и да свати колку вредиш,а не пак по старо да си тера
КОј тип на неверство е полош- да има секс со некоја или да се заљуби во таа некоја??? Доколку е првиот случај би простила, на тој начин себе си би си дала уште една шанса а не нему, а доколку е вториот.... е тогаш простувањето мое и ништо нема да значи-тој нема да бара јас да му простам а тоа пак значи дека јас немам уште една шанса. Се надевам ме сваќате!
Секогаш викав дека ако те сака некој НЕМА НИ ДА ПОМИСЛИ ДА ТЕ ИЗВАРА. И после 1ипол годишна врска дознав дека тој што глумеше заслепен од љубов ме варал али ај викам на почетокот било ова она и му простив. И од кога се смиривме после моето простување и трескање од земја дека бил пијан и било на почетокот дознав дека ме изварал уште неколку пати истиот тој што ми глумеше лудило и можеше да го сврти светот за мене... И така донесов заклучок дека НЕВЕРСТВОТО НЕ СЕ ПРОСТУВА!!!!
Најпаметно е да го слушаш разумот и да го заборавиш,да продолжиш со крената глава,но ете. Веројатно се кае,му простив. Не се сите паметни кога љубовта е во прашање,мои феминки
Сум простила четири изневерувања и еднаш сум изневерила. Според мене мислам дека треба да се прости,не сме во брак па да не се муваме со други .Ако изневеруваме не значи дека не си го сакаме партнерот! Добро е да се проба со други,па ако со вас му е најубаво и вие најмногу му вредите повторно ќе се врати кај вас!
Мојата најдобра другарка му има простено на дечко `и неверствА. Не едно, повеќе од десет се, чинам. И секогаш плаче. Епа, сама треба да биде свесна за да не дојде до следен пат. Но не, на кого зборувам... Да се случило еднаш, да бакнеш некого, но да изневериш со душа и тело? Не не не. Го сака, ама неможам да никако да ја оправдам. И јас сакам, па имам свои граници.
Никогаш,ама баш никогаш.Еве тој ме изневери ама јас не му простив A што се однесува до другарка ти,се додека му простува ќе плаче
Ако премногу ми значи да. Ама не повеке од еднаш. нели од грешките се учи ако научи нешто нема да се повтори ако не нема повеке простување. инаку иако ке простам во главата ке ми се мота нешто постојано дека друга го имала ....
И јас еднаш простив, ама не типично физичко неверство, туку ја изневери мојата доверба. И уште ми се мотаат тие работи во глава и уште не можам да ги заборавам, а ми пречат многу. Совет?
Јас би простила, се додека искрено пристапи на тоа, дека се случило во момент на слабост. Но, ова не значи дека ќе прифатам за оправдување „пијан бев, не се ни сеќавам како се случи“. Се додека дотичнава реченица не ја искористи, би му простила. Оф корс, потоа ќе треба да работи на тоа да ја поврати мојата доверба и да се искупи за грешното дело. А за тоа следува и соодветна казна
Да, сум простила неверство.. Мала бев и уште не знаев како стојат одредени работи и дека никогаш нема да се сменат.. Сега веќе не размислувам така.. Ретки се случаевите кога еднаш изневеруваш и се опаметуваш.. Сега, ако еднаш те изневери значи дека не те цени доволно, ја омаловажува твојата личност и според мене, не можам да си дозволам да бидам со некој кој ме има изневерено.. Побогу, има многу риби во морето, некогаш оставајќи риба поради неверство, ќе си наидеш на кит па поубаво ќе ти биде.. Некогаш се наидува и на морж али кој како ќе си ја сфати работата..
Се додека сум информирана за тоа или предупредена ќе го толерирам. Затоа што сексот е повеќе потреба од љубов. И ако јас му пружам се, но не тоа што му треба во кревет, би му дозволила со мое знаење да го направи меракот со некоја друга, еднаш или двапати. Бидејќи во долга врска сосема е нормалное едниот да посака нешто ново. Но тајно и континуирано изневерување никако. Сепак ние сме оние двајца кои го делат секојдневието, тајните проблемите.. би требало да ја споделуваме и таа потреба. Исто така мојот партнер премногу ме почитува за да си дозволи некои работи со мене , за кои знае дека не ги подржувам и не ги обожавам. Тогаш зашто да не ги проба со друга ?
во врска сум 1година и вчера дечко ми ми призна дека пред 4ипол месеци ме варал... не сакам да раскинам а незнам како да поминам преку ова. ќе ми биде добродојден ваш совет...