Не сум дошла во ситуација да бидам изневерена, ниту пак сум изневерила, но познавајќи се себеси искрено ДА , БИ ПРОСТИЛА. Не дека сум лудо-тинејџерски вљубена и не знам што се тоа значи, но знам едно нешто , а тоа дека САМО СИЛНИТЕ ПРОСТУВААТ. Јас многу имам поминато во животот бидејќи знам да бидам СИЛНА. Простувам-но не би заборавила,а тоа не значи дека сум будала и проста
Се можам да простам во животот ама неверство никако, не сум била во ситуација да бидам изневерена а имам 4 годишна врска али да ме изневери никогапш не би му простила поради тоа што , ако тој решил да те изневери тогаш тој воопшто не те цени и те понижува , човек што сака никогаш нема да ја изневери својата девојка или жена... маж еднаш ако изневери знајте девојки дека повторно ќе го направи тоа а посебно пак ако му простите неверство... подобро сама отколку понижена и неценета... кисссс и не простувајте неверство мој совет
Никогаш не вели никогаш. И никогаш не фрлај пепел врз нешто што никогаш не си го искусил и доживеал бидејки никогаш нема да момеш да знаеш како би изреагирал и би направил во дотичниот момент.
знам многу добро како ќе изреагирам во моментот и знам точно што ќе направам ама да простам многуу тешкооо верувај срце
Јас пак за разлика од тебе не можам да зборувам за став и реакција за нешто што не сум искусила. Друга работа што сега и да сакаш нема да можеш да ја сватиш е дека врска и брак не е исто воопшто, а 20 и 50 години па ич. Да така нашите размислувања сега и за 30 години нема да се исти, верувај.
што ќе биде пример ако ние жените ги изневериме мажите ајде биди реална мислиш дека ќе ни простат тие некогаш ? јас мислам не... затоа пишав дека се ќе простам ама не можам неверство да простам поради тоа што знам дека ако простам значи зборам хипотетички после тоа врската нема воопшто да биде како што треба ќе ја нема таа доверба а без доверба врска не опстојува... има жени кои што простуват али јас не спаѓам во таа група ..
еве сега ќе ти кажам дека јас бев во брак и сум моментално разведена не поради неверство туку поради други работи да не навлегувам сега , моментално имам врска 4 год како што кажав погоре во статусот али мене не ми е битно дали сум во брак или во врска неверство си е неверство а знаеш кога може да простам неверство ? После 30 40 години брак хаха кога веќе со партнерот ќе функционираме како брат и сестра а инаку не сум дете имам 27 години според мене размислувам зрело и разумно , али ок мило тоа е твоето мислење ова е моето..
Колку глупаво прашање, тоа не треба да се помисли не пак да се праша. Секако дека НЕ. Добро како можите некој да ве изневери при здрав разум а да му простите ?
Најверојатно не сите ја сватија мојата поента, ама кој сватил сватил кој не и не мора Јас зборувам за брак и за одминати години, фамилии, деца, проблеми итн, не зборувам за тинејџерство и врски, за таков проблем е повеќе од јасно.
@vitamina Гледам погрешно можи си ме сфатила, она што го напишав воопшто не се однесуваше на тебе или на твоите мислења, не ни прочитав, само насловот го видов и на тоа се однесуваше она што го напишав, моето мислење за темава.
добро ајде кажи ми значи немој да мислиш дека те напагам нешто или слично онака си правиме најотворен муабет, која е разликата неверство во брак и во врска? тоа не можам да го сватам ?! значи јас разбирам дека во брак е друго и тоа многу друго проблеми ова она ама не е решението да се изневерува..
@vitamina Те сфаќам дека сдк при неверството во тинејџерска врска/на помлади години лесно се става крај, а во брак, тука се и децата и годините. Што според мене, сето тоа е погрешно. Неверство е неверство, а останувањето заради децата во брак е најлошата можна одлука или изговор да не речам.
Сосема точно дека тоа не е решение, но ти мило не ме свати мене, зборот ми е дека секој има свој карактер и критериуми нели? Може ти нема да простиш и за тебе тоа е ненормално, но може некој ќе прости и ќе премине преку тоа и му е сосема нормално, сакав да кажам дека секој различно сваќа и гледа на работите. А тоа дека врска и брак не се исти е еден голем факт кој и самата си свесна дека е така и го знаеш, сепак пак ќе кажам дека и тоа зависи од самиот човек и карактер и е индивидуалност. За детаљи и ставови не зборувам бидејки не ми дошло на глава.. дај боже и никогаш да не дојде. @Summerlover знаеш колку пријателки и роднини имам во ваква ситуација?! Ама тоа е принцип и карактер, едноставно не сакаат и крај, одбираат да седат и молчат со надеж дека ќе се промени некогаш нешто, ете тоа ми е зборот дека овој поим е индвидуален.
во право си јас те потполно сваќам затоа јас пишав погоре дека ова е мое мислење, а далеку од тоа дека нема жени кои не простуваат ги има , но сепак јас на никоја жена не и посакувам да биде изневерена бидејќи каков и проблем да се има во брак врска треба да се реши со зборови а не со изневерување
истото и се случи и на моја другарка го фати со друга му прости и на крајот врската и отиде во пропаст ептен ...
му прости како што кажа ти за твоите пријателки со надеж дека ќе се смени нешто и е биде подобро ама за жал ништо не се смени..
Баш тоа ми беше поентата на постовите, јас пишам генерализации и индивидуалности став мој не пишав бидејки немам.