Треба да го доживееш тоа па да кажеш што ќе направиш. Досега не сум се нашла во ваква ситуација се надевам дека и нема.Според мене кога ќе се изгуби довербаа се е џабе , веќе нема да му верувам , нема да го гледам со исти очи и секогаш ќе му префрлам за тоа би било мачно и за мене и за него и искрено да се кае , мислам дека тоа ништо нема да смени .Тоа што се случило неможе да се избрише или измени како ништо да не било.Затоа пред да се направи нешто требе да се размисли! затоа што некогаш ќе биде касно и ќе нема 2 шанса.
НЕ. Ако можам јас да не го изневерувам и да не подлегнам на физичка привлечност, може и тој. Ако се сака, се се може.
Го немам доживеано ова и се надевам дека и нема. Јас не би простила таква работа, и сметам дека тој што изневерува не сака доволно. Па, зошто би продолжила јас врска со личност што не ме сака доволно за да одолее на некое искушение? Потоа секој следен пат кога ќе ме бакне, ќе ми текне дека и со некоја друга тоа го правел и таа врска ќе биде само мачење за мене. Исто така мислам дека оние кои изневеруваат се кукавици. Ако некој не го сакаш или не ти е убаво со него, кажи му и остави го, а не зад грб да го правиш будала. Им порачувам на сите девојки и момци да не трпат ваква работа.
Го немам доживеано тоа, но сигурно дека не би простила тој што го сакам да ме замени со друга. Околу мене имам многу парови кои што си простуваат, но мислам дека потоа ништо не е исто и кога тогаш ќе се скине јазолот. Така да подобро би било да не се прости.
Не е работата дали може да се прости, туку дали ќе се помине преку тоа. Простувањето значи да се ослободиме од чувството на гнев, тага, лутина. Има луѓе што простуваат за себе и сопствениот мир. Ама има и такви кои неверството ги прави огорчени и одмаздољубиви. Да се прости е едно, ама дали ќе може да преминете преку неверството и повторно да му верувате на некој кој ве повредил, е друго.
Да би опростила но само тогаш ќе ги види 50 нијанси на оган. Или си со мене или без мене трето не. Почитувам да ми каже дека не ме сака и не сака да е повеќе. Или пак јас дека не го сакам и не ки привлечен. Мразам нз шо знам и слични политички манири. Просто и едноставно треба. И да ми кажи и да му речам дека ќе простам неможам бар во врска. Како ќе легнам просто гнасно ми е.
Убаво си кажа @AnaKarenina , треба да се прости, оти простувањето е доблест. А дали повторно ќе можете да и верувате на таа личност за да ја продолжите врската, тоа е веќе друго.
Можеби би му простила ама никогаш нема да заборвам ама јас тоа не би го рекла простување од моја страна бидејќи сигурно или него ќе го мрднам психички или самата себе едноставно таква сум неможам да поминам преку тоа не ќе можам да се замислам повеќе со таа личност а не пак да сум заедно... Вистина дека сите правиме грешки никој не е безгрешен за да бараш да ти простат треба прво ти да простиш...ама јас неможам и неможам така да не би простила неверство
Не дај боже, мислам дека нема да можам да го гледам во лице. Но зависи....една моја другарка - го изневери мажот. Но тој и прости - заради детулето. И гарантирам дека дома не им е веќе исто како порано.А што друго да се прави во таква ситуација?????
Секако дека не им е и нема да им биде како порано. Да, заради детето. Бидејќи нему многу ќе му помогне да созрее емотивно со тоа што ќе гледа нездрава врска. Ако и прости затоа што ја сака и со љубов и труд го надминат тоа, океј. Ама ако е заради детето подобро да се разделат и да му објаснат на детето дека понекогаш луѓето престануваат да се сакаат.
Пред некоја година една другарка го изневери мажот, беше во врска со женет човек кој кога се разоткри се, се врати кај жената. Таа остана сама, оставена и од сопругот и од швалерот. Тогаш, во таа ситуација застанав на страна на нејзиниот сопруг, зашто за мене беше незамисливо да го правиш тоа зад негов грб. Секогаш сметав дека ако постојат било какви проблеми во бракот, треба да се обидеш да најдеш решение, а ако не бидува ....збогум, секој по својот пат. Сега мене ми се случи интернет афера. Допишување, слушање по телефон, проработија и чувства, се изгубив. Постојано мислев како да го изведам тоа да се видам со него, а да немам никакви последици по бракот. Среќа, во тој период кога тие чувства беа најинтензивни кај мене, заради обврски ни се разретчија допишувањата и телефонските разговори, па имав доволно време убаво да размислам за се. И сватив дека ми е поважно семејството. Ние сеуште контактираме, се допишуваме но и двајцата сме сигурни дека нема да се случи ништо повеќе. Поентата ми беше, не можете да тврдите категорично да или не, додека не се најдете во таква ситуација. И мислам оној кој се нашол во таква ситуација, на работ да направи неверство, спремен е и да прости неверство.
