Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    488 глас(а)
    19,5%
  2. Не

    2.018 глас(а)
    80,5%
  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    22.483
    Пол:
    Женски
    Јас можеби сум повеќе старомодна, но искрено им се восхитувам на жените кои поминуваат низ толку нешта за добробитта (барем навидум) на семејството. Секогаш велиме дека треба да имаме разбирање, дека треба да сме отворени, па дури и во одредени ситуации да му простиме неверство на сопругот.

    Зошто се` ние жените? Ако не` изневери-ние сме криви,никој од убаво не бега, треба да простиме, ако нема блискост-пак ние сме криви, јуриш по чипкани подвезици и миризливи свеќи. А колку од мажите, доколку ги изневериме, ќе ја бараат вината во себе и ќе се трудат да не` придобијат повторно? Многу малку, речиси ич. Ако сме со современи сфаќања, да бидеме со современи сфаќања до крај, а не вака...

    Инаку за проблемот на блонди. Секоја чест што преминуваш преку тоа мт да се пијанчи до зори и да биде сведок и развезувач низ град на швалерај. И да го гледа тоа мртов пијан. Па искрено, ако чувствуваш дека те изневерил, големи се шансите да го направил тоа. :( И јас стојам зад тоа дека ние жените во интуицијата сме во предност пред мажите.

    Без разлика после колку е внимателен со тебе, фактот што се случува често до сабајле да не се појави дома и да се будиш сама говори многу за неговата посветеност. Џабе угодување кога после црвот те јаде за тоа што се случило пред угодувањето. Алал му вера, татко на 3 деца...фраер...пробај прави ги истите работи како него, па да видам дали ќе продолжи и дали навистина е толку фин.

    Сум за одделен социјален живот во брак, но кога е обострано, односно кога нема небулози од типот на „машко сум, ми се може, ти си друго“ и кога не јаде црвчето на сомнежот.
     
    На ariela09, PinkGir123, QweenSM и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Уф толку се согласувам со секој збор на Теси!

    Не ми е јасно, маж, татко на 3 деца, и зачестено си излегува и се опијанува со другари до сабајле.....
    Али ок, штом тебе не ти смета.

    На крај краева Блонди3333, зошто после слава да ве остава вас дома, а тој да излегува и да се допијанчува? Не гледам логика? И тоа со некој што знае дека е по швалерајот.....

    Блонди3333 сепак ти најдобро си го знаеш сопругот. Мене не ми се допаѓа тоа што упорно на еден начин ти се правда...Толку се провидни мажите, ти обрнува повеќе внимание, значи можно е да има нешто. Да мисли навистина дека без потребно се нервираш, нема толку да ти обрнува внимание, туку ќе го игнорира тоа што ти е умислено во глава. Ќе се понаша нормално секојдневно, како ништо да не се случило. А ова со примена на однос спрема тебе...не знам...

    И плус таа порака од дотичната ружна како што ја нарече ти. Од каде и’ е бројот на твојот сопруг? И што е тоа што не треба да го кажува на пријателот?
    Од каде се нашле тројцата заедно, па и пијани? Сопругот пијан, ги возил а овие позади.....

    А ова со свирката не го разбрав? Кој на кого свирка? Свирка бе, кој израз... :tmi:

    А ти од каде во контакт со неа? За да ја прашуваш такви прашања? Плус мислиш дека таа ќе ти каже?
    Не верувам.
     
    На hermosa и tessie им се допаѓа ова.
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    9.097
    Пол:
    Женски
    Да не испадне и двајцата да се суредиле со оваа :rofl: .A кој на кого побарал свирка,не разбрав?Oд општото однесување на мажот ти се осеќа дека те изневерува,небаре маж толку ќе виси со другари пффф се знае јасно како ден е,и оваа не му е прва швалерка.Kако и да е,ти си знаеш дали сакаш да си будала или не,битно те изневерил.Се покриваат со пријателот цело време ,а и уште нешто,кој веќе верува во машка верност?
    Се согласувам со Aноук и Tеси во целост.
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    22.483
    Пол:
    Женски
    Мажот на блонди од пријателката на другар му, за да не каже на жена му (и другар му е женет).
     
