Тебе не ти се јасни многу работи. Вљубување настанува за кус период, ден-два максимум, и сфаќаш дали си привлечен/а од некого. Мешаш вљубеност со нешто непостоечко како вечна љубов што си гледала по сапуници. Ти како во времето на баба ти, кога ги вршеле со стројници, па им кажувале дека со време ќе се засакаат.
И јас мислам дека не треба да си ставаш трн во здрава нога . И мене мм ме изневерил додека бевме дечко и девојка , идевме само 1 месец , не му простив , далеку од тоа , ама бевме 16 - 17 годишни тогаш , плус не планиравме да дојде до брак врската ( зезанција ни беше тогаш , повеќе како мување одколку како врска ) . Затоа и поминав преку тоа неверство , ден денес јас не му верувам сосема , има доза сомнеж во мене , но сега е поинаку , татко е на 2 деца , позрел е од тогаш кога го запознав . Не си барај беља на глава ако го сакаш дечко ти , немој да излезеш со типот
Јас бев 19, тој 26. Не бев вљубена на почеток во него, после некое време се вљубив, само ми се допаѓаше. И да во право си тогаш не знаев ни јас што сакам туку си реков ај да пробам да видам до каде ќе оди ова. Исто и јас, и му го кажувам тоа, дека не му верувам целосно и мислам дека никогаш нема да му верувам, постојано кога ќе се скараме за било што јас тоа неверство на нос му го вадам. И јас сум таа што се чука во гради дека никогаш нема тоа да го направам, ама ете се мислам. Типот знае дека имам дечко, знае дека сум уште со истиот, што му текнало после толку време незнам. Јас искрено и заборавив дека постои се додека не ми пиша. Од тогаш не можам мирно да спијам, мислам дека ќе полудам.
Ветер мн различна работа. Кога си вљубена во некого не чувствуваш привлечност кон истиот? Влегувате во врска со некого колку да не бидете сами и после доаѓа до широки недоразбирања Што да се каже. Штом имаш грижа на совест, трпи тогаш и биди верна. Дечко ти на времето кога сакал, си праел ќеиф.
Кога сум вљубена чувствувам привлечност кон партнерот... Но не сум вљубена во сите што ми се привлечни.. Не знам што не ти е јасно?! Просто е како 2и2
Не влегов во врска колку да не сум сама, туку затоа што ми се свиѓаше, а како можеш да бидеш вљубен во некој, ако не си поминал доволно време со него и ако не го запознаеш доволно, од гледање на улица ќе го засакаш?
Значи, знаеш дека сум во право и немаш причина да цитираш, ама упорно го правиш истото. Со некој што го гледаш на улица влегуваш во врска? Вљубување, девојки. Не љубов како во романчиња, тоа не постои. Ако поминете малку време со некој што ви се допаѓа, и за тоа малку време се поклопите во некои основни работи, се вљубувате. Таа вљубеност има рок на траење (денови, месеци, години). Се друго, идејата за моногамија и т.н., е непотребно романтизирање.
И јас тебе истото прашање ти го поставив, но ти изгледа не ме разбра. Не можеш да се вљубиш и да влезеш во врска со некој што го гледаш на улица, треба да поминеш одреден период со него па да се вљубиш. Ти мислиш дека 2-3 месеци е многу време? Во тие 2-3 месеци гледање 3 пати неделно со оглед на тоа дека бевме во различни градови. Не ми е поентата да го оправдам тоа што ме изневерил еднаш, туку правам споредба со изневерување на почеток на врската со изневерување речиси пред брак.
Те разбирам колку што успеваш да се изјасниш правилно. Рече дека те изневерил на почетокот од вашата врска После велите дека на почеток од врската не можеш да бидеш вљубен За на крај да го кажеш истото што и јас. И што ми докажуваш сега мене? За твојот проблем, ти повторувам, трпи си ако се плашиш да ризикуваш или ако те јаде совест. За првото е лесно, никој ништо не мора да дознае. Второто е од подлабока природа. Мислам дека најмалку битно за решавање треба да ти биде како нам на форумот да ни ја прикажеш споредбата неверство во почеток на врска вс. неверство пред брак. Ти си во доволен хаос со тоа што не ти е доволен човекот со кого планираш брак и размислуваш за неверства.
Да во хаос сум, не затоа што не ми е доволен човекот со кого планирам брак, туку од тоа што се појави некој со кој мислам дека можам да го изневерам, а пред тоа сум мислела дека никогаш нема да го направам тоа, затоа што партнерот ми е прв и единствен.
Добро, примено. Напиша што ти е проблемот, ти даваме мислења, кај да е, ќе ти пишат и други феминки, ти само читај, не ја раскажувај твојата приказна одново и одново. И аман, ме изненадува што си поголема од мене, а размислуваш вака. Ете, сега кога согледа каква е реалноста, размислувај и одлучи што понатаму. А да го откриеше ова откако ќе стапеше во брак...
