ако успеам да ги исконтролирам емоциите ке и простам за да ја варам со други (барем додека да најдам боље од нејзе) ...е ама неможам да се контролирам така да ке заврши со бан од мобилен,фб,све остало (може после година/две ке и зборам пак)
Најголем дел од луѓето нема да простат неверство (демек), на зборови сите сме јаки. 50% ако не и повеке се изневерени а не дознале, кога партнерот успешно прекрил, кога самите затварале очи не сакајки да се соочат со вистината, битно биле изневерени. Е сеа ако те вара а не дознаеш тоа се брои ли? Коа сите околу тебе знаат а ти главата крената и си мислиш дека си со светец? Би простила ако знам дека е момент на слабост, без обврски, без понатамошни контакти. Ако има нешто повеке сигурно нема да ме чека да одлучам дали ке простам, сам ке стави крај на врската.
Не. И секогаш не. Прво велев не со резерва, сега знам дека можам да го речам, две- три солзи на страна ама некогаш подобро е да ставиш крај на работата колку и да боли моментално него да ти биди потешно извесен период потака. Неверството понатаму би ја нарушила довербата, и барем према мене неможи да има врска ако нема доверба и со тоа можи да донеси до заладување на односи. Некои можат да поминат преку тоа, барем знам дека јас неможам и се би простила ама кон неверството сум имала некоја одбивност и секогаш ми се чини сум го осудувала без многу двоумење.
Мене ми е малку сменето мислењето за ова. Бев категорична во однос на непростувањето, ама сега би се размислила. Прво, нема да биде туку така шутнување, фрлање на сите години градење на врска. Би ја испитала ситуацијата, зошто се случило, која е причината, дали било нешто минливо или е нешто потрајно, дали му фалело нешто во врската што отишол да го бара на друго место, дали треба јас да сменам нешто или и двајцата сме затаиле... Би пробала да разберам, па потоа ќе видам што понатаму. Не знам дали сепак би успеала да поминам некако преку тоа, ама ете, би била отворена за истражување на проблемот. И мислам дека не е исто на пример неколку месеци врска каде е многу полесно да заминеш и долга врска во која се вложило труд, или пак брак.
Заради тоа што сум рака на срце, прилично егоистичен тип на девојка верувам дека би можела да му простам за тоа што ми ги повредил чувствата, но никако не би можела да си ја потиснам гордоста кога со тоа би ми го повредил егото. Знам дека ова е веројатно најирационалниот осврт на ситуацијата, но еден од најважните сегменти во подолгите и посериозни врски, за мене е токму сексот и еротската привлечност. Дури и да не е така, после оваа случка во главата би ми било врежано тоа дека тој не ужива во сексот со мене (а може да биде од илјадници други причини) и токму затоа го сторил тоа кое што го сторил, и искрено, не би можела да бидам во врска со човек кој моето тело не го смета (или бар мислам дека не го смета) за божество. Како и во многу други животни ситуации, тука би пресудила мојата психа и моето тежнеење кон размислувањето преку чувства. А чувствата, се знае, токму се спротивни од реалноста која ја поддржува одлуката која повеќето луѓе би ја сметале за ’нормална’. Зошто тоа го направил, не би ме интересирало воопшто. Без разлика на тоа дали било од подлабоки и емотивни причини или само од страст (а понекогаш страста е посилна и од емоциите, и од љубовта), сеедно би направило да се чувствувам лошо. Од друга страна неверството не го сметам за нешто страшно (во некои случаеви дури и го оправдувам). Но, едноставно, не би продолжила со таа врска бидејќи познавајќи се себеси, не би била среќна со такви мисли во своето секојдневие. Не би му верувала на ниеден збор, не би имала желба да водам љубов со него, би се уништувала и себеси а и него со таквото однесување. Би станала љубоморна, нервозна и незадоволна и од себеси, и од него и од целата наша љубовна врска. А ако не сум среќна, што по ѓаволите барам во неа?
