Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    488 глас(а)
    19,5%
  2. Не

    2.018 глас(а)
    80,5%
  1. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.080
    Пол:
    Машки
    Секогаш уми мисли и примери даваш колешке Браво сварно умно кажано.
    Се согласувам целосно искрено изневерувам незнам зашто и како ноо
     
    На ALISA0000 и referentka им се допаѓа ова.
  2. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    оваа тема е доста дискутабилна
    јас досега не сум била изневерена а ако бидам би простила неверство од оној тип каде што се сретнале во кафич некој ноќен клуб си се бендисале и ајде тое е минливо и би прогледала низ прсти маж си е маж се разбира дека ќе бидам лута извесно време но ќе помине
    а од друга страна ако стаува збор за паралелна врска со мене и со некоја друга тое не се простува никогаш!
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    А како ќе бидеш сигурна дека тој маж нема пак да те изнервери?
     
  4. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    затоа и реков дека е дискутабилна може момчето да изневери и да се кае може и обратно
    сама ќе си процениш во таква ситуација иако јас не верувам во таа изрека "кој те изневерил еднаш ќе има и втор пат"
    сите прват грешки мозокт е срча.
     
    На Taccka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Како што кажа членката погоре,ова е доста дискутабилна тема. Да не се првиме овде сите светци,едноставно такво време дојде да не можеш да си веруваш на самиот себе не пак на друг.Доколку се има десено на некое излегување под дејство на алкохол би премижала(би му направила да се кае на друг начин,не со изневерување),машко ко машко,зошто пак да ги фрлам сите поминати години со него за една која нема ни да ја памти,а впрочем од кај да знам мене на излегување што може да ми се деси. Е сега ако веќе станува збор за право изневерување,паралелно со вашата врска и трае долго,тогаш очи нејќам да му видам.
     
    На Taccka и tockaAa. им се допаѓа ова.
  6. Boni top

    Boni top Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Јас имам врска на далечина он е најмилата,најдобрата личност што сум ја запознала.... и на таа тема имаме неколку пати зборено,иако не верувам дека некогаш би се впуштил во чекор на превара али кога станува збор дали да се прости неверство или не јас му имам кажано дека доколку одлучи да ме замени макар и на една вечер со друга а јас да не го разберам тоа ондак нека му му служи на честа а доколку разберам такво нешто никогаш не би го оставила ....иако неможам да си го замислам тоа али моментот кога ќе го разберам тоа јас ќе го изневерам и ќе го известам одма зш само ЗА ДА ГО ДОЗНАЕ ЧУВСТВОТО ДА СЕ БИДЕ ИЗНЕВЕРЕН,да ја почувствува таа болка ....а дали ќе останеме заедно нека одлучи тој дали ќе може да се носи со тоа.....Јас ова го имам кажано и секогаш ќе си останам на тоа али немора дс значи дека и вие девојки го делите истото мислење како мене.Поздрав и убав ден
     
  7. Lavina :)

    Lavina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    НИКОГАШ во врска !
    А ако станува збор за брак каде има деца кои би страдале поради развод навистина не знам....во секој случај тие ќе страдаат: прво, не верувам после такво нешто дека ќе се има вистинска семејна хармонија и второ, ако има развод ќе бидат растргнати на чија страна на бидат... треба храброст за одлука во таков момент:|
     
    На karak и Boni top им се допаѓа ова.
  8. Boni top

    Boni top Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Пред се да кажам ова е мое мислење......Според мене во таква драстична ситуација мислам дека не треба одма да се преземе чекорот Развод.... Треба да се седне и отворени карти да се разговара а неговата или нејзината превара како што кажав нека им служи на честа ... Децата не се виновни за тоа исто така не е во ред да се нанесуваат психички трауми на деца кои што треба да имаат безгрижен живот покрај своите родители...Поздрав драга
     
  9. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Никогаш, кратко и јасно НЕ ! Се познавам доволно себе си, и нама шанси по неверство да го гледам со исти очи како пред тоа. Дури и ако пробам да одглумам ( а тоа нема никогаш да се случи ) дека сум прешла преку тоа, никогаш нема да му простам. Не ја гледам во тој случај поентата на нашата врска или брак, со или без деца.
     
    На Esmeralda-MD, mims-89, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Boni top

    Boni top Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Во ред е тоа што го мислиш те поддржувам но во ситуација кога се има деца многу повише се мисли на децата него ли на самата себе .Сепак јас така имам заклучено,тоа е мое мислење.
     
    На Lavina :) му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Па, подобро разделени одошто живот со префрлања и кавги. Јас не сум тип кој премолчува и трпи. Тогаш пак децата страдаат.
     
    На Esmeralda-MD, SV1911, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    67.828
    Доколку дојде до неверство во брак и партнерите не можат да се помират со тоа, тогаш најдобро е да се разделат. Зошто би живееле живот со препукувања и навреди? Па уште ако во приказнава има и малолетни деца кои се сведоци на ваква мизерна ситуација, тогаш баш поради нив треба таквиот брак да заврши. Иако изгледа дека децата не разбираат, дека им правите добро, но баш напротив - само ги траумирате и им создавате подлога за ред психолошки проблеми во иднина.
     
