Jас не би простила неверство, никогаш.. мојот дечко со кого сум година и 7 месеци ме има излажано и се уште иако му простив ми е должник а да не зборам за неврство.
Јас сум многу пати изневерена. И прегледав низ срце,одам со дечко ми 3 години. И сеа пак дознав дека ме изневерил,имам доволно докази,кој му ги укажав но не признават овај пат. Девојката се фалит дека се гледат со него а биле договорени јас да незнам,да несмеам да знам. Како со мислите, таа како курва која ојт со децко со имат женска. Аку простиш еднаш, ке простиш пак. Ама накрај ке се осетиш како скршено огледало кое се молит да го склопат.. Дечко ми ме сакат, то се гледат, плачит, а јас знам зошто...ама појке незнам ништо.
Нема шанси. Тој што еднаш ќе ве изневери, доколку му простите, ќе ве изневери и втор пат. Би требало да си ја браниме честа и гордоста. Тој што изневерил очигледно не е задоволен од нешто кај партнерот, па бидејќи е "пиздa" со извинење нема срце у фаца да ти каже шо му смета, па најлесен начин е да замине со друга. Според мене, тоа се луѓе кои не знаат што сакаат. Или пак најарно, да се раскине со партнерот или партнерката па после слободно да прави шо сака. Тој шо не цени шо има покрај себе, не вреди и да го има.
Девојко па имаш ли ти гордост и свое јас? Не, не те сака. Штом и самата си велиш дека многу пати те изневерил. Не, тоа не е љубов. Освести се и не му дозволувај веќе да те повредува. Застани си на нозе, не биди слаба. Зошто му дозволуваш да те третира така? 3 години не е којзнае што. Ќе ти биде мака да, ама барем ќе си знаеш дека нема да бидеш изневерувана повеќе од него. Јас не би простила неверство. Никогаш не вели никогаш да, не знам што ме чека ама мислам дека премногу би ме болело тоа предавство и не би можела да преминам преку такво нешто.
Мислам дека нема потреба од такво нешто.Ако некој некого не сака,ако исчезнал сјајот на врската,ако избледеле чувствата тогаш најдобро е да се стави крај на таквата врска,зашто едниот ќе биде повреден,ќе го боли...меѓутоа подобро е да боли од раскинувањето бидејќи ќе го преброди тоа,а ако биде изневерен потоа ништо нема да биде како што било.Потоа личноста нема да има доверба во наредниот партнер мислејќи дека ќе се случи пак истото. Ако се добри со мене јас сум уште подобра знам неизмерно многу да сакам,да се радувам на секоја ситница и да бидам среќна што имам некој што ме сака и цени таква! Се додека му е доволно се што можам да дадам ќе биде со мене,ако сака да ме изневерува воопшто не размислувам...поубаво е да раскинеме онака како што доликува одколку да ми наоѓа замена.Чиста сметка долга љубов. Или ај размислете малку да му простите некому...зар нема да ја искористи вашата попустливост и пак да ве изневери?Не мора да значи дека некој еднаш ако изневери ќе те изневери пак.Можда ќе може некој да прости,но не и да заборави.Самата помисла дека тој некој те изневерил,потоа никогаш повеќе нема да му веруваш,ќе има сомневања,карање и крај на врската.Па коај ќе видиш подобро е да раскинеш пред да го направиш тоа,отколку да го направиш и пак да раскинеш(бидејќи нема излез) Нема шанси,па дури и да останам со него, веќе ништо не би било исто, затоа што нема да постои доверба. Да скратам."Метакот" простува,јас не.Ама истиот момент кога ќе дознаам за тоа, ми се руши концептот за личноста, чувствувам одбивност и ставам крај на врската.