Јас сум бул сведок на доста неверства што се случувале околу мене, неверства на другари, роднини па и луѓе што не ги познавам добро, дури имам читано и нешто на форумов. Имам размислувано за тоа кои се причините заради кои настанале и дали постои нешто како оправдано неверство. Доста дечковци особено оние што се во долга врска дури и женети изневеруваат, доста од нив изневеруваат поради тоа што биле во долга врска со еден сексуален партнер па ми се допуштило прилика да изневерат и го сториле тоа, се разбира тоа го сметаат како one night stand авантура и си се враќаат јас своите девојки како ништо да не било. Надевајќи се дека нема никогаш да дознаат за тоа што се случило и се ќе си продолжи по старо, зашто според нив тие сеуште ги сакаат "љубените". Истото тоа го прават и женети мажи. Свесни се дека имаат семејство и дека една грешка може да го растури тоа, можеби среќни се и сакаат да испробаат нешто ново. Постои и друга група што иако е во долга врска/брак не чувствува привлечност кон партнерот па заради различни причини не ја прекинува врската. Тука поверојатно е дека постои поголема можност за "изневерување". Имам приметено дека постојат диста такви врски, заедно се, а незнаат ни самите зошто. Личен пример мене што ми се има десено, бев излезен со другар во еден клуб имавме предходно доста испиено, и пријдов на една жена со цел да ѝ кажам дека другар ми е заинтересиран, за чудо почна да ми зборува таа да ти била мажена многу години. Jас ѝ викам во тој случај си одам. Потоа истата жена му приоѓа на другаров и збори како е мажена толку и толку години, но немала секс со него и затоа е излезена да запознава луѓе. По што како добар џентлмен другар ми го напушти клубот, сам Поентата ми е дека женава иако е во брак и не е среќна(не знам кој е виновен а тоа, далу маж и ја изневерува, или не ја сака или нешто сосем друго.) сепак поради некои причини не се разведува. Не донесувам никакви заклучоци(за горенаведеното) само кажувам како се случиле нештата барем како јас гледам како се случиле. Според мене доколку си во сериозна врска со некој има две причини прво се разбирате и уживате во тоа што сте заедно и второ сакате да имате секс. Многу секс
Подобро е да не му простам него после да го јадам постојано за тоа што го направил. Би останала можеби со него ама не би можела да заборавам, што всушност не е ни простување. Не би можела да го бакнам, не па во постела да завршам пак со него.
Јас не би простила неверство. Од проста причина што барем според мене кога двајца се во врска ... тие таа врска ја градат со доверба љубов почитување итн. е сега кога би се случило тоа неверство од било чива страна значи се губи довербата, почитувањето и таа врска како и да е е осудена на пропаст. Нема зашто да се простува. Има многу девојки кои знам дека се плашат да стават крај на врската само затоа што се плашат да останат сами. Моето мислење е дека не треба да зависиме од некого, за коа ке дојде ситуација неверство, тепање да неможе да се прекине за да не се остане сам. Пофино сам него со погрешна личност. Бев изневерена и да го сакав мегутоа не му го простив неверството. Пофино ми беше да болувам некое време сама, отколку да останев во таа врска и да мислев дали повторно би се случило тоа и да ме праи будала у здрав памет.
Не би простила, неможам да простам и да сакам. Врската ја градам брз основа на искреност, доверба еден во друг и сигурноста дека личноста што е со мене е само за мене. Ако го направи тоа еднаш, животот понатаму носи секакви ситуациии, јас не би можела да му верувам дека нема да го направи никогаш повеќе. Мислам, па и до тогаш сигурно велел дека нема никакви шанси да направи нешто такво..... А и самиот акт дека тој помислил, посакал да милува друга, за мене е уништувачки, можеби поради тоа што самата сум таква да ако сакам еден човек не можам да мислам на друг, а уште помалку да отидам. Затоа барам некој кој размислува како мене од тој апсект...
Ако ме изневери значи јас сум била невидлива за него во тој момент или период..без разлика на се ако би ме сакал навистина нема да го направи тоа....а веќе ако го сторил тој влегол во својот ризик и последици ако дознаам големо НЕ за простување.
Доколку некоја личност ВИСТИНСКИ ја сакате и почитувате никогаш не би помислиле на неверство, така да според мене неверство никогаш не смее да се прости ..!!!
