Мажите добиваат рогови , а жените не знам. Btw, eве нешто во врска со темата. http://zase.mk/chetiri-prichini-zoshto-mazhite-ne-prostuvaat-neverstvo/
Ако е за мене прашањево, значи простувам пред себе си, од лични побуди, полесно ми е на душава и продолжувам да живеам мирно, без да мразам, без да сум огорчена, без да ми е затруено срцево.. А за него, му посакувам да си најде свој сопствен мир ако може. Паролата - прости им не знааат што прават можам да ја применам на дело. И се помирувам - кога некој сака да си замине од мојот живот мора да го пуштам. Се се случува со причина. Мене ми е полесно
Немора да се работи конкретно за тебе или за случајов поназад.Ама ова често го слушам / читам дека ке простат а не заборават па не ми е јасно што со незаборавот?
Па ќе простиш за да ти е полесно да си продолжиш со животот, ама нема да заборавиш и ќе внимаваш во иднина, ќе се сеќаваш секогаш на едно лошо искуство, него нема никогаш да го гледаш ко порано.. бар мене тоа ми е така
Кој те излажал така? Луѓе со самодоверба и самопочит се луѓе за големи потфати. Неразвиено его не е здраво его.
А што со тоа шо си била со некој долго време, си градела иднина итн... И наеднаш се се срушва.. За некој си дал се а тој го злоупотребил тоа.. Колку и да сакаш да заборавиш неможиш секогаш ке те јади.. Ако некој те сака не би помислил на такво нешто не па да го напрај..
За СЕ може да разговараме, да направиме компромис/и, НО за НЕВЕРСТВО НЕ И НИКАД! -ни во врска -ни во брак Неверство не се простува & ONCE A CHEATER ALWAYS A CHEATER!
Луѓе, за да изневериш или те изневерат мора да има причина, така да ништп страшно ако опростиш неверство, 21 век сме, сакама да бидеме така кажано евројани али тоа небидува со заостанати манири
Па така и јас истото го кажав, простувам за себе, за мојата душа, пред себе и пред Бога. За мое добро. А за него - се најдобро понатака, за мене избришана личност. А заборавање, никој нема да заборави, нормално ќе се сеќава секогаш..
Векот нема никаква врска со простување неверство, и значи кој не простува неверство заостанат е и не е евро(п)јанин , што не ќе се изначита човек овде.
Не во смисла ајде ти простувам и идемо даље! За мене, за мој мир Сите имаме само еден живот и не вреди залудно да го трошиме на омраза, да потиснуваме гнев во себе кој со текот на времето не исчезнува, туку расте во целото наше битие и ни ја одзема животната радост. На крајот на денот, чувајќи ги тие чувства во нашиот ум најмногу се повредуваме самите себе, а не луѓето кон кои тој бес, гнев и омраза се насочени. Мораме да се научиме да простуваме, но тоа да го правиме вистински и искрено. Обичното „Во ред, ти простувам“ не е доволно и често е сосем неважно ако тоа навистина не го мислиме, не веруваме во зборовите кои ги искажуваме и не ја чувствуваме моќта на простувањето со секој атом од нашата душа. Простувањето е убедување дека никој и ништо не може да ја наруши нашата ментална, духовна рамнотежа и никој и ништо не може да застане на патот на нашата среќа и чувство на духовна исполнетост и мир. Потребно е да го пронајдеме изворот на мир и спокој во средината на нашето битие и да се ослободиме од непотребните грижи и деструктивни чувства.
Бубале не ми земај за зло јас и би простила и би заборавила само сакав да знам на што мислиш. Те разбирам
Сашко е Божји пратеник на земјата, со мисија да не оттгрне од блудните и развратни канџи на Сатаната и да не врати на правиот пат, да не насочи кон покајание и чедност.