Од каде тоа дека ако сакаш некој морало да си со него и со никој друг? Тоа е се наметнато како што ни наметнале и многу други работи во животот.
Нека ти објасни таа тебе како, а објасни ми ти мене како тоа е океј да си заедно со некој ама настрана да си одиш и со друг(и)?
Јас не барам секој да се согласи со мене ама неќам да се правиме слепи. Тајната на успешните бракови се добро прикриените тајни.Најчесто тие го спасуваат бракот од монотонијата само што малкуте се тие што би признале.
Маестрално, еве ти аплауз на откровението. Срамота. Ако мислиш дека е така, ок, прави си како што сакаш. Не верувам дека некој нормален би се согласил со тебе.
од каде ? епа вака, ако со себеси си имаш расчистено во врска со девојката дека искрено ја сакаш, дека би бил со нејзе, па не знам шо да се случи и дека си имаш расчистено со себеси во врска со емоциите, тогаш нема потреба да гледаш по други или пак да бараш ако јас, знам дека тој е тој со кој сакам да пробам СЕ' , да патувам, да шетам, да ќутам со него буквално во секоја смисла, тогаш нема да погледанм никој друг, нити пак да помислам на друг
Јас за нормална се сметам ама се согласувам со Жан. Едно не ме бендисува во неговиот муабет, моментот тајни.
Јас не го сметам за нормално тоа да бидеш во брак со една личност, а на страна да си тераш мераци со друг. Па и да биде тајно...сигурно , во некој друг живот можеби, а најверојатно и тогаш не. Која е тогаш поентата на бракот или врската?
Па ниеден пар не си ги кажува стопостотно сите работи.Замисли кога партнерката би му кажала на сопругот дека не ја задоволува баш најдобро и дека имала подобри пред него...? Кажувам само еден најобичен прост пример дека тајните секогаш ги има мали или големи
Поентата на бракот ја бараш? Претпоставката моја е да се има потомство ама не значи тоа дека по секоја цена едниот или другиот утре нема да посакаат авантура
Како било возможно да сакаш еден а истовремено да посакуваш нешто со друг? Нормално дека е возможно, не е секоја привлечност, желба моментална поврзана со љубов. Моментот е самоконтрола, а не дали посакале/помислиле на друг. И ќе помислат, и ќе посакаат, реално е, без разлика колку ве плаши тоа. И не, вие нема да бидете исклучок.
Аха, а што тогаш со оние парови кои одлучуваат да немаат потомство. Теоријава не ти е баш стабилна. Не знам, јас не сум таков карактер и тоа ми е нејсвојствено и пред сè многу себично за партнерот. Не би правела будала од никој. А тоа дека самоконтрола е во прашање - точно, па затоа не треба да се генерализира така дека сите бракови функционираат така што секој си работи по нешто на страна.
Најчесто паровите што одлучуваат да немаат потомство (искрено за вакви парови не сум чул бар до сеа) претпоставувам дека им е преголема веројатноста на развод зашто од искуствата излага дека партнерите не се разведуваат најчесто заради децата.
И јас мислам дека не можам да сакам само еден. Ама кога влегуваш во врска/брак со некој, не е во ред да шврљаш настрана, не се за оправдување такви ствари.
Посакување и мечтаење е едно, а одржување тајни афери сосема друго. Самоконтролата е "лек" за првото, ама второто е веќе пиши пропало. Комуникацијата е клучна секако, ако не постои добра комуникација меѓу партнерите, подобро да не постои ни брак помеѓу истите.
И како што тебе ти е наметнато да идеш по други. Не е поентата некого да натераш да биде верен. Поентата е тоа твое мислење да не повредува некого. Ти викаш тајни, значи си сокрил дека си изневерил, епа тоа е болното. Значи најди некоја на која ќе и кажеш како стојат работите, каков си ти и дали тоа би и одговарало. АКо ете тоа е твое размислување и цврсто стоиш зад тоа и сметаш дека ти си во право нема зошто да има тајни. Уствасри, има зошто, би ја изгубил таа што те трпи таков и слепо верува во тебе и твојата љубов.
Браковите само на почетокот се базираат на љубов и страст. Подоцна се сведува сепак замо на љубов, навика и компромис. Се сложувам со @Jean-Baptiste за се што напишал. Порано не мислев дека е така, но со тек не време гледаш, слушаш и се ти станува јасно. Не е убаво, се согласувам, ама е вистинито. КОлку само неверства има...ако сите се признаат, тешко на браковите.
Премногу генерализирање. Изгледа сите ние што сметаме дека постојат бракови во кои има мечтаење но не и Договорени изневерувања,сме изневерувани а не знаеме. Ај кога ке си ја имаме мувата на капата,ке си ја ишкаме. До тогаш ке живееме во заблуда. Кога веке генерализираме де.
Уф бе за жал се е вистина....се омажив млада на само 18 години....мислев ќе ми е бајка....после некое време добив и ќерќа и беше се совршено...барем јас така мислев. Но после почна сите кавѓи по домаа...и за на крај да дознаам дека ме изневерува цело време...По некое време дознав и со која...но никогаш ништо не и реков...затоа што ако тој не мердне со прстот никоја од надвор не ми е виновна..Фино лепо си се разведов и сега уживам.За брак веќе не размислувам затоа што е веке се отидено со паметот. Неверста имало..има...и ќе имаа..Така да вака јас бирам ако сега сакам да искочам со некој и си поминам убаво и ама ич не се замарам.