Темава ме наврати на мојата претходна врска што изгубив 2 години. Бев изневерна уште на почетокот од врската,а јас тоа го дознав после година дена. Од што премногу го сакав решив да простам,но врската ми беше повеќе и од очајна.Постојано со него додека бев ми текнуваше на тоа што ми го направи и почнувавме со карање и триста работи. Па решив да ставам крај . И откако ми се деси тоа сватив дека нема потреба да се измачувам,кога некој го направил тоа касно е да се поправаат работите.
Зависи до кој степен на неверство. Ако типот си шарал на страна со месеци, година - нема шанси тоа да пројде кај мене, чао пријатно! Макар да ми признал, макар се извинил сто пати, не гледам зашто би му простила ако тој не можел да биде верен, а мене ме правел будала цело време. Ако било еднаш, вреди да се размисли за простување. Сепак, секој заслужува втора шанса. Мада ќе ме боли се дур сум во таква врска и истата нема да биде никогаш каква што била порано, ќе се јават и те какви сомнежи и проблеми. На крај краишта луѓе сме - простуваме, но се прашувам дали секогаш вреди да се прости?
Definitivno NEEEEE! Sum bila izneverena 2 pati znam kako e ponizuvacki.Prviot pat sum prostila probav da ziveam so toa se obidov da zaboravam no nemozev koga ke go baknev decko mi togasniot vo glava mi se vrtese misla so ovaa sto me izneveril go bakuvala pa sega jas i nemozev mi stana odbiven i se razdelivme ednostano mu kazav zoshto i tolku...A vtoriot pat povtorno prostiv ne mu se odmazdiv na deckoto so drug pred negovite oci i tolku...Sega ako go doziveam toa mozam samo da kazam Ok i bay bay
никогаш не би простила неверство.сум почувствувала на своја кожа и знам како е .ако еднаш те изневери ќе те изневери уште милион пати
Еден совет од мене. Ако се сметате себеси за толку силна личност, што може да прости неверство, во ред е. И јас го мислев тоа. Ама знајте, дека ако вистински ја сакате таа личност, кога тогаш или ќе му го плескате тоа у фаца и ќе си ја нарушувате хармонијата, а со тоа всушност и ќе сфатите дека нема назад. Неверството боли и пече, ако е од сакана личност.
Нешто интересно во врска со изневерувањето од страна на момците : 1. Мажите скоро никогаш не ги менуваат своите ставови и нема ништо магично да им се случи од воздухот. 2. Најчесто мислат повеќе со половиот орган отколку со главата. 3. Твоите чувства никогаш не им се приоритет. 4. Верувај ѝ на интуицијата, секогаш е во право. 5. Никогаш не му се предавај целосно. Заштити се за да не те искористат. 6. Натерај ги да те заслужат. 7. Не се потценувај. 8. Не ја обвинувај другата. Ако твоето момче те сака и ти е верно, никогаш нема да биде заведено. 9. Сакај се себеси најмногу, зашто никој друг нема да те сака повеќе.
За се можам да прогледам или да се обидам да простам, али неверство никад тоа е огромна непочит според мене ако дечко ми треба да го делам со уште некоја тогаш воопшто не ми веке потребен му ставам пепел и толку крај.
Имам врска од 6 години. Летово тој беше на работа во странство. По едно недоразбирање,поради тоа што излегов со другарки,за кое нормално му кажав дека ќе излезам тој ми раскина со сомнеж,само со сомнеж дека таа вечер сум излегла со некого. Бевме раскинати недела дена и после тоа тој ме побара. Се смиривме. Меѓутоа кога се врати,ми призна дека таа вечер кога ми раскинал излегол со друга затоа што бил бесен спрема мене. Мислел дека сум го изневерила. Ми кажа и дека бил многу пијан и дека сето тоа траело многу кратко. Ја запознал во дискотека и никогаш повеќе не ја видел. Ми призна самиот затоа што не можел да живее со тој товар и остава на мене да одлучам дали ќе продолжиме. Бевме скоро пред брак а сега се случи ова.Се ми се сруши над глава.Нормално му раскинав.Болката е преголема.Му реков дека му простувам но не можам да му се вратам. Сепак го ценам тоа што ми призна,затоа што можеше и да не ми каже и никогаш немаше да дознаам.Што мислите вие,има ли простор да мислам на смирување ?! Сакам да поминам преку тоа,затоа што е премногу искрен и секој заслужува втора шанса,меѓутоа цело време сама себе ќе си се измачувам.Ми рече доколку му простам дека ќе се потруди да го надокнади тоа,да се извини на некој начин за грешката. Но како ќе ми ја избрише болкава, како ќе ја врати изгубената доверба?Милион прашања ми се вртат низ глава и целата сум во хаос.Знам дека таа ништо не му значела и дека не вреди за некоја што нема ни да ја памти да фрлиме толку години во вода, но и знам дека само ќе се мачиме и двајцата. А многу,многу сакам да поминам низ ова и да му се вратам, но еве не можам. Што мислите вие,да му дадам ли шанса?!
