@ivanus едно е вака низ муабет, друго ќе биде во живо кога ќе се видите. Има личности меѓу кои има таква јака хемија што и по десет години да се сретнат страста ќе е максимална и ќе води кон секс. Но, размисли пред се, дали добивката ( сексот со него ) е поголема од штетата ( грижата на совест која ќе си ја носиш ) па одлучи
Тоа ми е проблемот што размислувам премногу што и како, да дозволев страста да ме понесе ќе се видев веднаш без да размислам што понатаму. Од една страна ми е врската што ми е најбитна, но од друга страна мислам и на него.
Не ти ја знам позадината на приказната, но која е причината што мислиш на него ( ти ќе си одговориш сама ).. / дали дечкото со кој си во врска недоволно ти обраќа внимание и ти остава простор за да го бараш тоа внимание на друго место или едноставно овој другиов ти е нешто посебен незаборавен...
Не вреди да се изневерува... Ќе помислиш заслужил, изневер и тој па ќе вратиш, не ти е гајле за него па додека тој се понаша како гомно ќе се забавуваш... И ќе те јаде совест, или ќе мислиш еве му се одмаздив кој го шиша... па ќе му дозволиш да ти се качи на глава, ќе ја влечеш врската колку ред да помине и на крај полошо за тебе... За едно кратко уживање ќе си смениш начинот на кој гледаш на врската... Тоа е како прво, а како второ, ако воошто ти дошла идеја да го изневериш - раскини му. Очигледно оваа врска не вреди доволно за тебе повеќе...
Не е до вниманието, со дечко ми ми е се во најдобар ред, планираме заедничка иднина ( нормално нели има и мали несогласувања како и во секоја врска). И сама незнам што ме влече кај овој, до сега за ниедно машко не сум почувствувала таква привлечност и не сум размислувала за неверство воопшто. А со овој ми се случува нешто и сама знам дека не е во ред, ама ете размислувам да го сторам тоа.
@ivanus би те советувала ептем радикално да постапиш - отворен разговор со дечкото, да отвориш карти дека нешто не штима чим ти паѓа на ум неверство, зошто факт е дека е така. Или да бараш разделба/пауза па ако веќе бидеш со другиот ќе биде во пауза, што знам, бар нема да си носиш вечно тежина дека си иневерила... Јас од себе тргнувам, ако би ми дошло да помислам на нешто со друг, значи нешто има што не штима во сегашното, бар за мене е така
да си размислиш мн подобро пред да стапиш во брак со дечкото од седум години.Сепак мислам ако го сакаш толку мн и планирате брак не би помислувала воопшто на друг,а ти велиш плус постојано мислиш на другиот.Реши си ја дилемава на време, дали да продолжиш со дечкото и понатака или да си почнеш нешто ново ...
@ivanus Верувај ми дека него ќе можеш да го имаш и од кога ќе се ожени. Некако класична приказна ми е, да го искористиме моментов, да уживаме во животот, еднаш се живее, зошто да не, баш ќе ни биде убаво... А зад се' тоа што стои? - Себичност од негова страна. Мислиш дека само на тебе ти предложува такво нешто? Гајле му е како ќе се чувствуваш ти после тоа, како ќе гледаш на врската, како ќе се чувствува дечкоти ако случајно дознае... Не, не му е гајле. Плус, реални да бидеме да била таква страст, такво посакување, па не би чекал 7 години... мене ми звучи дека сеа му текнало еј оваа не ја дупев. А тоа што не знаеш што ти се случува, најверојатно те дига у облаци - со зборови. Таквите го имаат тој марифет научено пар екселанс знаат што пали кај жените. Не сакам да звучам песимистично, али битно е да се согледа разумно намерата зад предлогов на овој другиот.. Завиткана во мед е, ама чиста себичност е. А сеа ти одлучи секако.. на крајот на денот еднаш се живее, ама одговорноста на нашите постапки како и да е ќе си ја сносиме ние.
@ivanus се согласувам со чорапче . И мене исто ми изгледа ситуацијава . Не го пикнав кај оваа пред 7 год , ај сега пред брак да и го пикнам и после ко те је*е носи се у три лепе со твоите чувства и совест . На страна што ќе ти ја разниша и врската . Воопшто не се мисли , откачи го за таа идеја . Ако биде нека биде кафе само и толку . Дури и би рекла тој да си земе девојката ти дечкото онака заедно . За секој случај да не забегате ако сте сами ( да не ме разбереш погрешно , секому може да се случи да е понесен од страста и да направи грешка за која подоцна ќе се кае ) . Ако сака кафе , само кафе ок , ако не како последниве 7 години така и од сега .
Не дека не си почувствувала физичка привлечност кој друг маж, туку овој ти посветил внимание и упатил неколку пофалби на твоја адреса. Пример јас можам да почувствувам физичка привлечност од некој рандом маж на улица, прв пат го гледам, ама типот од згоден-позгоден, или пример некоја згодна цура и си мислам - леле колку е згодна девојкава. Ни си рандом тип, а ни со девојка не би легнала во кревет, ама физичка привлечност, де факто - има. Луѓето се визуелни суштества кога сексот е во прашање. Сакаш поддршка да добиеш во фазон: гоу грл, еднаш се живее? Од мене сигурно нема да добиеш тапшање по рамо дека треба да се испукаш и да ти помине фазата на љубопитство. Доколку ти сакаш да изневериш, ти треба да си таа која ќе отиде во град и ќе бара машко за секс. Тоа што он те контактирал значи само едно - корист. Размисли за ова. Мој совет: не верувај на слаткоречиви луѓе, особено не на луѓе од спротивниот пол.