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    9.097
    Пол:
    Женски
    Aха,значи прељубникот дури ја уценил оваа :^) .Блонди ,значи и самата намера некој да изневери е веќе неверство,а не пак што на друга и се пуштил.Сама си процени колку те сака мажето твое,и можно е ова да не му е прво неверство :!:
    Другиот ден му стигнала порака од таа девојка на мажот ти да не каже на пријателот,ете ти го доказот,сепак имале секс.Tебе така ти кажале дека баш во тој момент не се случило ништо и он си дошол дома,значи поентата е да не сте откриле ти и жената на пријател му за таа девојка.
    Теси фала што ми појасни ,оти нејасно беше напишано за свирката :*
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    22.483
    Пол:
    Женски
    Искрено хермоса, можеби и јас претерувам со моето гледање за бракот, ама ептен ми паѓа мака на душата кога ќе слушнам за вакво нешто. Јас искрено бракот го сметам за заедница на која и` давам висока духовна вредност во едно општество, на еден посебен, поиздигнат вид на заедништво меѓу двајца луѓе кои поседуваат зрелост за таков вид на заедништво. Како некоја која е во брак ме боли и сочувствувам со жените, па и по некој маж кои мораат да минуваат низ тежок пат полн со жртви и голтање кнедли за да го исправат тоа што не тргнало во вистинска насока во нивното семејство.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    9.097
    Пол:
    Женски
    Теси ,јас сум по буквалист и од тебе :D,ти си си таман со мислењата. Го сметам бракот за света работа,и тоа јас и тој станува едно,а цело е кога две души се споени во едно.Mногу сум романтична но ете животот не ме мазнел за љубовта :D .Поздравче најсрдечно за тебе Tеси,ти си жена за пример :hug:
    Сочувствувам и јас со секој кој стада,додуше ретки се машките што би пателе за љубов посебно во овој век.
    Во случајот на Блонди неверството е очигледно,а маж и не само што не се кае,туку и се прикрива а тоа значи само едно-ќе си продолжи со неверствата како ништо да не било.Tака јас ја разбрав оваа ситуација :| .
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Добро бе лепотици се разбира дека не.Во врската не ве врзува ништо што е уште подобро , додека имам слушнато од некои жени дека заради децата ќе останат во брак , заради немање пари ако не работи никаде (што е во повеќето случаеви во Македонија).Ама никако да траам некој што ќе ме изневерува и ќе ми работи зад грб.Во никој случај. :shake:
     
  9. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Тој што изневерува, тој да не го чуваш бе лепотице. :!:
     
    На Hipica, kaja001, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    9.097
    Пол:
    Женски
    Tакви машки што не им е во план да се со повеќе или уопште да се само со една,не постојат :) .Ке да е лепотиците да си ги чуваме тие што изневеруваат :rofl:
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Едно големо НЕ. Да започнеме од себе ете на пример ако еден човек го сакаме, врската ни е совршена, има разбирање, почитување и се е како што треба.. Зошто да го изневериме? За да изневериш или нешто ти недостига во врската или не го сакаш другиот партнер да кажам, трето нема. Сеуште не алхокол или било што кој ќе те натера личноста која ја сакаш да ја изневериш. Тој што изневерил еднаш, ќе изневери пак. И да останете со личноста која ве изневерила ќе ви биде многу тешко и криво. И ќе имате уште повеќе проблеми и кавги. При секоја кавга ќе го спомнувате тоа. Може да си мислите дека сте простиле, ама нема да заборавите. Мој совет- Прво раскини, па после биди со кого сакаш. Нема потреба да го повредуваме другиот партнер, кој најчесо во 90% од случаите со неверство, не го заслужил тоа.
     
    На martine, Bitanem и Saricko им се допаѓа ова.
  12. Saricko

    Saricko Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.137
    НЕ НЕ и НЕ ...еве и зошто ми се случи со бившиот дечко и му простив со тешко срце а тој после тоа продолжи да ме изневерува уште повеќе од порано зошто??..мислел еднаш ми прости па постојано ќе простува.. :fubar: :x затоа кога некој ќе ве изневери веднаш прекинете ја таа фарса зошто тоа не е врска не е љубов кога некој ве сака не му е потребна друга :)
     
  13. abcde

    abcde Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    13
     
  14. One.Day.One.Girl

    One.Day.One.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    40
    Дефинитивно НЕ! Ако те сакал ако му било убаво со тебе ако те ценел и се тие работи натаму немало да иде со некоја друга да изневерува :geek: :x
     
