Ау, типичен момент на „Сака да СЕ жени, не сака да ТЕ жени“. Всушност, ова ти е уште полошо, оти мисли дека сака, дека нели, така треба, годините го газат, па што да не и едно бебенце да склеца, ќе го исчува девојчето. А всушност душата му плаче да надокнади за пропуштената младост. Еееееее, кога викам јас долги врски од мали - не! После ги фаќаат вакви периоди на бунило, та едниот, та другиот. Секоја чест на исклучоците! Раскини му како прав маж на девојчето, оди изживеј се, разгледај што се нуди на пазарот , па врати се, ќе ти дадеме некој совет за женење.
Врски кои започнуваат на 16-17-18 години и траат 6-8 год до декада обично завршуваат неславно (NO HAPPY END) машко како машко неиживеано прва/втора девојка секогаш ке сака да "брои" девојки на квантитет отколку на квалитет. И јас сум машко но надвор од здрав памет да одам со некоја долг период плус да ја варам, да ја лажам, да ја носам во заблуда, да и губам живот со години за на крај пред да се земеме да се мислам дали да се земеме или не. Мислам WTF човече нешто не во ред со тебе...!
@DarkScorpio ова е сакам да се ебам неќам да ми влезе. Девојката ти дала од прва и готово одма заклучи дека на сите дава од прва... а за девојкати така убаво си кажуваш дека е нула и е грда. На крај ќе си останеш со стапот во раце....цццц
Имам врска 9 години, и јас и тој сме по 26 год. практично пораснавме заедно, освен една кратка пауза не сме биле разделени многу. Веќе муабетите негови беа да почнеме да живееме заедно, си однесов некој ствари секојдневни кај него, живее на посебен спрат од неговите, имам работа тој моментално не. Целата работа одеше накај тоа малку да сме постабилни финансиски и дека следува брак. Значи јас одам на работа, а тој штрака по цел ден дома на компјутер, така си запознал една девојче исто која што си штрака по цел ден на компјутер, рекло девојчето дека има поклон за него да се видат, тој будала си ја викнал дома, си земал не еден туку два поклони. Дознав кога ко видов поклонот од неа. Сега ми е ако не најрешавачкиот период од мојот живот, поизгубена не сум била никогаш, Дали да простам и да се надевам дека веќе такво нешто нема да се случи, како што тој се вика, дека се кае, дека е будала, дека било грешка, дека требало да ја избрка( ако има воопшто машко што ќе избрка што дошла спремна на секс).
@natash.a А што има воопшто да се чудиш? Откачи и фино лепо живеј си го својот живот. Велиш ти вртел муабет за брак, а уствари тој си седи дома и си штрака на компјутерот по цели денови, не се мрда од таа точка, каде неговите одоздола го перат и му готват, ти одиш на работа, згора на тоа си нашол и како да си го направи интересно со тоа што се допишувал со некоја девојка и ја поканил дома и тако даље. Зошто воопшто времето си го трошиш на некој флегматичен паразит? Млада, здрава, права со работа и се, не ти треба пасивен партнер што ќе те влече надолу
Иако 9 години врска се долго време сигурно премногу те боли ама ова мажуленцето ти ја згазило гордоста на најгрозоморен начин - -ова неможеш да го опростиш.Сигурна сум дека после ова ти не ни го сакаш повеќе само адаптирана си на него си мислеш ако раскинеш ќе биди крај на свет али zivot ide dalje мораш да еволвираш. Немој да ја обвинуваш девојката за танго се потребни двајца и знаеш кое машко би одбило секс? Смирен, стабилен, разумен, свесен, свое јас.
Ti razmili pak. Bilo toa koga vasata vrska bila nitu vrska. Sam pocetok, igra na dvajca mladi luge, totalno neozbilna rabota. Ubavo ti kazal,zar toa ne e za cenenje, sto posakuvas poveke iskrajnost od toa? Razmisli
да премногу ме боли... како некој да ме треснал од земја, како што пишав пораснавме заедно и не е толку едноставно да ги фрлам сите убави моменти за овој. не е девојката крива, можело да биде било која, со неа се створило згодна прилика
Ми е страв затоа што се се движеше во еден правец и оддеднаш БАМ од земја, како да се почне од почеток, дали да отфрлам се за таа еднодневна екскурзија негова
Не би сакал дополнително да те повредам или навредам, 9 години не се ич малку, ако твојот ("несуден сопруг") дечко се осмелил на 9год врска да те вара не очекувај среќна и стабилна врска и иднина со него. Јас викам ONCE A CHEATER ALWAYS A CHEATER. Јас лично во моите врски без разлка дали биле кратки или долги никогаш не сум правел/ми правеле неверство И НЕ би простил доколку неверство имало. Бидејки ке си рече во стилот "на оваа не и смета толку, а ако дознае пак ке се караме малку и пак ке се смириме голема работа" Неверство никогаш не се простува! Верноста/лојалноста е темелот,арматурата, мостот кој ве поврзува, ако не е изграден на здрави основи се другото паѓа во вода. Очигледно му е повеќе до секс само дојдено, онака да не биде сам. Со среќа!