За мене едно правило важи во врска со неверството Ако ме сакал доволно никогаш не би ме изневерил!!! Ми се чини дека никој не може да ме убеди дека треба да се прости...после секоја лага секој збор кажан е сомнеж...досега не сум имала искуство да бидам изневерена или да изневерам...голем противик сум кога станува збор за неверство
Не би простила. Ајде ваше мислење кажете ми за ова што ми се случи: Имам дечко и идеме 3 месеци. Супер ни е се. Премногу е добар, паметен, преубав.. се кај него ми се допаѓа и преубаво ни е во врската. Е, сега.. пред два дена бев излезена во диско, дечко ми не беше бидејќи сабаљето на работа требаше да иде. Се беше океј и никогаш не помислував да го изневерам. Таа вечер ми стигна порака на фб од еден бивши муваш: ZDRAVO. (и тој беше во диското)... Јас не му вратив. Потоа уште една порака: ЗОШТО НЕ ВРАЌАШ НА ЕДНО ЗДРАВО НЗ НИ ЗОШТО НЕ СУМ ТЕ ИЗБРИШАЛ ДО СЕГА. Јас пак не вратив и уште една порака ми прати не се сеќавам баш.. и јас му пишав: ШО ТОЛКУ СИ НАПНАТ АКО НЕ СУМ ВРАТИЛА. И ми пиша ајде излези надвор да те прашам нешто само. (не знаеше дека имам дечко).. И јас си реков ќе идам ќе му кажам и да си знае, да не изигравам некоја да го бришам, да го повредувам. И кога излегов таму немаше никој.. И правеме муабет пола саат и му кажав дека имам дечко. (иако ми беше убаво со бившиот муваш, фино онака, само два пати се имавме смувано).. И тој ми рече океј ценам шо си искрена. И правевме уште муабет, онака пријателски ми кажуваше за цимерот, па за ова она... И после некое време се појави не знам како позади мене а јас навалена бев на нешто.. И ме бакна на вратот. Му реков на вратот не се важи да знаеш за утре да не излезе дека нешто сме направиле. И јас да се истргнам додека му го кажувам тоа и тој некако ме заврте нз како и спроти мене беше и така озбилен и ме гледаше и јас како изгубен случај не очекував таква реакција.. И не знаев шо да правам, тој стоешепред мене близу скроз и јас надолу гледав. И она нешто почна да ми збори и идеше накај мене (да ме бакне). И нз шо ми стана тогаш така некако бев побркана и стоев. И он се нековата уста ја доближе до мојата (малку глупо звуче) и онака само ми дишеше и јас се истргнав. Тоа траше околу пола минута. Не се бакнавме како што треба. И не знам веќе што да мислам, и самата не знам што сум направила. После тоа одма истрчав накај диското, тој остана таму,ништо не му реков. (иако ме привлекуваше искрено, убав, згоден, али сепак љубов нема) Е сега, не знам што да правам во врска со бившиот. Од тогаш, се немам видено со дечко ми, кај и да е утре или задутре ќе се видиме. Ми се јави вчера си реков да му спомнам нешто дека треба да му кажам али тој бесел ми расправаше на работа вака онака, ти како си кути ги тие и тие апчиња, иди на лекар и се нешто добро.. И немав срце да му го кажам тоа. А и може многу грешно да ме свати, иако не го очекувам тоа од него. Си реков да заборавам на тоа, али не е лесно.. Се е чисто како солза во врската, немаше до сега неверство, љубомори, карање (чат пат, али онака слатко),... не сакам да го расипам тоа многу ми верува.. мисли дека сум да не речам "божица" .. али мене ми стое на грло тоа, стварно не знам како ќе го погледнам. Иако не чувствувам многу вина, бидејќи не се смував али сепак ме бакна..како да ви кажам... сепак отидов да видам што сака и да расчистиме али ете се деси тоа сето.. Совет, молам.
Тоа шо си отишла да правиш муабет со него и да го расчистиш минатото за да продолжиш со сегашноста не значи дека си го изневерила дечкото... само сте си дишеле(.. така ти кажа)... Според мене има разлика од неверство до неверство, така да јас мислам дека треба да кулираш и да не му кажуваш ништо на сегашниот пошо само полошо ќе направиш
Nema opravduvanje i da si vo brak da te izneveri mazot sto ke mu prostite li abe odma razvod i zgorcuvanje na zivot zasto ako ednas mu prostite toj pak ke ve izneveri ne e opravduvanje zaradi decata da se prosti tuku ne treba neverstvoto voopsto da se prosti.tuku da se zavrsi so taa licnost sveedno dali vo brak ili vrska .
Ne mu kazuvaj ako mu kazes ke ti raskine podobr e e. Podobro e da ne mu kazuvas zasto ke ti raskine kuliraj ti ionaka si go odbila i nisto ne se slucilo osven baknez.
Ако никој ништо не видел, подобро е да си ќутиш. Ама ако некој нешто видел.... подобро е... да певаш. Зошто после ќе изгуби доверба во тебе и ќе си прави филм, ќе сумња и дека имало и нешто повеќе....