Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    488 глас(а)
    19,5%
  2. Не

    2.018 глас(а)
    80,5%
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И сега, од кога сите дадовме совет девојката фино не отпцу и ќе си направи како што и одговара.
    Прво правило, ако имаш прашање на кое го знаеп одговорот а бараш совет, значи дека одговорот не ти се допаѓа...
     
    На Summerlover, *Amethyst*, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ivanus

    ivanus Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    51
    Исто и јас реагирав како тебе, нема шанси мене некој да ме натера јас тоа да го сторам, кој сака нека биде. Се си е до психата и ако не сакаш да изневериш, нема тоа да го сториш па кој сака нека е, не може некој да ме убеди во спротивното. Тоа беа мои зборови, додека да ми се случи хаосов.
     
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Каков хаос ти се случил? Се појавил некој тип од пред 7 години и ти веднаш помисли на неверство? Карактерот ти е слаб, не е до психата.
     
    На Summerlover и Petar80 им се допаѓа ова.
  4. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Целта и беше да каже како се чувствува,да се олесни,затоа што претпоставувам дека ваков муабет не би можела да направи со никој. Таа сто посто е свесна какви одговори ,и совети ќе добие,кој не би знаел :) но ете ја искористи темава и анонимноста на форумов да си ги искаже чувствата ,совет и мислење не верувам дека и е потребно.....
     
    На Petar80 и ivanus им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @ivanus сум била на сите страни, сум мислела дека никогаш нема да изневерам, сум помислила на неверство, не сум ни помислувала дека некогаш ќе ми треба друг машко, сум мислела дека нема што да барам со личност со која сум во врска.
    И од лично искуство стојам на тоа што го реков и претходно, ако помислуваш да го изневериш раскини му уште сега, очигледно е дека таа врска не те исполнува доволно за да не мислиш на други машки. Да ти било се совршено и прекрасно, не би ни сакала да помислиш на друг, зошто да ризикувашд дури и со помисла да уништиш нешто совршено?
     
    На Summerlover, *Amethyst*, Petar80 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ivanus

    ivanus Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    51
    @Rebecca_R Сега од еден тип да ми се смени карактерот не може, цврст карактер сум во глобала. Јас се чукав во гради како никогаш нема да изневерам, ги осудував сите. Побарав совет затоа што првпат ми се случува ова, сакав да слушнам дали му се има случено и на друг вакво нешто од нигде никаде да помисли на неверство и како се изборил со тоа. @ilyan Во право си, за ова со никој не можам да зборам, затоа се обратив тука и побарав совет .... @DAngel убаво ми е во врската, да не било така нема толку време да останам со него, и јас си стојам на тоа дека сакам брак со него и иднина. Го сакам и затоа сум збунета, иако ми е како што треба во врската, јас после толку време размислувам за ова.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    А да се ставиш на местото на дечково со кој планираш брак ,како би ти било тебе тој да ти го стори ова пред да се земете?Расчисти си со врската ако се впушташ во нешто друго.Не повредувај на начин на кој не сакаш да си повредена.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Еве и јас сум во долга врска. Дали ми се случило да помислам на неверство? Ако се важи за тоа помислата дека некоја личност, а мислам и на мажи и на жени, е неверојатно секси и привлечен - да. Ама да разгледувам дали би требало да имам секс со друга личност поради икс причини - дефинитивно не.

    Да се разбереме, љубопитноста како би било да имаш секс со друг маж секогаш ќе постои. Еве да речеме ќе имаш секс со еден, ќе сакаш со друг, трет, четврт. Кога е неверство во прашање, и дечко ти да ти е втор, пак ќе стои прашањето каков е Трајче во кревет, нели?

    Кога веќе размислуваш за неверство треба сама да решиш дали сакаш само секс или сакаш да раскинеш со дечко ти и мислиш дека типот што ти се пушта е подобра прилика.

    Доколку сакаш само секс, никако немој со овој што ти се пушта. Те интересира каков секс ќе ти пружи друг маж? Најди некој рандом тип на кој не му го знаеш името, не му го кажувај ни твоето - завршена работа. Ама пред да го направиш ова размисли дали некогаш ќе паднеш во искушение тоа да му го признаеш на дечко ти и целата бајка да заврши неубаво.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Не не не во никој случај не смее да се прости неверство:!:
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivanus

    ivanus Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    51
    Сепак мислам да не го сторам тоа, може ќе биде добар секс за една вечер, но што потоа. Јас мислам дека нема да можам да продолжам понатаму со грижа на совест зошто го сторив тоа. Можам само да си ја уништам врската што ја градиме толку години и за една вечер да срушам се. Не дека дечко ми ќе дознае, и да не дознае јас самата нема да можам да се носам со тоа.
     