Јас не би го простила па под која и да е околност. Не дозволувам некој да си го прави ќефот на страна, нека расчисти со мене па потоа ако сака нека си најде и дваесет други со кои ќе си биде истовремено.
Не треба да го изневериш! Тоа што те изневерил дечкото не го оправдувам во ниту еден случај и како што кажа тоа било на почетокот од врската каде што можеби не мислел дека тоа со вас било сериозно, летал со паметот направил грешка, но потоа ја увидел грешката, и човечки ти ја признал, сте поминале низ тој ваш кризен период. Имал сериозни намери со тебе, се уозбилил и ете ве после 7 години сеуште заедно планирате свадба. Зарем мислиш дека е случајно што си поминала низ тоа и не си го оставила одма него кога одеднаш се појавува некој посран лик од серијата и одеднаш почнуваш пак да размислуваш за неговата глупа грешка после 7 години? Тоа се нарекува искушение и ништо повеќе. Твојот момент каде на негова грешка после 7 години бараш изговор и оправдување за твое можно изневерување. Кога веќе си поминала низ таа негова грешка ВЕРУВАМ дека ќе поминеш и низ овие твои лоши мисли. Не дозволувај заради некој кој ти е небитен во животот да пропадне се што сте граделе сите овие 7 години. И не дозволувај да ти поматуваат памет коментари од типот он си го истерал ќејфот па зошто не и ти. Затоа што тоа не е животот. Размисли дека пред 7 години било тоа и до ден денес сте сеуште заедно каде повеќе немате такви грешки. Сети се на убавите моменти што сте ги проживеале, што направил тој за тебе, ти за него, како ви поминало времето од тогаш па до денес. Човек што е таков да изневерува секогаш ќе изневерува. А тој ти ја признал грешката и потоа не го направил тоа. Зарем не е очигледно дека само за таа грешка се фати во постот и за ниту една друга? Грешка пред 7 години на почеток од врска. И пак ќе речам дека не го оправдувам изневерувањето во ниту еден случај. Но кога веќе си поминала низ тоа, не дозволувај да поминуваш пак овојпат каејќи се за твојата грешка.
Потполно си во право! Размислував што се преживеавме заедно и добро и лошо, тој има преголема доверба во мене што на тоа воопшто ни не помислува дека можам да го сторам, а јас како некоја тинејџерка ми летна паметот. Кога и да го погледнам се чувствувам виновна што помислив на неверство. И не сум подготвена поради секс за една вечер да го изгубам човекот што го сакам.
Не би простила. Да бидеме заедно тој треба да ми биде лојален како и јас на него, еднаш е доволно да се изгуби довербата и никогаш повеќе да не го гледам на ист начин.
Мисла дека нема мн дискусија околу ова, пошто дефиницијата за довербата е јасна, еднаш ако ја изгубиш, тешко дека ќе ја вратиш, или па никогаш,така да ова, ако оди било кој од врската со друг, се лаже самиот себе,не партнерот, секој наредно водење љубов, прво шо ќе ти се мува низ глава е ќе биде тој третиот, има нема да биде истото она што било, кој сака нека не убедуе. Никогаш не сум изневерил до сеа во тек на врска, каква и да било.Сега сите сме различен карактер и различни погледи.Посебно за долги врски,чувајте те го она што го имате, оти втор пат, мислам дека нема никој така да ве сака,и исто и вие, не е тоа тоа како првиот пат кога некој сте сакале. Ќе се каеш за цел живот ако го направиш тоа, значи машко сум, ќе речеш па секој гледа знаеш од страна да ќари девојка ајде како во твојов случај, тоа да, он ќе си замине по негов пат, ти ќе се вратиш,кај твојот иден маж,само кое ќе биде твоето чувство, ти ќе си знаеш. нели не си направила во овие 7г ништо,не ти трбеа ова ни под разно,најискрено, може и чудно од едно машко, ама вистината ти е таа,биди си среќна како и до сега.
@ivanus оди пиј кафе со пријателот од пред 7години, од каде знаеш дека ќе завршите во кревет. А неговото неверство на почетокот нека не ти биде алиби, не поминува тоа така
@corapce Во врска е и тој, така ми кажа. Се немаме сретнато цели 7 години, не сме од ист град така да не знам за сигурно дали е така. @Bozica1980 Муабетот не ни оди кон тоа да пиеме кафе, туку да се видиме за секс, онака разговараме и за други теми ама видувањето е за тоа. На почеток имаше некоја хемија меѓу нас и му текнало сега не можел да ме заборави да сме се виделе додека некој од нас не влегол во брак. И јас уште размислувам за тоа, сакам ама имам грижа на совест и страв. За сега ги сведувам разговорите на минимум, на почеток бев одлучна и одбивав видување ама сега одложувам. Незнам уште што да сторам збунета сум цела. Секако не ми е алиби изневерувањето на дечко ми на почетокот на врската затоа и одложувам цело време.