Јас мислам цурава уште 333 убедувања да и удрите таа ќе го изневери дечкои па незнам.што да е. Таа ве чита и само си мисли како да си се оправда а не како да свати дека не треба да го изневери. Штом почнала да размисчува хахахха отиде да касне маца топеница а подоцна па може и мазеница. Мозочето нејзе и е како ќе ја дигне јебо до облаци а не како ќе ја јебе врската.
Ве прочитав сите, сега да не цитирам секој посебно, не пишав затоа што бев излезена( има живот и надвор од форумот) а не дека ве читам и мислам како да се оправдам. Оправдување за изневерување нема! Ќе се задржам најмногу околу коментарот на @Petar80 затоа што тој најмногу ме " поштедил" со коментари. Значи нити сум од тие девојки што изневеруваат и што се одмаздуваат затоа што на почеток на врска ме изневерил дечкото, секогаш велев не е тоа мое ниво да се понижувам толку. Не ми посветил овој внимание повеќе од некои други па ајде сум се улетала за секс. За овие 7 години врска ми се имаат пуштано сигурно преку 30 машки, па не сум се улетала по нив. ( не сум некоја јака риба сега со тоа да почнете да ме напаѓате. туку студирање во друг град, излегувања со другарки, но секогаш разговорот завршувал, зафатена сум имам дечко и толку). Физички сигурно барем 1 од тие 30 ми се свиѓал ама ете не сум отишла и не сум помислила да изневерам. А за со овој помислувам. Може е и така како што велите дека со оваа не бев пред 7 години па ај сега, но тој ми се пушташе подолг период иако знаеше дека бев на почеток на врска( значи сакаше врска со мене), но јас секогаш го одбивав, и виде не виде, се повлече. Е сега што му текнало после толку време стварно незнам, а и што ми е мене што тогаш го одбивав а сега размислувам за видување незнам. Може дека дечко ми и е прв и единствен сексуален партнер и што сме пред брак па помислив на тоа, ама оправдување секако нема! Не се правдам никако, само сум премногу збунета што се доведов до ситација да мислам на неверство!
И муабетов е што. Пак не сватив јас а пак сум со став дека ќе се плеснеш. Ти веќе си изневерила со самста помисла умот ти е таму уште физички да ти закаже кога. Не читнав јас демант а нит посочив каква си. Човек, девојка наелектризирана за добро ......
Не оправдувам неверство никако,мм ми е прв дечко ,8 години заедно,па не сум помислила на тоа во ниеден случај,не дека не сум имала прилика,но мислам дека користиш неадекватни зборови и премногу настапуваш грубо кон девојкава. Сум те читала по други теми со доста коректни одговори,ова не ти личи.
@ivanus а каква врска има тоа што си пред брак и што дечко ти ти е единствен сексуален партнер? Па ти да си сакала да пробаш и да видиш како е да имаш секс со друг маж, самата ќе си го направела тоа. Ајде еве кажи што е посебен овој тип па со него сакаш секс а со другите кои ти се пуштале не биле доволно добри? Слаткоречив е? Прави да се чувствуваш посакувана? П.С. Академски граѓанин си, срамота е да напишеш "незнам". Помеѓу НЕ и ЗНАМ има празно место, спејс на тастатура.
Прифатлива е забелешката, репликата е моја личела не личела, посочи ми кој зборови се неадекватни ќе ги изредактирам. И браво за лојслноста твоја кон мажоти
Во ред е, гледам како сите сте расположени за напаѓање така да нема повеќе да продолжам со дискусија. Побарав совет, добив секакви мислења, повеќето арогантни што не мислам дека заслужив до толку, но во ред е. Да судиш за друг е многу лесно се додека не се најдеш во таква ситуација. И јас осудував.
"Плеснеш" "наелектризирана за добро......", на тоа мислев,дека коментарот е во ред,ете и јас мислам како тебе и се сложувам дека ке го направи тоа штом чувствувс толкава привлечност и потреба да смени партнер,но користиш доста груби изрази. Не спомнав за " лојалноста" да ми каже некој браво,туку да не испадне дека оправдувам се што наведе членката. Поздрав
Сепак убаво сум претпоставила, ти треба ветер во грб за да се решиш и да го изневериш дечко ти. Не може да се најдам јас во таква ситуација, може и Брет Пит да дојде да ми се пушта, ако јас не сакам да изневерам воопшто нема да ја дискутирам таа опција. А доколку сакам да изневерам, повторно нема што да се дискутира - ќе се соблечам и ќе имам секс. Всушност јас не забележав дека бараш совет, јер ти не постави прашање.
Жаргонски кажани зборови, а за последното знам дека е двосмислено но прав ум право ќе го свати. Благодарам на сугестија. Со она ,,браво,, беше баш Браво искрено кажано. Зборот некогаш боли повеќе од силен шамар, а тоа и ми беше намерата.