Никогаш!!!Доволно се ценам и почитувам себеси и не би толерилара неверство ниту во врска ниту во брак! Последниве години по многу животни искуства научив да не му верувам на никому 100% и да не се приврзувам многу и никогаш не сум целосно отворена,што донекаде можеби е и лошо.
Искерено не би простила неверство...Имам искусено на своја кожа и тоа типот беше со оправдувањето дека таа го залапала и тој продолжил да се лапа со неа ама тоа не било варање! Сметам дека ако некој сака да изневери подобро е да ја прекине врската и да крши глава со милион други отколку да направи неверство...Болно е во секој случај...Меѓутоа,ако тој навистина е заљубен во вас никогаш не би постапил со неверство...Ама не се знае нели?
Јас за себе знам, не сум способна да простам неверство зш никогаш нема да заборавам, животот и себе си и на тој би го направила пекол затоа подобро секој на своја страна. А овој случај ако не лаже и ти се сомневаш во одлуката, не знам што да кажам, паметот вели оди на едно место срцето на друго, на крај срцето победува порано или покасно.
Си го пере гзот со тебе. Јас Референтка да не се викам ако не те изневерил па после ти приговарал каде одиш и со кого...барал причина да му е полесно на душата... Остави сега нека тече раскинувањето. Времето само ќе ти каже дали ќе продолжите или не. Во меѓувреме ,,изболедувај,, го неверството. И немој ви иту еден случај да се обидуваш да те види со друг или да му враќаш со неверство. Не си гази на своето достоинство.
Фала ти на советот.Јас ја знам таа вистина а колку е точна не знам.Така ми кажа тој.Може и да не се случило само еднаш неверството,може и да било повеќе пати.Можеби и не било тогаш кога ми раскинал,можеби било пред тоа или пак откако ми се смирил.Претпоставки колку сакаш.Јас го напишав тоа што ми го кажа тој,да не испадне дека го бранам. Инаку да,ќе оставам вака како што е,ќе пробам да живеам без него,па ќе видиме како ќе биде. Фала ти многу уште еднаш.
Мислам дека ми се има случено еднаш да ме изневерат, односно типот да си имал веќе девојка година дена, додека беше со мене тие неколку месеци. Во шок бев, не ми се веруваше, и секако прекинавме. Јас имам изневерено првпат пред неколку месеци, и тоа не ни "заслужи" типот, се ми беше пружено, ама ете.. Од некој каприц, на овој како да му враќав она што не можев на претходниот.. Идиот. А дали би простила некој да ме изневери за една вечер? Искрено не знам. Зависи како ќе се чувствувам во моментот. Секој може да се доведе во искушение од оваа или онаа причина, моментално или подолго затскриено незадоволство, потреба од авантура.. Сите тие работи може да се средат со разговор со партнерот, или во крајна линија со раскинување ако не ја бива работата.. но ете. Понекогаш се случува и изневерување.
Две работи што никогаш не би ги простила се неверство и да ме удри машко(ова посебно).Не ни можам да се замислам да изневерам, би ме убила грижа на совест.Нека ми раскине ако мисли дека треба, ама да ме понижува така, не, без разлика дали бил пијан, било за една вечер, не сакал и останато... Дно дна ми беше пред некој месец еден тип што и се пушташе на една другарка, после му отварам фб со женска му слики, цело време некои љубовни изјави и слично, мислиш пред брак се, а таа сирота појма нема што прави тој наоколу...