??? како тоа ако се сакате ќе преминете..... АКО ТЕ САКА колку и да е во искушение ќе помисли на тебе и нема да го стори тоа.. а ако не те сака доволно и ако посака онака од забава девојка за една ноќ, тој тебе ќе те побара од навика.. ама тогаш него му следува големо НЕ !!!
Сите велите дека не би простиле неверство. Но видете го тоа од другата страна. Ако многу го сакате видете ги последиците пред да изреагирате. Ноќи без него , темнина и кога е ден , солзи насекаде....... Јас би простила ако навистина се извини а вие штом толку го сакате ќе знаете дали ја зборува вистината и дали искрено му е жал за оа што го сторил. Втора шанса заслужува секој.
Да, заслужува ама кога ке помислиш со друга се лапал, со друга се е**л и ред други работи шо праел.. Не е лесно да се живее со психата. А солзите, ќе поминат. Како сум се заљубила,така ке се ОДЉУБАМ
Веднаш се разведувам зафрканција настрана,не би можела да живеам покрај него,да легнам навечер до него,едноставно кажано јас да се мачам и да ми биди тешко за глупостите кои тој ги направил.Не би простила никогаш
Да сум на местото на тој што изневерил, толку ќе ми биде срам што и да ми простат нема да ми текне да се вратам. И никогаш не би простила неверство. Нема изговор за ваква работа.
Кој е глуп, да...а иначе не И најбеден изговор на оние што се во брак е "Заради децата oстанавме заедно".
Многу пати сум размислувала на оваа тема, и сега после скоро 4 годишна врска се случува да си направам филмче во главава, како би изреагирала и што би направила ако дознаам или ако тој ми признае дека ме изневерил. Самата помисла дека бакнал, а не па дека имал секс со некоја друга, ќе ми створи чувство на одвратност. Самата помисла дека добил желба да бакне некоја друга, да ја гушне, да ја погали и сл. ќе ми даде одговор на многу прашања. А пак кога помислувам дека без трошка срам легнал со некоја друга и уживал без да помисли на мене....е богами нема теоретска шанса да останам во врска со таков човек. Кога се осмелува додека сме во врска да изневери, што ќе биде кога ќе имаме изградено нешто заедничко, дом, фамилија, цврста врска која тој би бил спремен за една жешка вечер да ја прокоцка??!?? Не, благодарам. Ужасно би ме болело, многу долг временски период би прошол додека да застанам на нозе и да се вратам на моето ЈАС, ама мислам дека машки би издржала. Тоа е тоа...
Се согласувам. Не треба да ја гледаме само љубовта што ја чувствуваме спрема него,туку треба реалноста!
Доста комплицирана ситуација. Неверството е одвратно самото по себе. Доколку дознаете дека тоа ви го направил пратнерот со кој планирате нешто сериозно, верувам дека би ви се срушиле многу замисли, желби, а тука е и гордоста и самопочитта која може да ви се сведе на нулта ниво. Едноставно целиот свет ви се распаѓа. Но нели во животот постојано ни се испречуваат разни пречки. И нели денеска живееме во морално пропаднат свет. Денеска не ни им е срам на луѓето да ви кажат дека правилно е да си гледаат само за својата среќа без разлика како доаѓаат до неа - значи си признаваат какви себични говеда се и барем ви олеснуваат да знаете со какви луѓе си имате работа. Да се вратам на темата, доколку ми се случи вакво нешто незнам како би изреагирала. Можам само да погодувам познавајќи си го карактерот. Па мислам дека ќе се правам ладна, нешто како да не ме повредило многу тоа неверство. Би издржала некој период така во глума, па ненадејно кога нема да очекува ќе му вратам со истото. Таква сум, доколку личност која ми била претерано блиска, ме повреди толку јако, на крајот секако ќе и вратам, дури и поболно. И се разбира со некој дечко кој отсекогаш ми се допаѓал , со еден удар ем да си добијам некој кој ми бил мил и симпатичен, ем и да се одмаздам. Сепак, повеќе сакам дечко ми искрено да ми каже дека сака да проба нешто ново и да ставиме крај (барем ќе продолжам да го почитувам како искрена личност), отколку така зад грб да си експриментира.
Мое мислење.. неверството се опростува само еднаш и тоа во ситуација каде што сте многу заљубени во својот партнер. секако по невертството следуваат многу кавги, но се може да се преброди и да се стекне довербата од порано. За саканата личност, прошката ќе постои барем и во мал процент
Никогаш. Постои еден збор самопочит што во денешницава полека испарува. Ако ме сака вистински и искрено, ниеден коњак/виски/водка нема да му го сврти паметот кај друга. На тој начин се губи доверба, следуваат многу кавги, потценување. Нас цел свет, сите желби и замисли се рушат затоа што дотичниот една вечер неможел да си го задржи нормалното ниво на тестостерон. Не фала, не ми треба таков. Или ако вара, ако стварно има таква потреба од нешто ново да не е монотоно, нека биде доволно голем фраер и нека го прави тајно, никој да не дознае, а не во сред кафич да ја излиже.
Неверство имам простено, сега се каам. Точно е дека никогаш не сум заборавила што ми има направено.По изневерувањето одевме уште година ипол но никогаш не ми искочи од глава, цело време на тоа мислев и при секоја караница, дури и мала секогаш неа ја спомнував. Криво ми е, криво ми е што девојката навистина не личи на човек, значи навистина и не ми е јасно кај е проблемот? Сто пати сум се запрашала дали е во мене големиот проблем т.е причината зошто го сторил тоа. Луѓе никогаш не простувајте и тоа ПРОСТИ АКО ГО САКАШ Е НАЈНЕПРОМИСЛЕНОТО НЕШТО. И кога раскинав после година ипол од таа случка сите се чудеа зошто и како, но ја знам зашто, затоа што никогаш не заборавив дека ме изневери, а тоа ме убиваше во себе. И сега фраерот ме навредува пред секој демек јас сум била курва, а јас ниту еднаш го немам изневерно, ниту еднаш до ден денес...
Неверство не би простила никогаш. Ниту една причина не го оправдува актот на неверство. Ма од која и да е Ш причина не би опростила. Да сакаш некој не значи дека треба неверство да се прости. А доколку некој искрајно те сака никогаш не би те изнверил. Оној кој те изневерил значи не те цени и почитува а воедно и не те сака. Некој кој направил такво нешто не ми е потребен во животот. Еднаш ако те изневерил ќе те изневери и втор и трет пат. Повредениот ке биде оној што простил. And of story
Не,не,не и не-ни под точка разно! А најсмешен ми е моментот кога се обидува да ја објасни причината за неверството...
Пред да го запознаам овој дечко бев сигурна дека можам да простам неверство и дека би простила. Но, сега сум сигурна дека никогаш не би прстила. За жал мислам дека на овој дечко ни поголема лага не би прстила, не па неверство.
Срце што многу љуби многу и простува. Го велам ова иако не го подржувам неверството, сметам доколку има вистинска љубов никогаш не би требало да се случи тоа..добро можно е ако типот е несозреан. Зрел маж не би ја изневерил својата девојка доколку ја сака вистински, но и тука не се исклучува можноста доколку дошло до монотонија во врската, љубоморни испади, гушење.. и мажите си бараат слобода бре!! Но ајде да не филозофирам јас многу би простила, но не би заборавила и не би го гледала со истите очи.. Е тогаш сепак би сфатил дека раскинувањето било подобра варијанта отколку до себе да имаш скршен човек.. доволна казна би му била таа. Ете толку