Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    488 глас(а)
    19,5%
  2. Не

    2.018 глас(а)
    80,5%
  1. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    33.862
    Пол:
    Женски
    Не би простила, па и да оди секој ден во црква за да го попрскат со светена вода. :rofl:
     
  2. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Лесно е вака да бидеме строги и да кажеме дека неверство нетреба да се прости, но кога се работи за друг, но ставете се вие во таква ситуација. Сите знаеме посебно ние повозрасните дека неверството може секому да му се случи и дека тоа во принцип нетреба да биде ништо страшно, ниту би требало да го загрози бракот или врската, но само доколку е неверство а не паралелна врска.
    Јас би простила но секако дури јас кога се најдов во ситација да мене треба да ми простат сватив како им е на оние кои биле случајно или намерно неверни. За среќа сеуште не сум во ситуација да барам прошка бидејки партнерот незнае за неверството но јас би простила да сум во ситуација да бидам изневерена.
    Но ме интересира дали според вас има оправдување за неверство во брак, на пример ако партнерот е подолго време во странство или доколку поради болест неможе да си ги извршува брачните должности....
     
  3. orhidea25

    orhidea25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    И јас сум многу чувствителна личност и мислев исто како тебе. Ама погоди што? Простив неверство. И се случува токму тоа што го имаш пишано во првиот дел од постот. Не знам како да постапам. Од една страна сакам да расчистам и да ставам крај, да отидам некаде далеку баш кога најмногу ќе му требам, а од друга страна замислувам семејство со него :doh: Инаку неверството не беше само секс за една вечер, туку беше неколку месеци. Сега вели дека не оди, ама ме јаде нешто внатре. Знам, ќе ми речете штом е така откачи го, не те заслужува. Ама зошто да го оставам на некоја ете така на тацна :worried: Секако изгубив толку време, толку години отидоа во вода. Нека отиде уште некој месец, јас немам што да изгубам. Ама тој има, и те како.
     
  4. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    111
    јас би простила ама онака да биде простено. ама истиот однос со таа особа не би го имала во никој случај :D значи би простила само од човечност.
     
  5. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Тогаш е подобро да раскинеш, бидејки тоа не е простување ако после тоа на секој збор го обвинуваш или ако се смени твојот однос кон него. Во врска или брак нема простување поради човечност, или простуваш скроз или не простуваш.
     
  6. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    111

    реков дека истиот однос со таа особа не би го имала. што значи се разбира дека веднаш би раскинала, т.е односот нема да ни биде исти, но не би правела драма од тоа :) а од моја страна ако му олесни би простила, но не би се навраќала на него повеќе.
     
  7. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38
    нема шанси да простам неверство он ако тоа го направил еднаш ќе го направи пак и фактички јас сум глупавата ее неќеш така друже
     
  8. Rawr

    Rawr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    38
  9. kafee

    kafee Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    2
    бев глупа и простив, сеа се каам многу и секој ден ме јаде тоа.
    учиме од грешките на другите, НЕ ПРОСТУВАЈТЕ
     
  10. Jinx

    Jinx Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    74
    Не би простила. Поготово ако е „случајно“. Не можам да разберам како тоа може неверство да биде случајно? Што,одиш по улица и паѓаш на к**?
     
  11. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    126
    А бе какво простување, бега таму. Може неверни да бидат и мажите и жените. Али убедливо водат маживе. Научно е докажано :!: Ќе се трудам да бидам верна и да му угодам, за да легне со друга. Не бе , не, која глупача јеботе, подобро сама цел живот да бидам него со такви. А овие жените што простуваат неверство стварно не знам како функционираат, :fubar: една по една ми иде да ги фатам и да ги истепам сите едно убаво за да освестат што евентуално прават, бидејки се додека има такви жени кои го допуштаат тоа ќе има и неверства. Ете сеа е до нас жените, буквално се. Те изневерил еднаш? ќе те изневери пак лепотице и ова е научно докажно. :!: Биди кучка, остра, ладнокрвна, избувлива, подобро фати задави го со голи раце отколку да му простиш. Е ќе видиш дали ќе му текне друга жена да превари, морее ќотек само, каква толеранција какво простување, чунки и тој е излезен од убавото, од рајот.
     
    На WildNightGirl и LadyInTheDark им се допаѓа ова.
  12. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не би простила неверство,сметам дека ако еднуш те изневерит ке те изневерит и втор и трет пат така да огромно НЕ!! Таа врска,после неверство,не е иста,стално ке постојт доза на сомнеЖ и немат да е ништо како порано..
     
  13. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Аууу нема шанси кај мене такво нешто,каквоо простувањее... :shake: Пред се ми е ГОРДОСТА на прво место! :!:
     
  14. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Најчесто така се случува... апсолутна вистина...
     
  15. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Може неверни да бидат и мажите и жените. Али убедливо водат маживе. Научно е докажано :!:

    А со кого изневруваат жените? Ако изневеруваат со мажите, тогаш поеднакво изнверуваат и едните и другите, друга „наука“ нема...
     
  16. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Во никој случај.
    Е да бе тој ќе ме прави будала ќе се лигави со некоја ќе стигне а кога ќе му текне ќе ми се врака мене. Нема шанси.
     
  17. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    700
    Пол:
    Женски
    Да ме сакал ќе ме изневерел?
    НИКАКО!!
     
  18. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Нее ! Затоа што ако еднаш го направил тоа, ќе го направи пак уште еднаш па така да никако простување неверствоо ! :!:
     
  19. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    И јас отсекогаш велев дека нема да простам неверство.....но после 28 години брак ете и тоа се случи......И сега што да правам јас?Многу размислував.....со мене се е во ред,сигурна сум во нашата љубов,знам дека ме сака,но сепак го направил тоа.....јас го сакам,а ни на сон неможам да замислам да го изневерам.....Ме боли многу,но сепак му простив,без гужва,без испади мислејќи притоа на нашиот авторитет,а најповеќе заради децата....Можеби некој ќе ме осудува,ама така е тоа кога веќе имаш прекрасни деца,кои топрва треба да се удомат....за нив вреди да се истрпи.... :(
     
  20. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Кај вас ситуацијата е поразлична. Вие не сте како тинејџерите, Вие сте со животно и брачно искуство зад себе, прилично долго, дури 28 години, еееј 28 години, а освен деца (за кои „вреди да се истрпи“), авторитет..., вие зад себе имате уште нешто многу вредно - љубовта. Сигурна си во вашата љубов, но ретко кој ја има по толку години во брак, ретко кој може толку долго да ја негува и да ја одржи. Тоа, навистина, е голема причина поради која треба да си ја одржите брачната врска, да ја надминете болката, зашто и неверството боли, навистина боли... Има за што да ја надминете ситуацијата, иако можеби нема се да биде како што било...
     
    На krufce и bubili61 им се допаѓа ова.