Да не се лажеме дека сите долги врски успеале да опстојат без повремени излети .. Па уште си има љубов и до брак стигнуваат... Монотонијата може да те убие.. барем некого може, не секого
Монотонијата е оправдување за изневерувањето, има еден куп случаеви каде што не се изневеруваат, едноставно му е убаво да се заедно. Имам пример - пар се од пред 14 години и двата се млади и двата заработуваат на Миконос пола година таму, пола година нешто во мк работаат, и имаат и син веќе е пораснат. За афери немам ни слушнато за нив. И за еден куп други бракови. Според мене, ако се засакаат меѓусебе - нема изневерување, а ако не се сакаат баш - еве ти и монотонија (изговорот) и нешто на страна. А таквите бракови нека си ги носат со здравје, ќе има Љубов само за на сликите на фејсбук
Сите врски и бракови изгледаат среќни кога ги гледаш од далечина Аферите и те како можат да се прикријат и никој да не дознае за нив. Типичен пример ти е маж од еден брак и жена од друга брачна заедница, кои се состануваат... и на двајцата дискрецијата им е на прво место ... Пак ќе речам, преубаво е од страна да гледаш... Ниту љубовта ниту монотонијата не се причини за (не)изневерување .. Има многу други Х и У фактори во излетите надвор од брак/врска
Сметам дека неверството не треба да се прости. Дотолку некој изневери некого тогаш не станува збор за вистинска љубов. Кога човек сака некој искрено и со цело срце паметот не забегува до толку па да изневери. Ако некој сака да има авантура со некој друг или не му се допаѓа да седи во врска повеќе, најдобро е да раскине наместо да предизвикува душевна болка и да ја обележи целата врска како едно негативно искуство. За жал сметам дека денес многу луѓе незнаат како да сакаат искрено и потполно.. Не се и баш најважен фактор годините тука. Ова мислење може да го има било кој човек што знае да сака и му се допаѓа ваква врска каде што двата партнери се лојални. Се е до човекот..Ако има 27 години не значи дека неговото мислење за ова е несозреано или пак ќе се смени.. Да напоменам дека тука не ги вклучувам отворените врски каде што на партнерите им одговара да одат со други додека се 'заедно'. Иако според мене тоа не е добра врска за некого можеби е..и не им пресудувам ниту се мешам во тоа. За кој како е подобро
На жалост душо, човек како старее така и се менува...физички , психички, сите погледи кон животот му се менуваат...верувај.
Разбирам но сепак за кого како..Секој е различен. Познавам доста примери за луѓе за какви што ти цитираше погоре а познавам и доста луѓе што сеуште се на слично мислење за љубовта како што кажа дечкото погоре
Искрено пола од луѓето кои ги познавам имаат изневерено или биле изневерени. За многу врски сум била во заблуда. Гледаш ја осипува со внимание, со цвеќиња,прегратки,бакнежи.. на социјалните мрежи се најсреќниот пар кој постои, а реалноста е многу поразлична. Не можете да очекувате да ви биде верен човек кој изневерил со вас. Значи ако изневерил со вас,ќе ве изневери и вас. Јасно е. Да зборувам за мене, до сега не сум била во посериозна врска,не сум изневерила искрено не сум била ниту изневерена. Јас кога сакам,сакам со цело срце и целосно се предавам на личноста која ја сакам па следствено на тоа не постојат реални шанси да изневерам. Иако многу пати сум кажала и сум советувала другарки да не простуваат неверства,јас знам дека би простила. Ќе бидам многу повредена и никогаш нема да заборавам ама знам дека ќе простам. Веќе реков дека не сум била во посериозна врска и не сум најкомпетентната личност да зборува на овие теми,не сум се соочила со таков проблем до сега ама познавајќи се, таа е реалноста.
