Демек штом не и‘ го пикнал пенисот во вагината, туку само и‘ го закопал јазикот в грло, тоа не е право неверство. Си го мамиме и ние умот.
И утре кога ќе те изневери пак (или досега сигурно пак те има изневерено) друг ќе ти е крив ! А, ако и тебе може да ти се случи да се смуваш со некој, оди мувај се, што бараш во врска кога си незрела за врска ?
Ти ниту си му простила, ниту си му прегледала преку прсти, ти си оставила џокер во случај да го изневериш, бидејќи ќе можеш да ја завртиш топката кон него и муабетот ќе биде: И ти мене ме изневери на таа и таа прослава на Новата година- сега сме квит! И да не заборавам, тој стварно те изневерил со јазикот, да не му го исецка на парчиња случајно?
Што знам само сексот да е неверство јас мислам дека бакнежот е поголемо неверство ,за да бакнеш некого треба да почуствуваш нешто кон таа особа
Не Не изневерувам и за возврат очекувам момчето да не ме изневери. Секако, не можам да му ставам катанци, ако сака слободно нека оди ама ако дознаам јас нема да му простам. Ќе ја завршиме приказната. Сметам дека ако некој те изневери не те сака, не те почитува доволно и дека ако еднаш се прости неверството ќе се повтори.
Сите викате нема шанси, али ја викам дека од неверство до неверство постои многу разлика. На пример јас имам изневерувано али мислам дека имам оправдувања. Затоа ако некогаш дознаан (недај боже) прво ќе размислам мнооогу добро како ќе продолжам и дали ќе ја продолжам врската. Знам дека нема веднаш да ставам крај.
Неверствата може и да помогнат да се подобри односот со оглед на тоа дека после прељубата, жените чувствуваат самодоверба и сoгледуваат што им фалело во врската, заради што го подобруваат и својот однос кон нивните партнери. (себично, во секој случај) Истражувањата покажуваат дека денешните жени изневеруваат исто колку и мажите, но жените се многу помудри во прикривањето на трагите. Најискрено, мислам дека шансите да простам неверство се 50:50. Нормално дека никој не сака да биде изневерен и сите викаат дека никогаш нема да простат ама СЕПАК не е мал бројот на тие што простуваат. Никогаш нема да знаеш се додека не ти се случи такво нешто.
Не им ни верувам многу на луѓето што изневеруваат . Тие што ги изневеруваат партнерите , ги изневеруваат и пријателите . Кога можат некој со кој го делат креветот да го изневерат и пак да легнат во истиот без или со грижа на совест што останува за пријателите . Тие што изневеруваат сами се понижуваат и за жал докажуваат дека сеуште (и во голем број) има мали луѓе кои потпаѓаат на ниски страсти . Не прифаќам ни психичко неверство од типот допишување , флертување , лајкнување слики на непознати девојки или познати за кои се знае дека не се другарки. Ниту сум изневерила , ниту сум помислила да изневерам , само исклучителни личности можат да одолејат на искушенијата и јас се трудам да се градам себе си како личност во таа насока , а не да докажувам наоколу колку сум несигурна во себе и да проверувам дали уште сум посакувана од други мажи . Не се секирај мила , се се враќа , ако не ти врати тој , ќе ти врати некој друг , важно се се враќа , се се плаќа и да не се дознае нашироко и партнерот да не дознае , правдината не бега никому , таа секогаш си знае што и кога да врати
според мене неееее би простила неверство, еднаш таква грешка направив затоа што мислев дека некој се променил и е искрен, ама не вределоооооо верувајте. Kој го направил тоа грдо дело еднаш, во најголем број случаи ке го повтори истото........
Ха... можам да го разберам и да прифатам објаснување ,но не можам да простам.Како и да е ,трба да се биде доблесен и да се признае дека љубовта згаснала,ја нема повеќе и дека е некој друг во игра а не да се лаже под било каков изговор
Не би простила неверство.Ако еднаш се случи,значи дека има причина.Ако се прости,голема е веројатноста да се повтори.Со партнерот сме разговарале на оваа тема и тој го знае моето мислење.
Не сум размислувала на оваа тема,ја има мојата доверба комплетно. А доколку се случи тоа нека бега што подалеку,нека се сели оти ако мое око го сретне ќе има кастрење Таква сум,кога ќе ја издаде мојата доверба не само што нема да му простам тоа е мање битно после што ќе следи ќе е интересно
Јас не сум нова на форумот,ве следам често но не коментирам.Но ете имам голема макаа..во дилема сум дали да ставам крај на врска или не но сепак 2 години не се малку.Ако има некоја слободна да ми даде некој совет.. слободно нека ми пише во инбокс.. поззз