Ne,Nikako. Nema nikakvo opravduvanje za neverstvo.Demek pijan,drogiran,deprimiran i sto uste ne ..... ne ne i ne ako nekoj te saka vistinski nisto ne moze da go natera da te izneveri
Јас веќе двапати му простувам.....третиот пат незнам дали ќе простам......Мислев и јас дека неверство неможам да простам,ама тука се децата....за нив вреди некогаш да се замижи
@bubili61 Кога еднаш ќе се случи неверство во брак големи се можностите да се повтори. Ти си го искусила тоа благодарение на постапките на твојот неморален сопруг. Првиот пат си собрала храброст и си го голтнала понижувањето. Вториот пат само си ја повторила постапката од немилиот настан што се претворил во серијал со развратна содржина. Кога размислуваш и за нова епизода, т.е. трет пат свесна си со каков човек го поминуваш брачниот живот. Потсвесно нешто ти упатува сомнеж дека има простор за нова авантура. Тогаш простувањата ќе ти поминат во навика поради грижа за децата како што се изјаснуваш, а неговиот нескротлив нагон ќе ја продолжи потрагата по нови задоволства. Не оправдувам простување на неверство со образложение во кое причина се децата. Тие се дел од семејството во кое се нарушени брачните односи на партнерите. Во таква средина не може да се воспостави здрав и нормален начин на живот, а уште потешко е да се израсне потомството. Сега се само деца. Но, еден ден ќе бидат возрасни луѓе кои ќе изберат свој пат и ќе изградат сопствен живот. А ти ќе бидеш верната сопруга која во заштитничка улога на семејството ќе треба да го помине остатокот од животот во брачниот кревет со човек кој ќе ја грее постелата и на други жени. Треба сериозно да размислиш до каде ќе одиш со простувањето.
@bubili61 прости еднаш, двапати... Можеби ќе простиш и трет пат, заради децата... Ти си мајка „лавица“ која се би направила за своите деца !!! Но, што е со твоите чувства, твоите потреби, твојата гордост??? Една моја пријателка како тебе прости еднаш, двапати... десет пати... Денес има 55 години, уште е со истиот човек, а тој си тера уште по старо - од една врска во друга... Значи ни годините не го променија!!! Пријателката само си голта апченца и си се теши - еден ден ќе остари и ќе му здосади!!! Но, тоа ли е убавината на бракот??? Да чекаш да остариш, па се да се среди??? Каде се заедничките моменти на среќа, заедничките прошетни и одмори??? Каде се насмевката и топлата прегратка??? Мила @bubili61, децата ќе пораснат, ама тебе ќе ти недостасуваат убави спомени од зеднички живот со сопругот!!! Размисли, до кога ќе можеш да бидеш изневерувана жена!!! Некои жени ставаат крај на бракот на првото изневерување... Но, има и жени кои „замижуваат“ и продолжуваат понатаму!!! На тебе е да решиш на која „група“ ќе се приклучиш!!!
Жал ми е што го доживуваш ова. Никој не заслужува вакво нешто... Највеќе што мразам е неверство. Не дај Боже да ми се случи , али ќе ги задавам и двајцата На комшика моја и се случува истото што и тебе , и таа трпи ради децата се. Иако немам право да се мешам , да ѓи видам пред мои очи косата во раце ќе им ја дадам и на двајцата
НЕ. Имам простено и останавме заедно уште една година, но никогаш не успеав да заборавам. Постојано мислев на тоа и се чувствував понижено. Мислев дека не сум доволно добра, привлечна, едноставно немав воопшто самодоверба и причината ја барав во мене. Решив да ставам крај на таа врска и подобро ми е вака. Кога ќе се скрши нешто, колку што сакаш составувај го и лепи го, секогаш ќе се познава каде пукнало.
Едно големо ДА. Имам изневерено и добро знам какво е чувството.Потешко му е на тој што изневерил за разлика од тој што бил изневерен,секако доколку постои каење. И верувајте не е вистина дека изневерувањето е недостаток на љубов и дека сигурно ќе се повтори. Но сепак зависи од карактер до карактер, индивидуално
Се додека не се најдете во кожа на изневерена жена со две деца, неможе да се коментира. Ако сите изневерени жени се разведуваа досега сите ке бевме разведени Тоа е од една страна. Е сега, да се види и другата...впрочем немора да се гледа, туку да си поставиш едно прашање - ДАЛИ МОЖАМ ДА ЗАБОРАВАМ НА НЕВЕРСТВОТО И ДА НЕ ГО СПОМНАМ ВЕКЕ НИКОГАШ ПОНАТАКА ?? Ако можеш да заборавиш т.е. да не го спомуваш при секоја наредна расправија, тогаш остани со сопругот. Ако неможеш, тогаш собери си парталите Јас лично неможам да не спомнам такво нешто и доколку разберам дека се случило неверство , напуштам терен, знам , свесна сум дека секој ден најмалку 10 пати ке му го ,,лепкам,, Тоа врие кај мене...јаде црвот...ке си замислувам, ке го терам да ми опише како било и тоа мноогу ке ме боли. Во минатото сум изневерила и ми простиле, но јас самата сум заминала од врската бидејки знам дека од тоа не бидува ништо.
Би простила, но никогаш не би заборавила. Секако ќе има тежок период на префрлања одредени, но со тек на време и тоа ќе помине. Ако некој вистински премногу го сакам, би се обидела со сета сила да го зачувам за себе и не би и го предала така лесно на таа која сака да го превземе. Кривицата паѓа секако на дечкото, ама нејзе нема да и го олеснам патот во никој случај. Е во брак ова неважи, некој на кој јас му перам, чистам, готвам, раѓам потомство, а тој ме изневерува би размислила дали ќе легнам на истиот кревет со тој неблагодарник.
Искрено зависи од околностите можеби би простила а можеби ине ама едно нешто што не би простила е да ме удри никогаш не би простила која и да е причината ако те удри еднаш ќе те удри пак не сакам ако се омажам со него моето дете да има трауми како јас што имам од моите родители
Не го оправдувам изневерувачот, ниту изневерувањето како чин. Изневерување имало и ќе има додека има век и свет или додека има врски, брак... Не може да се каже едноставно дали би простил или не би простил, затоа што тоа е многу комплицирана ситуација. Ако се работи за брак и ако има деца во бракот тогаш таа ситуација е најстрашна и најтешка. Се поставуваат многу прашања... Зошто се случило изневерувањето? Дали нешто некому недостасувало и требало да го побара тоа настрана? Дали тој/таа е подобра од мене во сексот? Дали тој/таа е поубав/а од мене? Дали ја сакаш неа/него? ... Но... Да се обидеме да го погледнеме неверството од малку поинаква перспектива... На една страна е изневерениот кој се соочува со болка и се чувствува издаден/изневерен, а на друга страна е изневерувачот кој доколку искрено се покајал и сватил колку згрешил, има шанса да се промени и созрее како подобар човек и како сопруг. Дали да му се пружи шанса? Можеби треба... Партнерите може да кажат: добро, нашиот брак заврши затоа што не беше добар заради тие и тие причини... Ајде да се обидеме повторно од почеток, со тоа што ќе се потрудиме да не ги повториме истите грешки... Истите партнери! Еден до друг и рака под рака... Ми се чини дека ако меѓу партнерите сеуште постои љубов и искрена желба да се надминат проблемите, човечки е да се прости... Верзијата 2.0 на бракот може да се покаже како успешна, но ќе треба да се вложи многу труд и напор за да се поврати загубената доверба. Вреди да се проба, посебно ако има деца во цела приказна!