    На Milenalena и Petar80 им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Тогаш седи си мирна, ќе ти помине. Мене ако ме прашуваш - математика нема. За да намириш страсти и животински инстинкт ти најверојатно ќе уништиш се'.

    Можеби сексот ќе биде многу подобар со сексот од дечко ти, ама што потоа? Грижата на совест е опасна работа. За една вечер уживање треба да ризикуваш години и години посветени на една личност.
     
    На Petar80, aleksandra4444 и ivanus им се допаѓа ова.
  12. Mr.Lover

    Mr.Lover Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    1.028
    Пол:
    Машки
    Нема шанси штом нашла подобар од мене бујрум нека и е со среќа
     
    На fallenangel, realGirl, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.080
    Пол:
    Машки
    А што ако испадне многу плошо од она што го имаш, лош секс, фалби од типот после таа вечер дека те имал вака ти правел така ти правел а ти воопшто не си уживала во тоа и на сето тоа дознае дечкоти. Ма да и да не дознае а ти првата средба со дечкоти , саканиот де го гушкаш го бакнуваш и му велиш душо те сакам. А во мислите ти се мота тух бре оној не го биваше бадијала се надевав.
     
    На Summerlover, fallenangel, ilyan и 4 други им се допаѓа ова.
  14. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Се имам најдено, затоа и ти кажувам.
     
    На Petar80 и ivanus им се допаѓа ова.
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.238
    Пол:
    Женски
    Гледам муабетов се движи кон насока - дали одобрувате да се изврши неверство!

    На темата, мој став,не само кон неверство, туку воопшто кон самиот чин проштевање - е дека Да, простувам.
    Човечки е да се греши и уште почовечки е да се признае грешка и побара прошка. А највисока форма на човечност е можноста искрено да се прости.
    Еве мал извадок - што е простувањето

    Да се згреши е човечки, да се прости божествено. Но, чинот на простување е многу полесно да го дефинираме отколку да го направиме.


    Простувањето обично се поврзува со оставање зад нас на некоја болка или криминал кој ни бил направен од страна на друго лице. Да се прости, значи на некој начин да му се даде помилување или своевидно попуштање на другиот. Од голема важност сепак, е кому и за што му простуваме. Кој е тој што рекол или направил нешто за да навреди или повреди, и во што всушност се состои неговата вина, се основните прашања кои се наметнуваат во таква ситуација.

    Одговорите на овие прашања во голема мера определуваат дали некому ќе биде простено и колку брзо ќе биде направено тоа. На сите нам, некој ни згрешил, било да се работи за пријател, член од фамилијата, колега, или некој непознат што првпат го гледаме и сите многу добро ја знаеме разликата во степенот на повреденост кој сме го почувствувале на овој или оној начин.



    На пример, ако сопругот или сопругата изневерила, при утврдувањето дали да се прости, во голем број случаи влијаат и другите околности, како траењето на таквата врска, дали се работи за еднаш или можеби тоа траело со месеци и години, дали следело брзо признание и каење или не, итн. Па така, да се прости во ваква ситуација, во зависност и од аспектот на гледање на работите на личноста, земајќи ги во предвид и половите разлики и останатите фактори на диференцијација, понекогаш партнерот едноставно не може да помине преку неверството и до простување нема да дојде. Болката од повредата, независно дали е емоционална, ментална или духовна за некого е премногу голема.



    Од друга страна пак, ако земеме друг пример, две другарчиња, во тинејџерска возраст, ако се скараат за време на играње на некоја спортска игра, веројатноста дека ќе си простат е многу голема и плус за тоа да се случи нема да биде потребно многу време, можеби само неколку часа. Особено ако се работи за лесна физичка повреда која настанала во жарот на играта кога емоциите владееле со нив. Дури и да се работи за повозрасни личности, едно „извини“ практично го затвара целиот случај.



    Да разгледаме и друг пример, кога голема повреда е нанесена случајно од страна на некој непознат или малку познат човек. Ако некое детенце истрча пред нечиј автомобил и притоа е изгазено, многу родители иако скршени од болка и облеани со тага, решаваат да му простат на возачот заради тоа што вината не била негова туку случајноста ја одиграла главната улога. Ова особено се случува кога возачот ќе покаже искрено сочувство, што и обично се случува ако се работи за ненадејна несреќа.



