Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    491 глас(а)
    19,5%
  2. Не

    2.031 глас(а)
    80,5%
  1. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    28.822
    Пол:
    Женски
    Да бидеш во брак со некој или во врска и да изневруваш и да кажеш дека го сакаш плус тоа?:?:
    Ајде бе тоа се глупости :?:
    Јас никогаш не би простила неверство. Да е во брак со мене и да ме изневерува и да тврди дека ме сака :?:Нема шанси!
    Јас не знам како може да размислувате така. Ако едноставно ви е монотоно разделете се и готово и правете си авантури на страна.
     
    На galapce, natemila, forumce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Elisabeth

    Elisabeth Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2016
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    5.259
    Пол:
    Женски
    Дека не доаѓа до моменти кога мечтаеш и те привлекува некој друг, дури и можност и желба да направиш нешто, а си во добра врска или брак е утопија.
    Секако доаѓаат такви моменти, посебно во долги врски, бракови, но кај разумен човек тука доаѓа момент на самоконтрола и ставање на кантар две работи: врската и бракот кои си ги градел и си ги зачувал чисти и сите убавини кои произлегуваат од тоа, легнувањето навечер до партнерот со мирна совест или пролазната авантура, што не знаеш ни како ке биде и како ќе заврши, епа секогаш натежнува она првото, ако има љубов.
     
    На Роберт 7, zarah, m.i.g и 4 други им се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Хмм некој што е во брак, што не е разведен да напише како гледа на ова, а не некој што не е во брак.
    Мислите нема да примети партнерот ако му матите нешто зад грб ? Па ако сте долги години во брак сигурно ќе примети. Јас најмала промена во однесувањето заприметувам. Ако има швалерка нема да сака да ме бакне, да има со мене нешто ( тоа си нормална реакција) и одма се јавува сомнеж.
    Можеби јас премногу заприметувам детали, ама пак ќе речам зборуваме за некој со кој сте секој ден и знаете како дише. Ако сами не знаете да си направите да ви е интересно нема зошто тоа да го очекувате од партнерот. Јас никогаш не очекувам тој да прави да е интересно, сама правам.
     
    На galapce и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.319
    Пол:
    Женски
    Луѓе, едно е да се изневери и ајт создравје кога си дечко и девојка, друго е кога си во брак, згора уште и со дечиња.
    И има неверство и неверство - не е исто еднократно и афектно да ти се згреши, или па да се развие подлабока, емотивна врска со трета особа.
    Да простиш некому или да речеш ок, преминувам, као демек простувам, и да живееш во омраза
    и желба за одмазда е различно.
    Дури и да се разделиш и никогаш да не се ни видиш со особата која те повредила, да и простиш е највозвишено чувство кон себе си.
    А пред се, и покрај сите падови и лоши мигови, искушенија и сл. да останеш верен и мирно да спиеш навечер, тоа е бесценето чувство на личен спокој
     
    На Kitty23, honey.11, evangelina.ina и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.247
    Допаѓања:
    81.810
    Пол:
    Женски
    Изневерување е изневерување.
    Не е оправдување дека било во афект, и да било значи дека е незрело и таков лабилен карактер не ми треба во животот, поготово не за животен партнер.
    Не е оправдување и не постои намерно или ненамерно изневерување.
    Не е исто кога си во брак, точно, можеби разводот е покомплициран, меѓутоа јас не би можела да живеам со некој кој има авантури надвор од нашиот брак.
    Ако сакал така, ич да не се женел или обврзувал во врска.
    Не оправдувам и не сакам некој таков во моја близина, затоа што не би можела никогаш да преминам преку тоа целосно, а врска или брачен живот поминат во горчина не сакам. Тоа е моето мислење на темава.
     
    На honey.11, bittersweet, galapce и 9 други им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.703
    Допаѓања:
    40.080
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како се чувствуваат луѓето после изневерување на брачниот сопружник. Како го гледат во очи, како спијат со него, како го допираат? И што е најважно како ги гледаат нивните деца во очи, зарем ни малку не помислуват на нив додека го прават тоа со трета особа? Јас не би го изневерила сопругот никогаш, дури и да знам дека ќе ми прости. Не сакам да се спуштам на толку ниско ниво да немам самопочит, да се оцрнам самата. Се случува во браковите да не им оди, да имат проблеми, насилство. Најчесто заради децата остануваат во брак, ама децата на крај најмногу страдаат. Ќе им објаснам на децата дека ќе се разведам од нивниот татко, ама нема да можам да им објаснам дека сум била со друг човек, нема да имам храброст и лице за тоа. За се постои решение, а неверството не е според мене.
     
    На Barbie20, Bitter-Sweet, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.070
    Допаѓања:
    328.480
    Пол:
    Женски
    Ним да им било гајле за чувствата на партнерот и за тоа што потоа немало ни да изневерат.


    И пред две години тврдев дека неверство не простувам и сеуште стојам на истиот став
     
    На galapce, JollyGirl, ♡BuBaLe♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  8. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Секоја чест, многу убаво сублимирано.
     