Те разбирам сите планови и се за кое си работела досега ( основање на сериозна стабилна врска, сигурно си му угодвала и си била добра девојка која е искрена и верна па така и не си обрнала многу внимание на штракањето негово, кажа дека само ти работиш со цел да овозможиш убава средина за брак ) и наеднаш пропаднале...Нормално е дека си изгубена во универзумот и се прашуваш како се случи сето ова но мораш да прифатиш дека тие убави моменти со тој човек се само убави моменти основање брак е друга прича за разлика од моментите кои нема да ги фрлиш туку ќе останат во убаво сеќавање од убави денови. Во овај хаос во кој ти се наоѓаш е криво неговото непочитување кон тебе, зарем би продолжила со некој што свесно те омаловажува . Доколку му го простиш тоа што буквално те згази никогаш повеќе нема да те свати сериозно и во брак и годишнина и деца тој ќе ја искористува твојата слабост и ќе изневерува. Стабилизирај се и во нови прекрасни авантури кои животот секојдневно ни ги нуди.
@natash.a Значи девојката му донела поклон и овој си го чувал, уствари ти го ставил поклонот на изволте за ти да го приметиш намерно ? Ја поканил дома,праеле што праеле, ти го признал тоа а ти и покрај тоа се двоумиш дали да му простиш ? - Веројатно се предомислил од намерата да стапи во брак, или се исплашил да не случајно остане до крајот на животот со една па ајде, да не биде неверство во брак туку помалку болно-извесно време пред брак. Да е на почеток на врска до некаде ај моооооже и можеш да прогледаш низ прсти, но после 9 години да те погази на нај нискиот начин..Немој. Еднодневна екскурзија,која многу лесно може да премине во секојдневна. Покани си ти некој дома, нека ти "даде поклон" па кажи му на овој шупаков дека требало да го избркаш, као демек се каеш. Па уште и дома имале секс, таму каде што ќе треба да основате семејство и да живеете. Од вакви машки ми се 26имаш,млада си и заслужуваш некој што ќе те цени како личност и ќе те сака неизмерно! Откачи се од фраеров.
Во кратки црти ти веќе немаш врска ако сакаш да имаш поубав живот отколку брак со незрел маж/момче.Тури му пепел. Тешко ти е да се откажеш од навиката. Малда си,работиш,имаш мал милион можности пред тебе,твој е изборот.
zrdavo imav decko 2 godina i toj mi raskinuva kao sme sme se karale a trebase da odis na patuvajne so drugari kade e i bivsava negova i toj se zbluzuva povtorno so nejze..i koga se vratija toj uporno mi vili deka me saka nemal nisto so nejjze /...
Жалам ама ова е типично '' сакам да сум без никакви обрски на патување, ќе си ја видам бившата" па онда она му манала корпа...Сега ти види дали ќе одебереш свое јас и гордост или да си утешна награда за нечии порази.
Се додека не искуси некој на своја кожа, сите овие муабети пропаѓаат во вода. Иако од секогаш сум ја застапувала страната, немој, најбитна си си ти и никој друг, кога имаш вакво глупаво искуство за момент си во заблуда. Или пак не е само момент туку месеци, па макар и години. Мојот коментар мислам дека и баш нема да ти е од помош, ама вреди да се потрудам. Се е до тебе. Апсолутно се. Дај си самата време и размисли добро. Од една страна можеби ти е приликата што некогаш понатаму во животот ќе се каеш и ќе си речиш какви се проблеми на светот постојат, какви се работи кои што ние не можеме да ги замислиме, а не па разбериме, а јас зедов се здраво на готово и не пробав да се соочам со проблемот, или од друга страна, најдобрата одлука која ќе ти отвори многу други врати и животни шанси, а ти си останала со тој еден толку многу години залудно. Умот е страшна работа. Ако ти си спремна психички да преминиш преку се ова и да не се навраќаш на секоја кавга, тогаш да. Преиспитај се и ти што го довело за да се осмели да го направи тоа? Дали е монотоноста во прашање? Дали е страв кон што следи во иднина? Не дека јас би изиграла вака, но и јас се плашам од една врска и еден дечко засекогаш. Самото тоа што не знаеш ниту полошо, а и ништо подобро те тера да си мислиш дека се е како што треба и е нормално. Постојат тие 5 минути слабост. Кај секој. Тоа нема никаква врска со неговото сакање.
НИКОГАШ. Јас се водам по тоа " кој еднаш ќе изневери, ќе изневери уште еднаш". За мене неверството не се опростува, па колку и да го сакам никогаш не би му простила. Поарно нека раскине со мене па нека оди со друга, отколку да ме прави будала.
Здраво. Во врска сме 3 години. Пред два дена дознав дека ме изневерила. Тоа го дознав од неа, одоколу одоколу си кажа се. Не сум изневерил до сега, нити го очекував тоа од неа... Како разлог за неверството било не размислување со своја глава, бубачки тракатанци... Размислив, реков ќе и дадам втора шанса. Некако ќе се справиме со тоа, но таа на некој начин не гарантира дека нема да го стори истото во иднина.
Секогаш се случува од тој што најмалку очекуваш.. Кога чашата ке се скрши колку и да ја лепиш нема да биди иста..