    Друг е случајот ако некој намерно изгазил, да речеме нечиј миленик или уште полошо некоја драга личност на оној кој сакал да го повреди со таквата постапка. Тогаш може да се случи голем гнев и моментна експлозија на лутина која ќе го засени нормалното расудување и ќе предизвика неповратни ефекти во негативна насока а камоли да дојде до простување.



    Постојат значи, многу нијанси на простување, а тоа е така затоа што постојат големи разлики во повредата и болката, без оглед дали се работи за физичка, ментална, емоционална или духовна. Може да прозвучи и парадоксално, но обично физичката болка се простува полесно отколку психичката. Ова јасно покажува дека луѓето се многу повеќе од збирштина на коски и месо, па повредата на нивната психа, особено ако е направена од некој близок може многу да ја усложни ситуацијата и да го отежне процесот на простување кој може да трае и многу долго, дури со години или децении.



    Друг фактор е и самиот капацитет на личноста за простување, кој независно од повредата, варира кај различните индивидуи. Сигурно знаете луѓе на кои им е тешко да простат и работи што обично се сметаат за минорни и други кои пак простиле нешто за кое вие самите сметате дека никогаш не би можеле. Сето ова, го прави простувањето една многу замрсена работа на која не е лесно да се даде одговор.
     
    Последна измена: 14 мај 2017
    На Lejla8, Dadusicka, Petar80 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Моето искуство е малку поинакво, знаете вие од форумов, ама да си кажам јас пак :)
    Бев спремна да бидам силна и да простам, да преминам преку сите последици од неверствата, преку болката итн. Тој не беше спремен да живее со тоа, можеби затоа што беше свесен дека тоа ќе ме боли ама нема никогаш да кажам колку и како ме боли. А можеби и затоа што неговата и мојата болка во ист дом ќе предизвикаше поинакви последици од овие сега. Којзнае...
    Важно имајте на ум дека не е лесно да живееш со помислата дека си изневерил некој, ниту пак дека те изневериле.
     
    На Роберт 7, realGirl, anaja1 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Moonlightbb

    Moonlightbb Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    34
    Како што гледам на темава се зборува за неверство дечко-девојка. Еве јас сакам да зборувам малку за друго неверство малку да си ја испразнам душичката. Го изневерив долгогодишното пријателство со мојата најдобра другарка. Дали ме гризе совеста? Понекогаш кога длабоко ќе се навратам во времето кога ми пиша нејзиниот бивши. Таа додека беше уште лудо вљубена во него и по цел ден ми раскажуваше за сите прекрасни моменти поминати со него, јас потајно се допишував со него. И не знам како но изгледа ѓаволот ме натера да отидам со него. Ете помина одреден период таа сеуште го сака, тој мене ми пишува не знам што да правам.... Помош...
     
    На Тетка Биберче му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Praskicka :)

    Praskicka :) Нов член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Дали само јас не разбрав што сакаше да каже @Moonlightbb или грешам?
    Си го изневерила партнерот со најдобрата пријателка? Ок, но во вториот дел од пораата пак неа си ја изневерила со нејзиниот бивши фрчко? Сега, кој кого тука изневерил?

    Дали да се прости неверство? Мислам не, затоа што таа врска или брак се распаѓа во моментот кога ќе дознае или дознаеш дека си или дека е изневерен, се потоа е само мачење и исправање криви дрини.
    Јас апелирам до сите вас добро да размислите пред да се решите за неверство, колку и да ви е лош бракот неверството во ниту една варијанта не може да биде решението на проблемот.
     
  19. Moonlightbb

    Moonlightbb Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    34
    @Praskicka :) Најнапред здраво. Во текстот убаво имам наведено за тоа кој кого изневерил. Убаво пишува дека го изневерив ПРИЈАТЕЛСТВОТО. Делумно доколку не сфаќаш што значи да изневериш ПРИЈАТЕЛСТВО по просто кажано го уништив поради еден фрчко како што велиш во твојот текст. Ја изгубив нејзината доверба. Сфаќаш сега?
    Поздрав.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    27.944
    Пол:
    Женски
    Абе велат човечки е да згрешиш,но и да простиш. Ама неверство си е неверство.
    Ај разбирам во првите 2-3 месеци од врската тогаш никој не знае што сака и дали е заљубен.
    Ке кажам конкретно за мене кога се фативме со дечко ми јас искрено не чуствував нешто посебно за него,не бев ни вљубена во него.
    Се се случи со тек на време. Ама ако се работи за врска која трае повеќе години не би простила.
    Ај ке простам ама што после тоа? Како со ке живеамсо тоа?
    Нема да биде исто,ништо нема да биде исто. Нема да функционира како порано.
     
    На Moonlightbb му/ѝ се допаѓа ова.