Не можеш многу да направиш сега. Ќе и' треба време. Ако сака да разговара за тоа, разговарај, ако сака да се расправа, слушај ја, ако сака да не зборува за тоа, не зборувај. Извинување се разбира... и остави на времето.
Мајсторе ептен си ја упрскал работата од старт да ти кажам. Зошто и од која причина го започна разговорот? Знаеш ли дека после тешко се гради довербата. Седнете и сериозно разговарајте, а во меѓувреме расчисти си ги работите со таа девојка со која се допишуваше. Јас мислам дека ова е единствено решение.
Нема тука што совет да ти се даде...туку крени глас, кажи дека сперма ти удрила во глава и си реагирал како секое напалено машко..брзоплето и олеснително...ако сака нека помине преку тој настан а ако не сака, тоа е што е..биднало и не се брише со гумичка, ниту се пере со солна ...е јбг сега па.
Ваљда започнав таква конверзација со другарката од недостаток на блискост со девојка, недосаток на блискост или не знам ни јас самиот. Додека влегував во такви конверзации кои водеа до изневерување, не бев свесен. На некој начин се каам за стореното, си ветив дека нема да ја повторам грешката но не сакам ниту да ја изгубам врската.
Ваљда дека се гледаме на секои 4 месеци, влегов во криза и имав потреба од девојка, но не бев свесен што правам. Иако не ја изневерив, бев на прагот да го сторам тоа. Сега се каам и никогаш повеќе нема да го сторам истото. Се надевам дека ќе добијам шанса да го докажам тоа.
Оти бе да се каеш, абе ајде свиркај...едно искуство плус во животот...само другпат кога ќе правиш, гледај потајно, скришно..не цел интернет да те разбере.
Сега ќе собереш храброст и ќе седнеш сериозно да поразговараш со твојата девојка и отворено ќе и кажеш се. Со среќа и со лесно се надевам дека ќе помине се како што треба. И потруди се да не ти се повтори ова за да не дојдеш во истата ситуација.
Оти така му зборуваш бе? Гледаш дека е заљубен во девојчето и битна му е оваа врска. @MarkoWPH извинувај се брат, и на колена ако треба. Остави ја бабава, те лажи.
Абе маче, знаеш дека ние женските сме обратни...трчаме по тие што не ни се извинуваат и не плачат по нас! Е оти де на колена па да клекне, туууу па и ти....мене некој кога би ми клекнал, може клоцата по њушка да му ја бапнам
Се гледа дека ја сакаш и свесен си дека си направил грешка. Греота е поради такво нешто да ти пропадне врска со девојка што ја сакаш. Битно не си ја изневерил иако сепак и тој муабет мене исто би ме изнервирал. Извинувај се, најбитно прекини муабет со таа “другарката“. Можеби ќе имаш среќа и ќе ти прости девојката.
Ја градевме 3 години врската нон стоп у швици или у Македонија, патувања и разни убавини. Незнам што ми стана последниот месец али видов дека не смеам да бидам таков, ќе се обидам да ја задржам. Фала ти бруда. Прекинав со другарката и таа е свесна за ситуацијата така да и од нејзина страна нема повеќе да има такво нешто, сега останува да помине барем некое време за да и се излади главата а требаше да дојде во Македонија у Среда, тоа е заебаното...
Pa ti vekje ja izneveri so samiot dirty talk so druga makar I nekoja od porano, I to se smeta za neverstvo. Sea soberi m*da kazi I se otvoreno na devojkata I moli se na Boga da ti prosti. Beri um za drugpat. P.s. jas ne bi prostila vakva postapka.
Преку нервоза вели дека нема да доаѓа, дека се осеќа понижено после ова. Во случај да не дојде, ќе ја изненадам јас и ќе се појавам таму кај неа.
Правилно постапи што постираше на фемина. Мој совет е да си фатиш и трета. Што се секираш, тоа е квалитет - те бидува. Девојка ти таму во Швајцарија, без тебе - парче се прави, ти тука си се стиснал како бакшиш. Ако ти го тупи нешто многу, кажи и како тоа само кон неа имаш вистински чувства, вистинска љубов, се друго е небитно и беззначајно. Кажи и како тоа ти не си сакал, ама тебе те завеле, во момент на слабост кога ти требало рамо за плачење, а таа не била тука за тебе. Многу е битно да нагласиш како тоа си бил оставен сам од неа и да пробаш да и наметнеш вина, ти си жртвата емоционално запоставениот. Нормално, скапи поклони, ко што е ред, за да те свати сериозно, ограничено внимание некое време, ама не се троши премногу - ќе ти треба и за други инвестиции. На крај, ако неќе - неќе, нејзина одлука, нели не е твоја вина што си изневерувал, туку е нејзина одлука и продолжуваш понатаму. Само пази малку со тоа фејсбуцуте, инстаграми, твитери - се е јавно.
Дека си згрешил не вреди ни да спомнам, веќе си знаеш. Сега обиди се да ја поправиш работата, отворено разговарај, подобри ја комуникацијата, ама да знаеш и да ти прости нема да заборави никогаш. Барем јас сум таква, простувам ама не заборавам.