Не би простила. Секогаш велам дека големината на луѓето е во простувањето, ама ова е исклучок. Неверството не се случува без причина, случајно, несвесно или незнам уште како... Ако ме изневерил, тој свесно го направил тоа. Целата доверба која сум ја имала кон него, одеднаш се губи. Неможам да бидам толку глупава и повторно да му верувам. Би му дала втора шанса, но неможам целосно да простам. Всушност што и да правам после тоа, ако останеме во врска, нема да биде исто како порано и најверојатно брзо ќе заврши.
Да ме понижи на тој начин?! Ако го направи тоа значи јас не сум доволна за него, а таков човек покрај мене не сакам. Не, не би простила
Изневерувањето значи крај за се, не би простила никогаш, никакво извинување, никаво објаснување нема да помогне за јас да простам.
НЕ ! никогаш не би простила неверство ..чим отишол во прегратка на друга жена таму и нека си остане.има некој кој поубаво ке ме цени од него само ова не би го простила никогаш
Недај боже да ми се случи неверство незнам како би реагирала а за простување не верувам дека постои жена која би можела да продолжи нормален живот со таква личност покрај себе
Никогаш не би можела да простам неверство и да поминам преку тоа. Иако сите сме луѓе и сите грешиме,нема оправдување за вакво нешто. Искрено, сметам дека колку и да се кае,да се извинува и да моли личноста која го направила тоа,никогаш не треба да заборавиме дека тоа бил само нивен(свесно направен!) избор. Доколку некој навистина го сака,а пред се почитува партнерот никогаш не би сторил вакво нешто и не би дозволил да ја уништи врската која ја градел,само заради некаква минлива авантура. Иако ми се нема случено до сега, се надевам и нема би скала да ги поддржам сите девоки(а и момчиња) кои се нашле во ваква ситуација: Останете со гордо кренати глави и не дозволувајте да ве обесхрабрат ваквите личности,продолжете со вашиот живот како и дотогаш и останете силни. Ваквите личности не го заслужуваат вашето внимание,а НАЈМАЛКУ вашите солзи.
90% Од овде што пишувате дека нема да простите, ќе простите. Прост пример: Не мора да простите. Не се опростува тоа што никогаш нема да го дознаете. Еностано си живете со мислата дека тој е само ваш и нема шанса да ве изневери.
Сите сме силни на зборови, нема никогаш да простам, нема да ме изневери, никогаш нема да погледнам друг/а... Но... Голем процент простуваат неверство, и жени и мажи. Дел заради на романтичната приказна продадена од Холивуд, не знаеш што имаш дур не го изгубиш, па сфаќаат дека не можат еден без друг, бла бла бла... Дел дека причината е во нив, па заради себеобвинување простуваат. Додека трети цврсто веруваат дека партнерот никогаш не (би) го сторил неверството. Порано велев нема шанси да простам, ама како размислувам и се ставам во потенцијална ситуација се повеќе заклучувам би простила неверство, секако ако дознаам. На прва не би го обвинила него за неверството, туку другата личност. Па би ја елиминирала од животот и би разговарале. Причината зошто би простила неверство е затоа што можеби е момент на слабост, на хормони, и кај него и кај мене. Не можам глава да дадам дека никогаш не би го изневерила дечкото/сопугот... Штом не можам со сигурност да кажам за мене... што останува за другот. На крајот на разговорот и денот ако бива да сме заедно ОК, ако не, пак ОК.
А што значи да те сака? Дека треба да е безгрешен од сега и засекогаш? Поголемо неверство е да мисли на друга дури спие... Ама тоа, нели, не се гледа, па се тешиш дека САМО ТЕБЕ те сака, само тебе те гледа, само на тебе мисли, само со тебе спие...
Не ми се случило во врска, барем не знам јас. А во брак не знам како би ми било оти не сум мажена, ама не се трескам дека одма ќе се разведам или пак ќе ми биде се исто. Едноставно не знам и затоа нема да давам мислења овде.
