Никогаш не би простила..! Без разлика колку го сакам, колку време сме заедно, неверство никогаш не би простила ако треба без него да умирам, да не можам да живеам, да плачам по цели денови .. нема да му простам
Ке ме правите луд или глуп јас би и простил,а и сум простил,тоа е само обичен секс,таков и бил моментот и крај,ако се кае нормално,но ако го прави тоа намерно тогаш чао ке и кажам.
по долги разговори со тетками таја ме научи дека од неверство до неверство има разлика идека понекогаш треба тоа да се случи за врската меѓу 2јца уште повеќе да се зацврсти а како?сваќаш дека никој не е по посебен од тој што го имаш покрај тебе,сваќаш дека ни на крај памет не требало тоа да го направиш и да повредиш некој што го сакаш тетками вели дека моментален инпулс и занес кон некој друг на физичка привлечност има секој маж и жена тоа е дел од природата а некој ако изневерил вербално само (без секс)само со удварање лигвење инсистирање да се оди на кафе на ова она според мене и тоа е неверство Со предумисла да направи нешто многу јасно NO SPORED TETKAMI тоа некој не го рачуна за неверство воопшто и не значи дека на секој човек треба да му се даде 2ра шанса но NE I 3TA SANSA со тврдењата на тетками може во нешто се согласувам но во повеќето не поздрав до тетичот мој MOZE NA NEKOJ DA MU POMOGNE POSTOT ILI DA SE PRONAJDE VO NEGO
Јас лично не сум таков карактер да поминам преку тоа. Алал да им е на тие кои би можеле таков чекор да направат. Никогаш нема да можам повторно да му верувам. Особено во ова лудо време во кое секој гледа да те зезне и ни на сопствената сенка веќе не можеш да веруваш...особено не после таква (по мое) катастрофална грешка...уште поособено не ако си слушнал од друг.
Шознам, баш за восхит...па и не им се восхитувам. Повеќе им се восхитувам на оние кои и покрај искушенијата и проблемите, не паѓаат толку ниско да го изневерат партнерот. Таквите личности од тој момент се мртви за мене.
tessie ме потсети дека пред скоро година сум пишала на темаваа па си го побарав мислењето да си прочитам уште еднаш Сеуште го мислам секој пишан збор. Болни и непосакувани ситуации на кои никој точно не знае како би реагирал. Секој пар, секоја единка во таа врска е со своја приказна и историја а карактерот на луѓето е најпресуден. Не може да се предвиде како би реагирале, се додека не се најде човек во таа ситуација и сам ја осети. Врската и бракот сепак не се на исто ниво. Кај дечко и девојка работата е секое чудо за два дена, но во еден брак најчесто жената испаѓа со товар од тој брак па пустата мора да мисли многу подалеку(не се децата товар, туку да бара стан, да купува намештај, да се бори со основни егзистенцијални прашања). Во многу случаеви е луксуз она да мисли на своите повредени чуства од едноставна причина што она или нејзините деца ќе немаат каде да живеат или средства за живот. Верувам дека во Македонија финансиската не/зависност се пресудни за останување во тој брак, а потоа и рекла казала. Јас изгубив толку многу енергија за да ја одржам нашата врска додека таа беше на далечина, а потоа и да се адаптирам на новиот живот тука....не верувам дека би имала енергија и да простам. Тоа одзема премногу енергија...ај скраја да е да речеме
Во анкетата треба да има и опција - Не сум сигурна , кога ќе се судриш со такво нешто , секоја ситуација е различна, секој пар , еве јас не можам да се одлучам едноставно не знам , нормално е да речам дека нема да поминам преку тоа на партнерот ама ако не дај Боже се случи такво нешто ,не знам како би реагирала само знам дека би била многу повредена .
Иначе иам дечко со кој идеме подолго време и ств се сакаме али он се смува со друга додека бил пијан ...он се каеее за тоа многууу дури и очна да плаче но незнам според вас треба ли да му простам? или пак кажете некоја ваша слична случка и како сте постапилее Ама доброо дали би простиле неверство ама зборам за мување еднаш и тоа да било во пијана состојба и личноста која го направила тоа да се кае? позз
Јас лично не би простила ,па нормално дека ке ти речи дека се кае .Неможе откако ке го убиеш човекот да му речеш извини
Доброо да у право си до негде али и до негде држи и тоа што бил пијан а и секој човек заслужува 2 шанса .
