Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    488 глас(а)
    19,5%
  2. Не

    2.018 глас(а)
    80,5%
  1. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Еве да речеме сум го простила океј
    ( ма да би размислила повеќе пати околу тоа прашање и не би ми било лесно да простам )
    довербата ке биде сведена на нула ,сето тоа ке биде пропратено со сомнежи и караници и вака или така ке доведе до пропаст на врската . Така да исто му се фаќа ,послем неверство ,доаѓа крајот на врската.
     
  2. Anne.B

    Anne.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    51
    Не простувам неверство, затоа што ако веќе се случило еднаш, сигурна сум дека ќе се повтори, а јас немам нерви и желба да се замарам со некој кој не ме цени и не ме сака толку колку што заслужувам. Освен тоа никогаш повторно нема да можам да му верувам, а за мене најдобра врска е онаа која се гради на заемна доверба.
     
    На srbin-pn му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Единствената работа која никогаш не би ја простила у врска е неверство. И не дај Боже да дојдам у таа ситуација.
    Кога еднаш нешто ќе се случи, никогаш повеќе неможе да се состави како порано.У овој случај довербата.Па и љубовта.Ако сакаш некој, ако си со некој, зошо тогаш си посегнал по неверство? И да се прости ќе биде само уште потешко. Така да, јас, никогаш, ама баш никогаш не би простила, туку би расчистила одма, би ставила крај, тешко ќе биде некое време, ама со другата опција би било тешко секогаш
     
  4. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Незнам дали би му простила ,најверојатно не.Секако нема да се лутам за нешто што не сум видела со свој очи аама ако го видам е тогаш подобро нека бега од мене ...
     
  5. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Секако дека не. Ако те изневери еднаш - ќе те изневеруе цел живот! ;)
     
    На orbakanu му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Ма какво простување бре?? Noo way :shake:
     
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Мислам дека се зависи од околностите - силината на љубовта кон дечкото, колку е стабилна врската, со кој се изневерува.
    Немам искусено за да кажам навистина како би изреагирала. Само знам од многу другарки што ги гледам, а се во долги врски, скоро сите се имаат мувано со некој друг (а не е тоа дечко им). И после си продолжуваат со врската. Вака од страна врските им изгледаат супер ама нели тие си знаат. Значи ете машките или се глупаvи па не познаваат вакви нешта или пак и тие ги изварале па сега немаат право за лутење. Поверојатно дека е второто.
    Мене да ме изневери дечкото мислам дека повеќе ќе ме боли егото. И мислам дека ќе има жустра вербална тепачка :devil:. Јас после неверство вака би направила:

    А многу сум си се филмала за песнава :$ како си ја посветуваме. Многу ја сакам затоа.
    http://www.youtube.com/watch?v=_SEOdJffcLQ
     
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    сметам дека ни под точка разно не би требало да се прости неверство,под било кои околности,услови/неуслови итн итн..јас не би простила..после неверство,завршен цитат сме јас и дотичниот :D
     
  9. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Никако простување! Зошто да простиш на некого кој те изневерил кога со тебе можел да има се? :О
     
  10. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    МУ ПРОСТИВ НА ДЕЧКО МИ.после 5 години врска ме изневери и му простив па ке видиме како ке одат работите понатаму
     
  11. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145


    потполно се согласувам со тебе и да се прости довербата ќе биди сведена на нула никогаш нема да биди исто ќе постои само некој сомнеж и караници... не сум се нашла и го молам бога да не се најдам во таква ситуација ама знам дека никогаш нема да простам после тоа се ќе биди залудно и љубовта ќе избледи со текот на времето ќе се појави омраза можеби... ќе се измачуваат само двајцата партнери а ништо нема од тоа да добијат... кога тогаш мислам дека ќе дојди крај на таа врска...
     
  12. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не колку и да ми значи
     
  13. bobby.pin

    bobby.pin Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    29
    НИКАКО !


    поголемо понижување не постои.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. strelecF

    strelecF Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    14
    НИКОГАШ!!!

    КОГА САКАШ НЕКОЈ НЕМА ДА ПОМИСЛИШ НА ДРУГ/ДРУГА А НЕ ДА ИЗНЕВЕРИШ...

    И да простиш, секој нареден ден поминат без него/неа ќе биде поминат во сомнеж а тоа + нервози + кавги....