    На Daleron, mims-89 и Rama им се допаѓа ова.
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Една другарка го прашува еден пријател, кај си бе ќе искачаш ли вечер?
    И он Да ама со женами :( и тажно смајли.
    Човек ни да се смее ни да плаче, кај еднаш ќе излезе со неа па и жив тажен. Дечки да не му даде господ на никој такво нешто џабе се силат овде сите, јас парталите и летам од дома, развод ова она, половина град навечер е полн со женети мажи кои упорно бркаат слободни девојки, се муваат јавно си одат дома во 5 или 6 сабајле а ниту една жена немам приметено да побара од истите да се разведи. Неможе мажот да си иде дома во 6 сабајле и да не направил ништо.
    Затоа сеуште немам став во врска со неверството, може оти го немам осетено на моја кожа, или не сум го дознала ако се случило некогаш (што е поарно).
     
    На referentka, anakonda88, exoticgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. angela19

    angela19 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
  15. berrybush

    berrybush Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2015
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Не е битно дали ќе простиш или не. Битно е да увидиш дека:

    1. Варање е знак дека еден од партнерите има незадоволени потреби што другиот партнер или не сака или незнае за нив но и двајцата сакаат да останат во врската. Во спротивно, едниот само ќе раскине и ќе продолжи со друг партнер.

    2. Недоволно добра комуникација. Партнери што имаат срам од нивниот партнер да дознае за нивните скриени потреби се тие што им е полесно да посегнат по друга личност што може да им ја задоволи таа потреба.

    3. Форсирање. Двајцата или еден од партнерите се форсираат да бидат заедно иако на еден или на двајцата не им одговара заради страв од други работи како фамилија, социјален статус итн. Иако варање е доста ризична работа, чим некој/а ја прави и покрај све, полесно му/и е наместо да разговара отворено.

    Ултимативно, простувањето е абсурдно глупа работа. Дури и да простиш, тој/таа пак ќе го направи истото ако не се седне на маса со отворени карти. А ако не простиш, и раскинете / се разведете тогаш истото може да се случи со новиот партнер ако пак, не се разговара комплетно отворени за СИТЕ потреби на двајцата.
     
    Последна измена: 8 август 2015
  16. shining_star

    shining_star Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    А зошто тој во тој момент кога си го правел ќефот не мислел дека има некоја дома што го чека и му родила деца? Децата ќе израснат и со родители и со разведени родители и без родители, се зависи до карактерот. Во никој случај не би останала во брак само и само поради децата. Всушност, тоа ќе им биде пример како не треба да се однесуваат.
     
    На YoungandBeautiful и fallenangel им се допаѓа ова.
  17. berrybush

    berrybush Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2015
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со тебе, но нажалост децата зависно од возраста немаат дознаено норми и верувања за тоа што е погрешно а што не е и ќе го земат примерот од родителите како точен и ќе израснат верувајќи дека така треба да се прави во животот.
     
  18. shining_star

    shining_star Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    Точно, зависно од годините на децата. Можеби ќе го земат за точен примерот додека се помалечки, но кога ќе пораснат и кога ќе ги дознаат сите тие норми и верувања, што е погрешно, а што правилно, не верувам дека и тие би постапиле така, знаејќи како им било кога растеле и кога им требале двајцата родители, родителската љубов и грижа, а ги немале овие вредности поради неверството од страна на некој од родителите.
     
  19. berrybush

    berrybush Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2015
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Па да. Али некои работи се врежани како траума, особено ако родителите се чаламџии и склони кон висок тон и закани. Јас сум личен пример и верувам дека имам некаква си траума поврзана со разводот на моите бидејќи не бев при моја лична свест кога се разведоа.

    Али од друга страна, мојот брат и сестра (од другиот брак на татко ми) немаа таква траума кога пак татко ми се разведе со другата жена бидејќи они апла покасно го добија тоа искуство и до ден денес се свесни и им е јасно дека разводот била супер работа.
     
  20. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Машки
    Неверство е неверство ама зависи под какви услови било направено иако и тоа не го оправдува.

    Пример:
    1) Некој оди во странство на подолг период, а партнерот го остава дома и таму врши неверство
    2) Некој ве вара во сопствениот град

    Што повеќе ќе ве боли? Јас мислам второто пошто да сте во ист град и да ве вара ем што ве повредува и ви начучува рогови туку и ве прави будала и малоумен. Друго е кога неверството е во странство, ниту слушнете ниту видите но совеста гризе и кога тогаш ви признава дека се има изрокано со друг/а. :D

    Ако неверството се случи еднаш може да се случи повторно или никогаш повеќе. Ако се случи вторпат, тогаш сигурно ќе се случи и трет и четврт пат итн. што значи тогаш пресечувате во корен еднаш засекогаш!!

    Гласам за да, да не се прости неверство. Оставам на вас да толкувате. :D Според мене секој заслужува втора и само втора шанса. Оплеска ли тогаш, готово е. Засекогаш!
     
    На Loretta, YoungandBeautiful и shining_star им се допаѓа ова.