Секогаш со другарки сме коментирале на темава и никогаш не сме донеле заклучок. Сега би рекла НЕ, НИКОГАШ. Ама гледам еден тон врски што поминале низ ниеверство, па се подзамислив. Можеби и јас тогаш би расмислила. Можеби ќе видам во неговите очи дека се кае ( ако се кае воопшто). Знам дека не претставувам изговор дека бил пијан, дека бил понесен од моментот или уште што се нема да мислат маживе.. ама не сум била во таква ситуација, и мислам дека тие што не сме биле, малце тешко е да кажеме дали би простиле или не Се надевам дека нема да треба да размисувам за ова, но никогаш не се знае..
Сум простила неверство некогаш многу одамна, сега сум повозрасна и сметам дека не треба да се прости никогаш. Зошто воопшто да се замараме со личности сто не ги знаат вистинските вредности во животот.
Варање Не сум била во твојава ситуација, ама ќе пробам да ти помогнам ако можам. Убаво размисли, ако си подготвена да преминеш преку тоа, и знаеш дека понатаму можеби нема да имате проблеми и караници на таа тема, и знаеш дека се кае, прости му. Меѓутоа ако целава оваа ситација се развлече низ врската и влијае на истата понатака, тогаш која е поентата? Затоа што и простените неверства понатака знаат да имаат многу големо влијание на самата врска... Седни и со ладна глава размисли што всушност сакаш ти. Сите некогаш сме си викале самите на себе дека никогаш нема да простиме неверство, на наоѓајки се во таква ситуација, сите се наоѓаме самите разсмилувајќи дали треба или не треба. Ако го познаваш доволно, ќе знаеш дали навистина се кае за тоа што го направил, и дали постои сомнеж повторно да го направи истото. Се надевам дека помогнав колку толку. Со среќа.
Не неверсвото не се простува па после ќе стане секојдневие, ако ме изневерува нека ме изневерува тајно ако дознавам тогаш чувај се тешко тебе.
Имав размислувано што ако бившиот ме изневери, и тука си добивав оптимистички одговор од самата себе, не не би ме изневерил, ама јас пак пустата заборавив дека за машко станува збор. Раскинавме поради други причини и дента кога раскинавме дознав дека ме изневерил. Кога имавме правено муабет за изневерување велев незнам, можеби би ти простила ама со Х особа никогаш не би, и опп, раскинавме и дознав дека баш со таа личност ме изневерил. Потоа беа муабетите у смисла да се смириме ама јас фала богу си останав зад кажаното, не му простив, генерално ради личноста (која што му беше најдобра другарка, и ме убедуваше во тоа, иако потсвесно знаев дека ако не додека е со мене, тогаш кога ке биде слободен ке има нешто помегу нив, се понашаше ко да и е верно кученце ) но и поради тоа што е во прашање изневерување. Незнам, сега мислам дека не би простила, но ќе видиме, ке коментирам повеќе на оваа тема кога повторно ке бидам во ваква ситуација
Неверство никогаш не би простила колку и да го сакам. Зошто да му простувам кога не сум му доволна јас.Тој да оди со други девојки, а јас да се гризам за г**от, јас нели можам да изневерам па тоа е нешто најлесно.Би го плукнала и повеќе нема да му го спомнам името.
Демек му простив, повторно сме заедно... Само јас си знам како ми е, секое утро, секоја вечер помислувам на тоа. При секоја караница му го плеснувам тоа во фаца, неможам во очи да го гледам. Едноставно колку и да сакаш неможеш да заборавиш. Не се водам од "мило за драго", да се замарам да му враќам со иста мера, тоа не би сменило ништо, пак ќе бидам јас таа која е изневерена со плус уште еден епитет - лесна. Незнам како ќе се одвиваат работите, ми мириса на крај
такво нешто не се простува,колку и да сакаш да заборавиш,нема да можеш.и што,зошто би дозволила да има друга,како ти да не можеш да му пружиш секс драга моја-а на одмазда не помислувај,не е работата дека ќе испаднеш лесна,туку само уште повеќе ќе се огорчиш и повредиш. не верувај во машко каење,можел да и каже не на дотичната ,и да ја одбие,нели ? штом не можеш да простиш,подобро раскини му и избегнувај било каков контакт со него,бидејќи нема да се промени. и како можеш да бидеш интимна пак со него откако те изневерил,те молам кажи ми какво е чувството,ме интересира. јас не би простила неверство