    На honey.11, m.i.g и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  9. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Ти си потполно во право од морална гледна точка. Работата е во тоа што ти веројатно не си ни доведена во искушение, поточно, не ни имаш потреба од нешто надвор од бракот. Јас како маж, цело време сум во искушение. Секоја жена што ми е привлечна, доволно е само краток муабет да ми забегаат мислите таму кај што не треба. Е оди и живеј со тоа! Да, јас се женев и не се каам за тоа, и никогаш не би ја оставил жена ми (и ја немам изневерено, како што ми се вадат муабети овде), но мислам дека ова што јас го зборам овде е судбина на 90% од мажите (им се сака нешто на страна). Прашање е само на можност/не можност дали нешто ќе се случи или не.
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.703
    Допаѓања:
    40.080
    Пол:
    Женски
    А, ти имаш потреба за нешто надвор од бракот? На сите може да се случе да запознаеме некој кој физички може да не привлечи, но самоконтролата е клучна да не паднеме во искушение. Велиш дека ја сакаш сопругата и не се каеш што си се оженил, тогаш што е она што може да те натера да отидеш со друга? Ако бракот и животот со сопругата ти се средени нема што да бараш од и со друга. Може секоја да те привлече без причина, но за да изневереш треба да имаш длабока причина, освен физичка привлечност. Ова е мое размислување, некои воопшто и не размислуваат па физичката привлечност им е доволна за да изневерат, а не се прашуваат што потоа.
     
    На ♡BuBaLe♡, honey.11 и Mishela им се допаѓа ова.
  11. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Има разлика како ние мажите гледаме на работите од тоа како вие жените гледате. Вам ви треба многу повеќе за и воопшто да помислите на некој друг и обично тоа значи дека нешто не штима во врската/бракот. Кај нас тоа е многу поедноставно. Секако, не е лесно да се изневери, тоа скоро сигурно ќе продуцира проблеми, баш поради тоа што скоро сите жени размислуваат слично и би влегле емоционално во тој чин.
     
    На evangelina.ina и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  12. ivanus

    ivanus Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    51
    Не верував дека ова може да ми се случи мене, да размислувам за неверство. Значи со дечко ми сум речиси 7 години, и се ни оди супер, размислуваме за брак. Тој ми е прв сексуален партнер и до сега воопшто не сум размислувала за изневерување дури и ги осудував сите што изневеруваат. Е сега од нигде никаде се појави еден тип што ми се свиѓаше кога започнав со врската и тогаш го одбив. Значи се немаме сретнато ниту комуницирано цели 7 години и сега типот ми вели да се видиме. А јас уште и размислувам како да го направам тоа. Не ми се верува дека стигнав до тој степен да размислувам како да се видам со него. Се осудувам како воопшто можам да мислам на тоа, ама ете мислам. Ме привлекува само физички и ништо повеќе, до сега ми се нема ова случено толку некој да ме привлекува а да не е мојот дечко. Инаку дечко ми ме има изневерено на почетокот на врската кога одевме 2-3 месеци и ми призна, со многу убедувања останавме заедно и му велев дека јас никогаш нема да паднам толку ниско, не е тоа мое ниво да изневерувам. И сега ми се случува ова. Целата сум збунета. Извинете на долгиот пост, ми треба совет.
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.861
    Допаѓања:
    173.387
    Пол:
    Женски
    Не си ставај трн во здрава нога :)
     
    На ivanus му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да се видиш со тој. Кога можел дечко ти да те изневерува, ти ќе се воздржуваш ли...
     
  15. ivanus

    ivanus Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    51
    Некогаш и јас помислувам на тоа, ама од друга страна неговото неверство беше само што ни започна врската, тогаш воопшто не ни мислевме дека ќе останеме толку време заедно, јас бев уште невина ( не го оправдувам никако, да не бидам погрешно разбрана), а ова за што јас размислувам е после 7 години врска и планирање на заедничка иднина.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Blue000

    Blue000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    @ivanus Епа сама си кажа значи свесна си што повеќе да ти кажеме? Ако толку сакаш изневери го. Глупо е што бараш мислење од нас за тоа дали да го изневериш дечко ти или не.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам, разгледав и од тој агол пред да те цитирам. Само, те изневерил токму на почетокот од врската, кога требало да биде највљубен. Плус, мисловно веќе изневеруваш. Според мене, треба да исконтактираш со дечкото што те бара. Јас кажувам мое мислење, а секако, ти си знаеш дали би се чувствувала непријатно самата пред себе после неверство и колку.
     
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.861
    Допаѓања:
    173.387
    Пол:
    Женски
    Баш за 2-3 месеци бил највљубен... душа давал за неа(facepalm)
     
    На honey.11, Rebecca_R, blackwave и 5 други им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Е не, после 20 години заедно ќе се вљубат.
    Научно е докажано дека вљубеноста трае од 2 до 4 години, интензитетот со времето опаѓа, се понатаму станува навика.
    Не знам шо не е јасно.
     
    На Valas му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.861
    Допаѓања:
    173.387
    Пол:
    Женски
    Тие едвај се познавале првите месеци, ти ми збориш за вљубеност:rofl:
    Невина била, со тоа може да се заклучи дека не биле 20+год на почеток па да знаат што сакаат од врската, а не па да се заљубат..
     
    На Rebecca_R, blackwave, mici.i и 1 друга личност им се допаѓа ова.