[QUOTE="anel, post: 2313622, member: 98467" Поентата ми беше, не можете да тврдите категорично да или не, додека не се најдете во таква ситуација. И мислам оној кој се нашол во таква ситуација, на работ да направи неверство, спремен е и да прости неверство.[/QUOTE] Не,не и не...извини што ти упаѓам у зборот, ама едно големооо не за кажаното. Не сум човек што подржува неверства,иако имам простено и воопшто не се каам за тоа. Но,никогаш ама никогаш не би изневерила некој што го сакам. Недостаток на доверба, стегнати врски, премногу контрола, љубомора... доведува до неверства,ама за да се прости едно од нив мислам дека доведува само голема љубов,желба да се успее, верба и надеж...ништо друго. Се друго ми изгледа лажно,како на пример твоето ..оној кој се нашол на раб да направи неверство,ќе го прости истото. Дали тоа е нешто у стилот, еј океј прифаќам дека за малку и јас ќе го направев истото? Хмм,дури и да е возможно тоа (иако во главата не ми идат тие "коцки"..кому му е потребна веќе таква врска ..? и да, уште еднаш..извини што ти се вмешав, ама морам да продискутирам малку на кажаново.
Не,не и не...извини што ти упаѓам у зборот, ама едно големооо не за кажаното. Не сум човек што подржува неверства,иако имам простено и воопшто не се каам за тоа. Но,никогаш ама никогаш не би изневерила некој што го сакам. Недостаток на доверба, стегнати врски, премногу контрола, љубомора... доведува до неверства,ама за да се прости едно од нив мислам дека доведува само голема љубов,желба да се успее, верба и надеж...ништо друго. Се друго ми изгледа лажно,како на пример твоето ..оној кој се нашол на раб да направи неверство,ќе го прости истото. Дали тоа е нешто у стилот, еј океј прифаќам дека за малку и јас ќе го направев истото? Хмм,дури и да е возможно тоа (иако во главата не ми идат тие "коцки"..кому му е потребна веќе таква врска ..? и да, уште еднаш..извини што ти се вмешав, ама морам да продискутирам малку на кажаново.[/QUOTE] Сакав да кажам, се додека не се најдеш во таква ситуација не можеш да ги сватиш причините за неверство. А верувајте не е тоа секогаш недостаток на љубов, внимание, во нашиот брак се функционира одлично, но ете момент на слабост и се најдов во искушение. Фала му на бога се свестив на време, ама сега повеќе би разбрала кога некој изневери. Не оправдувам секако, мене ме јаде грижа на совест што си дозволив да се доведам во ситуација да размислувам за тоа, ама ако не се најдеш во таква ситуација секогаш ке мислиш дека причина за неверство е недостаток на љубов, непостоење страст меѓу партнерите, монотонија, а не е секогаш така. Затоа мислев оној кој бил на работ да направи неверство, повеќе може да ги свати причините и да прости.
Не знам дали имам прокоментирано во темава, и да имам, сигурно би го имала истото мислење. Едноставно е, доколку сака да е со тебе, не би бил/а неверен/на.
smesno ja neveruvam u vernost od zensko moze zatoa postoi neverstvo deka nemas verba u drugiot, lol samiot zbor si kazuva NE-VERSTVO kako nekoj anticki vonzemjanin da go osemenil zborot so skrieno znacenje
Верувам во верност од проста причина што, јас сум, и ако јас можам да бидам, секој може. Стварта е кој колку сака да биде верен. Од друга страна пак, никогаш не верувам некому целосно, мала сомничавост никому не е на одмет. Неверство би простила, откако ќе ја поминам фазата на хејтање...зошто нели.. фази се тоа. Би простила за да бидам на чисто со себе и да можам да продолжам понатаму, но тоа никако не значи дека ќе продолжам со истата личност што ме изневерила.
НИКАКО ! НЕМА фајде да голтаме и да бидеме добри и као ај нема да се повтори..ако имало еднаш несомнено е дека пак ке се повтори и тоа е факт. факт!