[quote="Sinderela27"]Јас сум многу пати изневерена. И прегледав низ срце,одам со дечко ми 3 години. И сеа пак дознав дека ме изневерил,имам доволно докази,кој му ги укажав но не признават овај пат. Девојката се фалит дека се гледат со него а биле договорени јас да незнам,да несмеам да знам. Како со мислите, таа како курва која ојт со децко со имат женска. Аку простиш еднаш, ке простиш пак. Ама накрај ке се осетиш како скршено огледало кое се молит да го склопат.. Дечко ми ме сакат, то се гледат, плачит, а јас знам зошто...ама појке незнам ништо.[/quote] Тој што те изневерува кога си му девојка што би правел кога би му била жена?Кога знаеш дека некој те изневерува сериозно размисли дали треба да продолжиш понатаму со таков човек што не те почитува премногу си млада за да се измачуваш со таков човек.Јас да можам да го вратам времето никогаш не би опростила неверство никогаш...да расчистев на време со мојот сегашен сопруг кога требаше сега немаше двете деца да ми страдаат поради неговите излети надвор од бракот....и сега еве го крајот ама последиците се уште поголеми поради тоа што има деца а болката кај нив е најголема кога се распаѓа тоа што им е најважно-мама и тато да се сакат т.е.семејството...
лелеее ма имас докас и сто Чекас немој да дозволувас да оди напред и напред со тоа сто те повредува.. за сто не го ресис ова веке еднас?.. да го сакас али само си се повредувас себеси со сето ова.. те сакал ма немој (извини) ако те сака нема да те изневери по 2 или 3 пат...може еднас ама пак не..плаЧел хм глума..нека плаЧе и да се докаже дека пак нема да го направи ама верувај ако има 2 пат ке има усте...засто одлуЧи ти
Не никогаш нема да простам, можеби и тоа е причината зошто несакам врска на млади години.Како да мразиш некого кого толку го сакаш??Или пак да му простиш оти го сакаш и себеси да се понижиш до максиму..
Неверството според мене е откинување на дел од телото. Никогаш нема да изневерам и не си го посакувам тоа себеси.
Категорично НЕЕЕЕ не простувам неверство ако еднаш ме изневери ке го направи тоа повторно и повторно и повторно.... така НЕ колку и да го сакам не
Девојки, јас имам едно прашање, многу ќе ви бидам благодарна ако ми одговорите. Со дечко ми сме заедно веќе една година и 3 месеци. Лани во јуни бев излезена со друштво и му бев нешто лута на него и бев пијана и се смував со еден, ама после толку беше, бев свесна што направив, многу се каев, ама незнаев што да правам, сакав да му кажам ама незнаев како, а плус со тој што го варав се другари веќе 4 години и на него му беше глупо, многу бевме свесни каква грешка напраивме. И пред некој период разбрав дека тоа некако се проширило, како незнам, овој негира дека кажал... И сега незнам што да правам, знаев уште тогаш дека требаше да му кажам ама ете од страв не му кажав мислејќи дека нема да се дознае. Сега сакам да му кажам ама не сакам да го изгубам, многу се плашам како ќе реагира, а многу го сакам, и ништо не ми значеше тоа тогаш воопшто, најголема грешка во мојот живот. После скоро 1 година да му кажам малку е глупаво, незнам што да правам. А не сакам да дознае од некој друг... Ве молам за совет. Фала ви многу!
Најубаво биди искрена. Објасни му све што како. Јбг сеа ке мора да си ги трпиш последиците. Барем кажи му чим сакаш од тебе да се дознае а не од некој др.
не би сакала да те советувам да лажеш,но никако немој да му признаеш ,ќе се скара и со другарот и со тебе и ќе биде многу повреден.сепак е неверство,но сте се освестиле и не сте продолжиле понатаму да се гледате,што е позитивно .кој и да дознал,вие ќе негирате и ќе си остане на тоа-мислам ако сакаш да го задржиш дечкото.
Сакам да го задржам нормално, ама мислам дека доста луѓе дознале, не знам дали ќе можам така да негирам доколку дознае, се плашам многу...
Сакала или не тој ќе дознае порано или подоцна,треба да знаеш дека ништо не останало скриено, а ако толку си го сакала партнерот и си се плашела дека ќе дознае немаше да го направиш тоа многу просто и едноставно.За неверство не прифаќам никаков изговор апсолутно бидејќи све послем тоа е отповеќе и нема што да се каже...
женски ми треба помош ме известија вчера другрките дека го виделе дечко ми о тетово со другрите а тој мене ми реце на вечера е со неговите и го барам не крева така 1 саат и осле тоа му викам ке дојдам до таму само сда те видам тешко ми е и тој ми реце нема потреба ја кње дојдам за 30 митути и добро дојде и после тоа се искаравме му казав не ми признаерс после ми призна и денеска вика не е така денеска ке се виме и ке расцистими па ми треба помош да го докрајцам и да го фатам во лага