Секое машко има сексуални нагони и сака да спие и со други жени. Исто и жените, мислат и фантазираат за други мажи. Не значи дека мора да ги остварат фантазиите. Што е љубов? Лачење на неколку типа на хормони, од кои два се најбитни: окситоцин и васопресин. Целта на љубовта од еволутивен аспект: долготрајна поврзаност со цел заштита на потомството. Научно е докажано дека личностите кои се заљубени имаат значително намалена желба за секс со друга личност (едноставно помалку ги привлекуваат други личности). Далеку од тоа дека таква желба не постои, но е мн помала отколку обично. Затоа, ниедно оправдување не држи вода, ниту дека бил/а пијан/а, дека било само за еднаш итн итн. Едноставно нема љубов, или недоволна љубов за да се биде верен на личноста.
Имам кошмари две ноќи по ред. Сонувам како ме изневерува. Ги отворам очите, спие до мене, ги затворам, пак е со друга. НЕ спијам, станав во 4 потресена од сонот, и после веќе не спиев. Во сон болеше ко срцето да ми излегува од градите. Во живо, би болело 100 пати повеќе. И да простам?! Нема шанси. Некој толку да ме повреди, а јас да останам за пак да го направи истото, кажува за мене дека не се сакам самата доволно.
Убаво е да се прости,ама нема зошто да се остане заедно. Кога ке подразмисли човек,колку сила треа да се има во себе за да можеш на некој кој те погазил да му се прости. Можел ино лепо да си каже,крај краева да се откаже од она што е помегу нас.Човечки да се разбереме па нека прави со животот што сака и со кого сака. Ваљда единствено би останале со партнерот кој ги изневерил само оние со кои тој сакал да прекине а тие тврдоглаво Не.Знаете има и од оние на кои упорно им кажуваш дека не оди,а тие ко слеп за стап,ете кај и да е ке заоди. Ако простувањето се одликува по тоа што ќе треба да останеме пак заедно,не,не би простила.
Ме изневери...... Тоа беше пред 3 месеци кога случајно видов порака од моја далечна братучетка, ми се правдеше, ме убедуваше дека знае и дека ми е братучетка, дека таа излагала со негов другар. Ме изневери додека бевме скарани, а ги употреби најубедливите зборови, и јас му поверував. Иако потсвесно знаев дека е вистина, секој ден тоа девојче го гледав во училиште, и секогаш ме гледаше. Секогаш мислев дека ме изневерува, дека ме лажи, преку 2 дена плачев,не бев исполнета,мислев дека не ме сака, а не знаев зошто така мислам. Ми рече дека сум будала, дека си преувиличувам, а тоа беше само мојата интуиција. После 3 месеци, му пишав порака во која му реков веќе знам се, а тој не одречи ништо. И го избришав засекогаш. Поентата ми е ако решите да простите некому неверсто, бидете сигурни дека сте му проситиле и заборавете, ама ако навистина не можете немојте да се измачувате повеќе.Сигурно сите имате интуција, дозволете ви да ве води. Јас се обидов да заборавам ама сите овие 3 месеци воопшто не бев среќна и само плачев, и имав безброј сомнежи, и така љубовта се губи. Мене неверството ми е доказ дека нема ни почит а камо ли љубов. Тргнувам од себеси, имав шанса многу пати да го изневерам, ама ако го направев тоа нема да можев да го погледнам во очи. Ние идевме 1 година и не се гледавме многу често, да се гледавме често ќе сфатев дека му здосадив. Ама за сите проблеми има решенија, прво треба да се обидеме, а ако не може нешто да се реши, кажи ми дека не ме сакаш, дека не можев повеќе и готово, тоа ќе го сватам. Ама за жал денеска не ја вреднуваат љубовта, се е само страст, секогаш се има резерви.
Neverstvoto e golem grev. Nema proska za neverstvoto. Proska i iscistuvanje samo pred Gospoda. No na personalno nivo ne bi prostila nikogas.
Најдобро кажано, искрено вистинито, малку се на број личностите што размислуваат така, а и мора да постои голема љубов за да се поминат некои граници, физичката привлечност е ниска животинска страст што може да се спореди со животинската страст на парење, духовната љубов е сосема нешто друго нешто исконско , невино, мислам можеш цел живот да сакаш некоја личност а да не си воопшто со него\неа, тоа е платонската љубов, највистинската најчистата...