Зависи од каков агол ги гледаме работите. Неверство во врски на 15,16 па и 18 години е сосема нормално, чак што више и го одобрувам. Луѓе сме, водени од инстинкти, полигамни суштества. Затоа е и таа младост, да се проба што може повеќе од она што е дозволено и она што не е. Меѓутоа, постои преод во животот, каде преминуваш во позрела личност и каде со самото влегување во врска веќе губиш интерес за оние инфантилни работи и сакаш да градиш една цврста, стабилна и зрела врска помеѓу само две личности. Кога веќе ќе се достигне тоа ниво, веќе нема потреба од страв за неверство. Затоа уживајте додека сте млади, правите глупости и имајте грижа на совест. Многу е поразлично кога некој го живеел животот до максимум и некој кој се шалтал од врска во врска или пак уште на млади години затерал со една личност. Најчесто, причина за тоа е самата неиживеаност, ниска самодоверба или пак страв од немање партнер доколку се стави крај на претходната врска. Никогаш не сум изневерила и немам никаков план за истото да го остварам, да не речам испод час ми е. Штом во врската започнат такви сомнежи, да ти се плукнам во врската, не ви ја бивала од сам почеток.
Никогаш нема да простам. Никакви теории или причини "зошто се случило тоа" нема да ме наведат да простам, а најмалку "монотонијата". Секоја врска доживува монотонија. И јас сум во многу долга врска и сум доживеала монотонија, но никогаш не ни ми текнало на памет да се фатам да изневерам, а не пак да го реализирам тоа. Мислам дека тоа го прават луѓе без самодоверба, луѓе кои првенствено немаат почит кон себе како човек. Дури и да заслужи скарај се- па оди со друг. Макар што во моево секојдневие многу е тргнато на изневерување, сите вредности се изместени. Толку е навлезено сето тоа дури и во браковите, што просто се чудам. Тешко е да најдеш личност што ќе ја сакаш и ќе те сака неизмерно
Не би простила. И јас сум во долга врска, па како што досега никогаш не сум помислила на неверство, бидејќи во личноста со која сум во врска ја пронаоѓам целата среќа, така очекувам и од него. Во спротивно,доколку недај боже дојде до нешто такво, би била подготвена веднаш да ставам крај.
Не би простила. Во моментот кога ќе сфати дека не сака да биде со мене нека ми каже. Па секој по својот пат.
И наеднаш ке чуеш дека се разведуваат , бидејки едниот орџираал и другиот го фатил Мене ми се најсмешни ваквите , глумат срекни пред сите и наеднаш развод
па како да кажам, една мислам дека ги фали премногу керките и никогаш не ги ни спомнува нивните мажи, кој знае во какви односи се тие со мажите. двајцата млади згодни неопходни хахаха. и порака до сите, сингл жените не ги бркаат женетите мажи, тоа го прават само таквите среќно омажени жени
Би ми било премногу тешко ако недајбоже ми се деси.Но за какво неверство мислите? Ако има уште една, или ако се случи само еднаш? АКо има друга резерва би го оставила, не знам...но и еднаш ако се деси може да внимава.Јас не сум изневерила се надевам нема да ми се случи ни мене
факт е дека повеќето мажи изневеруваат и тоа претежно со нечии девојки или жени. само едните знаат вешто да го сокријат тоа, а други не. ииии, морам да го нагласам ова, и жените исто изневеруваат повеќето. тука веќе, во ова современо време, нема позначајна разлика. изневерувањето е грдо, било за една вечер да било, било за тн резерва. резервата обично се чува дека не ме сака доволно? себична работа. тука веќе ќе му ги поедноставам работите, само ќе му речам ај мрш! оди си кај резервата. и ако си оди, значи дека чекал јас да пресечам. ако те сака - нема резерви. ако не е во ред нешто во врската ќе го поправи, а не да те елиминира и да ја прекини врската индиректно со оддалечување за да те натера ти да го откачиш, оти си имал резерва. со среќа нека му е резервата.
Што е со оние девојки што се вечен сингл и затоа гледаат да се упикаат? И оние случајните во пијанство, во афект и момент? Јас не би можела да простам ниту пак да изневерам.