Досега јас сум таа која кикснувала и имам среќа што ми нема вратено и сигурна сум во тоа....Ако ме изневери не знам...можеби би простила доколку е еднаш,но повторно нема шанси!А не сум сигурна дали би простила и еднаш!
Зависи од видот, времетраењето, дали се повторува, со кого, каде, поради што... Многу фактори се во прашање, иако е тешко да се каже категорично дека ќе се прости или дека нема да се прости. Никогаш не вели никогаш. Дај боже да не дојде до неверство, ама... Сепак е тешко да се прости, но не и невозможно...
Еднаш простив и навистина не знам како сум можела да го направам тоа, но сега не би простила никогаш да ме изневери дечкотоо, мислам дека тоа е прво понижување за нас а второо тоа е знак дека во врската нема доволно доверба и љубов...
Никад не би простила неверство бидејќи штом еднаш се десило ќе се деси пак и подобро е навреме да расчистиш со тоа отколку цел живот да се расправаш со некој што не те заслужува
Можеби би можела да простам, зависи од ситуацијата, ама сигурна сум дека нема да можам да заборавам и без доверба врска или брак не бидува. подобро на време да си се тргнам на страна одколку потоа кавги и проблеми и на секоја караница да му префрлувам за тоа, а колку и да мислиме дека нема да биде така во лутина сите прво на лошите работи помислуваме
Простив неверство,не бесе лесно но го поминавме,тој навистина се каееше беше во состојба се да направи само да ми докаже дека се кае.помина година време веке сме верени и чекаме дете.мислам дека врската повеке ни се зајакна после тоа.
Jas ne bi prostila neverstvo zasto maskite se takvi stom ednas go napravil toa ke go napravi pak vo druga prilika ..... a megu drugoto stom go napravil toa toa zna4i deka on tebe ne te saka ili ne mu zna4is ( znam deka zvu4am grubo no....) isto taka ne bi mu prostila zasto ne bi mozela da ziveam so toa ke ja izgubam doverbata posle i da sakam da mu veruvam nema da mozam ....
da prostam neverstvoo....nikogas..za zal ednas go doziveav so bivsiot decko i koga doznav vednas mu raskinav i tolku bese..ama sega si imam decko so si go sakam najveke na svet a isto i toj mene i sum sigurna deka so nego toa nema da mi se sluci..
јас лично не би простила.... од проста причина што од мене добива се што на едно машко му е потребно, чим отишол и на страна, тоа значи дека јас не сум му доволна... тогаш ок, фино лепо чао...ако не сум ти доволна јас, тогаш најди си друга будала и дели ја уште со 100 ако сакаш
искрено еднаш а може и два пати имам простено неревство само за да не го изгубам саканиот....сега согледувам дека многу подобро би било кога нема да му простам ...дури тогаш тој ке свати што губи.....не изневерувам и некам да ме изневеруваат
ако тој ме изневери па и јас ќе го сторам тоа..Да видам дали можи да го издржи....А да простам само ако тој издржи тоа јас што ќе го направам... Не го прави она што несакаш другите да ти го направат
Да во целост се согласувам со тебе ќе му простам ама само онака привидно и после ќе му вратам мило за драго па да видиме како он ќе го поднесе тоа.Е после тоа ќе решам дали ќе останам со него или не ама сепак мислам дека после тоа би му раскинала зашто не е исто кога е скинато па крпено.
неверство да прави машкото во врска е можеби ок, само да не забегува премногу. Али тоа да го прави женското Воопшто не е добро како за неа така и за нејзините блиски..
Не сум за тоа да се враќа со иста мера,но зошто машкото може да си изневерува,а девојката не? Од проста логика дека машкото е „фраер“,а девојката ќе биде наречена ку*ва?