    Затоа луѓе не влегувајте во врска ако не сте сигурни дека сакте еден човек да биде по крај вас
     
  15. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Да ме изневери и потоа да дојде да ми плаче и да ми вели дека ме сака само мене, дека погрешил, дека се кае, дека нема да се повтори и ред други работи и јас да му простам НИКОГАШ.
    Ако ме сака вистински ќе мисли на мене и во било каков момент или ситуација да е нема да му падне на памет да ме изневери не па да го стори тоа.
    А и да ме изневери и да му простам каква корист од тоа само повеќе нервози. Во секој момент покрај него ќе ми текнува дека друга го имала и била на мое место, на секоја кавга тоа ќе го кажувам и ваквата врска нема да води никаде.
    Секоја чест на девојките што простуваат храбри се.
     
  16. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Неверство би простила само доколку не го сакам дечкото. Идев со еден тип 4 години и последната година оладив тоталка. Го изнаверив еднаш така непосредно пред да раскинеме. Не требаше, ама се случи. А, и на него би му простила, во секое време.
    А, сега имам дечко еве до сега сме заедно 4 години скоро и никогаш не му простила затоа што не би можела да се помирам. За мене тоа значи само дека не ме сака доволно. Ни во брак не би простила па незнам дури и 10 деца да имам.
    Сестра ми да ме чита, сигурно ке искоментира, немој не викај така не е исто маж со кој имаш деца и дечко. Незнам можеби донекаде е така, ама јас сепак си мислам дека варани се тие што не се искрено сакани!
     
  17. abcde

    abcde Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    13
    Драги феминки ќе ве молам за еден совет.
    Со дечко ми сум скоро една година, многу го сакам а верувам и дека тој ме сака. пред некој ден се напивме онака малку и јас го прашав дали некогаш ме има изневерено, тој ми одговори да, и тоа првата недела откако имавме секс, и тоа се случи пред една година. Инаку и верени сме планираме свадба и го сакам со целото мое срце. Другиот ден не му правев муабет воопшто , бев лута и огорчена со фактот дека ме изневерил веднаш по првиот секс. Не знам што да правам како да реагирам а многу го сакам. Тој плачеше и ми се извинуваше постојано дека поради Х причини го направил тоа и дека на почетокот не ме знаел шо како, не планирал дека ќе ме засака до толку. плачеше и ме вети дека никогаш нема да го направит тоа повторно. Му простив ама секој ден си плачам по малку , со помислата дека бил со друга жена. Кога и да се скараме јас мислам на неверството и ме нервира , сакам да му вратам и да го навредам. Мислам дека чуставта се малку изменети кон него. Ве молам за помош Како да не мислам повеќе на тоа, како да заборавам , некој совет јас не сакам да не ја изгубам љубовта што ја чиствувам кон него. Ве молам помогнете ми како да го совладам тоа.
     
  18. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Не ти препорачувам да се глупираш и да му враќаш. Ако не можеш да преминеш преку тоа подобро раскини му.

    Јас не би простил неверство. Во твојава ситуација дечко ти те изварал без везе. Не бил ни запоставен ни ништо. И сега се отвара пандорината кутија на сомнежот: којнае со колку други ме изварал, кој знае што друго ми крие, кој знае дали утре ќе ми биде верен.

    Ја на тоа гледам вака: ако некој украде од тебе, ќе го оставиш новчаникот во негов досег?
    Ја не би. Ти незнам.
     
    На adele19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    девојче вие сте верени,планирање свадба..значи сериозна е работата..и сама кажуваш дека чувствата малку ти се сменети спрема него,а тука е и неверството..дали би можела да ја делеш брачната постела
    со некој кој те изневерил,без разлика дали се извинил плачејќи или не..се надевам ми ја разбра поентата..
    поздрав и ти посакувам се најдобро ;)
     
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    9.098
    Пол:
    Женски
    аууу :o .а што ќе беше ако ти не го прашаше дали те изневерил :^) ?освен што те изневерил,ти премолчел и те лажел.ако не те сакал од почеток,тогаш кога те засакал жими се?
    и плачењето и глумите нека си ги чува за себе,лицемер бар сам да ти признал а не ти од уста да му влечеш.сомнежот секогаш ќе постои,ти ќе се јадеш одвнатре ,и тоа цел живот...
    јас не би трпела таков маж откако би дознала каков е,а камоли да го земам за маж :!: