@EraBon Добро,секој со свое искуство, јас кажувам од мое искуство. Ама ете да речиме ај ќе простам, но никогаш повеќе нема да го гледаш со тие очи што си го гледала, кога ќе се бакнуваш ќе мислиш на кого мислит сега. Не е исто.
@sweetbutterfly Pa uste sum vo vrska da...Se somenevam da no samo koga e izlezen no mnogu retko veke e smenet iskreno..
Не судам на никој, ама од моја гледна точка неверството е големо понижување, а изневерената личност која го прифаќа тоа, простува и останува во таа ''врска'' е само една личност со недостиг на самодоверба. Ако барем малку се има респект спрема самиот себе, вакво нешто нема да се премолчи.
Секој различно..од многу фактори зависи тоа кај мене беше друга причина ама ајде не е битно...Мене ми е битно после тоа да нема ништо и се да си е океј а кој како ќе го свати тоа негово си е...
Jaс се можам ама никако неможам да ги разберам оние парови сеуште (дечко и девојка) кај кои мажот ја изневерил жената т.е независно од тоа дали го открила или признал и после само 2 месеци изневерената жена да каже дека е трудна незнам 1 месец од мажот. Знае дека биле изневерена и после само некој ден го јава мажот и прави деца со него ???? Јас не можам да го разберам ова навистина. Девојката ни да размисли за иднината туку директно скокање на момчето Што се обидува девојкава. 1.Да игра улога на проститутка, 2.страв и е да не го изгуби мажот идиот или нешто трето незнам
Ипак друго е во бракот друго е во врската...Во бракот да се случи многу јасно дека нема да сум со тој...
Тој што еднаш ке изневери,ке изневери и втор пат и трет пат и ке ве врти така ако му простите.Лично јас нема да простам такво нешто никогаш,нема да паѓам ни на она ДАЈ МИ ДРУГА ШАНСА..За што бе втора шанса за да ме изневериш уште еднаш?До сега ми се нема случено,но во иднина доколку ме изневери сигурно нема да го погледнам.
Да ме прашаше некој пред некоја година одречно НЕ ! И сеуште сум на истиот став , но сега ја гледам целосната слика со детаљи. Порано појдовна точка ми беше како тоа тој се дрзнал мене да ме изневери ? Наплив на љубомора , гнев и бес ... Да би ми се случило сега во оваа ситуација во која сум вложила многу години , љубов , разбирање , одрекување и жртви, хм не знам.Нема да ме боли што го губам ќе ме уништи што бил се што не сум замислувала .Ми се руши целосната слика за него , се што сум ценела , почитувала потонува неповратно.И да ми го даде светот под нозе ,никогаш нема да можам да го гледам со исти очи. И да му ја држам раката , моето срце ќе биде затворено за него и тоа засекогаш . Никаква логика би немало да ја продолзам ни таа врска ни тој брак без оглед на околностите.Како можеш да веруваш на некој што еднаш те предал , еднаш те рушил до темел и плукнал на тебе , кукавички и безобразно . Не те почитувал да ти ги отвори картите и да ти ја каже вистината колку и болна да би била . Не ми требаат такви кукавици околу мене , тоа не е фигурата на МАж кој го замислувам до мене .
Не можи да се прости а уште повеќе да се заборави и да се почни после тоа одново. Најосновно ајде пресечете едно јаболко на пола ке можете пак да го составите ? Не можам да сватам што е тоа сто го чуствуваат кога изневеруваат ? Што постигнале со тоа ? Што ке биде после тоа изневерување ? Јас во моите 27 години немам изневерени воопшто ниту пак сум пробал, нема простор да изневеруваш и нема за што да изневериш. Прво врската се склопува бидеќи нешто сте виделе еден во друг нешто што е посилно од двајцата и ве повлекло како вакум едни кон други. Потоа се гради врската на искреност почит и посветеност. Се борите еден за друг, планирате заедно кога ќе се видите, што ќе правите, каде ќе одите. Градите еден поубав свет за вас двајца со љубов и посветеност, се борите за да ја задржите таа градба тој ваш внатрешен свет. Мислите еден на друг. Ја обновувате врската понекогаш исто како кога поправате нешто по дома или кога се подновувате нешто за вас и за партнерот. Се гледате повеќе време насамо гледаќи филм доцна во ноќта, одите надвор од град или на некое интимно место само вие двајца за да можат вашите самовили во стомакот да леткаат слободно. Гледаќи се во очи и бакнуваќи се си кажувате колку само се сакате, ќе се сакате и ќе шродолжите да се сакате посилно и посилно. А покрај сета таа душевна љубов повеќе време треба да и се обрнува внимание и на телесната љубов. Е таа љубов е нај искрена: нема говорење мн мн мн само бакнежи галење, воздишки. Пуштетеги двете тела да се разберат на свој начин тивко мирно и препреки, бакнувајтесе водете љубов голи. Едноставно препуштете се на мометот кој е најубав момент кој само за вас двајца е створен и секогаш уживајте во ваквите моменти но и во љубовта која само вие ја градите а за неверство оставете го тоа не ви треба бидеќи покрај сите убави оридобивки кои ги носи љубовта верувајте нема место за неверсто. ЖИВОТОТ Е КРАТОК !!!!! САКАЈТЕСЕ БЕСКРАЈНО.
Не, никогаш! Ако некој те сака нема да те изневери. Тоа за мене е понижување и непочитување. Тој што еднаш изневерил, ќе изневери и следен пат.
Зависи од врската. Доколку и двајцата си прават што сакаат на страна, па во случај да сакаат сеуште да продолжат и да се почне од почеток, тоа некако би можело. Но јас да го сакам и да не помислувам на други, а тој да ме изневерува, нече мочи.
со оглед на големиот број на сексуално преносливи инфекции и сида - не само што нема да простам, туку ако дознаам дека имал со некоја секс, а и јас не сум носела кондом макар еднаш - би одела на проверка, дирекно кај лекар...ама затоа се носи кондом, верба во никој....среде пијанство или слично на маж не му текнува ни каде и со кој ја поминал ноќта, а не кондом да носи....денешно време од практични причини не се оправдува неверство, а не само заради скршеното срце