  15. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Нормално дека не треба да се прости. Втора шанса? Не фала... Ако еднаш се случило ќе се случи и пак...таква е личноста... Еднаш простив... пак исто... чао пријатно. И уште нешто шо треба да се размисли пред да се влегува во врска со некој/а... Ако тој/таа личност го изневерила својот претходен партнер за да е со вас... ја сакате погрешната личност затоа што исто ве чека
     
    На poenta, CrazyGirl15 и Nati.P им се допаѓа ова.
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Браво за ова :bow:
     
    На Safira26, bebence456 и a.nnna им се допаѓа ова.
  17. ARTEFAKT

    ARTEFAKT Нов член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    bi prostil pod eden uslov ako taa licnost koja me sakala se pokae i priznae i dokaze deka barem nesto i znacam i se obide .. da mi go vrati toa so pozitiven efekt kade ne bi ja svatil nejzinata .. karakterna slabost kako seriozna zakana kon vrska brakot i so ti ja znam kako i da se deklarirame !
     
  18. HermioneGranger

    HermioneGranger Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Јас бев со дечко ми 1 година и 2 месеци. Во последно време врската не ни одеше баш најдобро и се договоривме неколку дена да не се гледаме, но не и да се скараме засекогаш. За тие неколку дена дознав дека излегол со бившата и тоа 2 пати (колку што знам). Никако не сакаше да ми признае и упорно тврдеше дека му е братучеда, иако јас бев сигурна и подоцна ми призна. По првиот пат кога излезе ми се јави и тврдеше дека не можел без мене, дека ме сакал најмногу слично, за другиот ден пак да излезе со неа. A таа е од друг град и беше дојдена само на 2 дена. Откако си замина, тој почна секој ден да ме моли, да доаѓа кај мене пред врата и да ме чека да си дојдам дома, да станува во 6 наутро и да ме чека да тргнам на училиште, да плачи, да вика дека се кае премногу, дека било грешка која никогаш нема да се повтори, дека сфатил колку ме сака и како му е без мене, дека ако му се вратам ќе се потрудел да поправи се и рече да му се скарам и за најмалата грешка, сакал само втора шанса и ќе ја искористел максимално. Не знам дали да му се вратам. Искрено, сакам ама мислам дека никогаш нема да заборавам зашто сепак 1 година не е малку и бевме премногу блиски а тој сето тоа го фрли во вода и замина со неа. Ми тврди дека не ме изневерил, дека само излегле ама не верувам во тоа. И ако сме пак заедно мислам дека многу тешко пак ќе можам да му верувам..
     
  19. laven1

    laven1 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Најдобриот одговор можеш да си го дадеш самата ти, неможе никој друг да ти каже што е најдобро. Седни и размисли со "ладна глава" . Земи го во предвит тоа колку години имаш ти, колку години има тој. Размисли за тоа каква ви била врската претходно, секоја врска си има своја историја , свои проблеми и недоразбирања. Размисли дали навистина можеш да го простиш тоа, дали можеш пак да му веруваш.
    Изневерувањето се случи по 1 год. и 2 месеци. Ти кажувам од искуство, мислев дека можам да му простам , дека ке успее да поврати барем дел од изгубената доверба. Но не , не успеав мислата дека ме изневерил ми беше постојано во глава, се прашував самата себеси , каде е , што прави. Па по кратко време јас станав таа која не се трудеше за врската, јас самата се повеке и повеке ја уништував. Тој беше оној кој после неверството се трудеше, се беше како што ке речев јас , се однесував како светот да се врти само околку мене. Но после 11 месеци од изнверувањето дојде крајот на 2 годишната врска. По еден месец ме молеше пак да бидеме заедно , но бев премногу горда за да речам ДА, да бидам пак со него. Еве 10 месеци како не сме заедно, сеуште го сакам , но и сеуште имам премногу гордост за да бидам пак со него.
    Добро размисли и вистинскиот одговор го знаеш самата ти , и никој друг . :*
     
  20. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    За да може понатаму да функционира врската не е доволно само да се прости неверството,туку и да се заборави.Ако мислиш дека нема да го заборавиш тоа што ти го направил,подобро не се обидувај да направиш нешто за врската.Понатаму можеби постојано ќе му префрлаш за тоа што го направил и вечно ќе постои страв да не го повтори направеното.Затоа треба да се преиспиташ самата и да видиш дали си спремна освен да ја простиш,и да ја заборавиш неговата грешка.