Да чукнам во дрво, не ми се случило ова ( бар колку што знам ) На прва ќе кажам - НЕ. На втора......откако ќе се скршиш на милион парчиња, па ќе се составиш некако Ваљда би сакала да разберам зашто. Ако притоа у тоа кршење и составување не се скрши и љубовта и довербата, можеби би простила. Тука деца не треба да се мешаат. Тука сме ние битни како партнери, децата и родителството треба да се надвор од причава.
Јас сум била изневерена, и тоа од човек( сега бивши) кои најмалку би го очекувала тоа. Бевме во врска 2 години и ни еднаш не ни посакав да посомневам дека би ме изневерувал, но кога дознав.. Ставив крај за секогаш. Пота ми стана јасно зошто тој толку бил лубоморен на мене, напнат, несигурен, се сомневал итн.. Па се знае, тој тоа што ми го правел мене, од тоа истото се плашел и тој,да не му го правам истото јас нему! Јас никогаш не сум изневерила и нема да изневерам. А да знаете девојќи дека ако партнерот постојано ве контролира, ве прати , не ви верува , на секое се сомнева и нема мир, а вие не му давате причина за тоа, тогаш самиот тој е оптеретен со неверства и затоа и се плаши и чува од тоа. И затоа мразам неверсто, и нема да простам. Освен ако се прифатиме со дечкото и јас да го изневерувам, е тогаш можи па да видиме дали ке можи он да прости
И јас мислев дека НЕ треба да се прости, но како поминуваат годините и како ги гледаш работите околу тебе, и се дружиш со луѓе кои направиле неверство - некогаш се прашувам, дали моето размислување е погрешно. Сите се вадат на детето или децата - ајде тоа да не трпи, но што е пострашно и мене што ме запрепастува е тоа што - да ќе простат неверство, но зошто продолжуваат?
Имаа луѓе кој све би претрпиле за само да бидат со човекот кој го сакаат, има и такви кои и со стап да ги бркаш, не бегаат. Исто така има и некој кој немат услови за нов почеток на живот, па трпаат и ќутат битно да имат покрив на глава. А тоа заради децата, го има најчесто.Бидеќи на некои луѓе му е побитна иднината и сигурноста на децата одколку за инаетот и гордоста да не се прости , па да се растури фамилија. За жал кајнас во мк, од горенаведените ситуаци се најприсутни, пошто ретко кои има храброст , сила и моќ во оваа држава една обична жена да зачекори сама и самостојно да живее без никаква помош. Ете поради разни причини некој девојки/жени би простиле, некој не. И затоа на секого како што му е, никого на никој не му знаеме проблемот и неможеме да судиме за некој/а како простил/а изневерување Сигурно дека никој несака да биде изневерен, ама што е тоа е, секој си живее со тоа што мора.
Се разбира дека не. Не би сакала да бидам груба ниту да навредам некој но доколку прости некој неверство и е изневерен по втор пат самиот и си го заслужил тоа ,бидејќи ако еднаш те изневерил некој значи не те сака ,не сфајќам зошто некој би го простил тоа.
Јас не би простила неверство. Имав дечко речиси година одевме и го изневерив но затоа и му раскинав не сакав да го гледам и да го лажам а му кажав дека го изневерив тој пројде покрај тоа но јас не можам да гледам некој у очи и да лажам тоа е многу ниско за мене. И мразам ги тие што изневеруват и стварно не знам зошто тоа го прават што интересно ли им е не знам. Едншка еден ми кажува поубаво е кога се скриеш а што е убаво што има у тоа убаво и знаете тоа ми го кажува личноста во која сум заљубена. Ако си со некоја или некој бидете си среќни заедно а не да изневеруваш. Во тоа нема ништо убаво барем јас знам најубаво затоа што знам некои машки што ги изневериле девојките. И бог да чува зошто си со неа ако ја изневеруваш.
NE mi se slucilo do sega fala bogu i mislam deka nikogas ne bi prostila. Se sto moze da se sluci ednaska se slucuva i po vtor pat toa sigurno.
Одсекогаш сум стоела зад тоа дека никогаш нема да простам, но животот на толку смешен начин може да ти го докаже спротивното. Дека не е се така како што изгледа, кога ќе се најдеш во таква ситуација едноставно се губиш самиот себеси, зачуден си. Исто како и мене што ми се случи со човекот со кој идев 6 години. Ни на крај памет не мислев дека мене ќе ми се случи тоа. Преминав преку тоа но длабоко во себе не простив, само сум преминала на тоа и се трудев да заборавам. Зошто ? За да ми го докаже он спротивното. Дека не требало шанса да му дадам. Расчистив со него засекогаш и сега дефинитивно се враќам на моето дека НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ И НЕМА ПРОСТУВАЊЕ ЗА НЕВЕРСТВО. Шансата што се дава е како куршум, му дозволуваш следниот пат да те убие, овој пат без промаршување. Затоа девојки немојте, ама баш немојте да простувате, неверството е избор не е грешка. Конечно олицетворение на личноста
Јас до сега не сум изневерила , и се каам многу за тоа ! Сите тие што сум била заслужувале такви рогови! Јас колку што знам до сега не сум изневерена .... Јас би простила и би се иживувала дури не ми помине гневот па ке го фрлам како прљав партал .
Имам колешка што го изневери дечко и повеќе пати. Живеат во заблуда и двајцата. Тој ја контролира и и се заканува цело време, дури и мене ми е страв од него. Од една страна не знам што се мачи и губи време тој со неа, а од друга страна таа зошто го трпи сето ова не разбирам. Ќе простам неверство - нема проблем, ама веќе нема да бидеме заедно. Не планирам да лепам стакленца и да се повредувам заради некој што не ја заслужил мојата љубов и почит. Залудно губење време дека другата страна би се сменила. Колку и да сакаш некој, во ваква ситуација треба сам да си се ставиш на прво место и да ги отстраниш ваквите личности од твојот живот. За свое добро.
Сметам дека секој знае што прави не е битно дали бил пијан или слично, нема алкохол или нешто друго што може да ме натера да изневерам некој што го сакам. Бидејќи јас не би изнеревувала не сакам ни мене некој тоа да ми го прави, така да доколку би ме изневерил всушност покажува колку тој некој не бил за мене и крај прича.
Не би изневерила и не би ни простила колку год и да го сакам и да бил он пијан или таа да била пијана НЕ и крај.