Па фала богу не сум имала долга врска и подобро е незнам зашто ете така се чувствувам, јас би сакала долга врска ама кога сето се манијаци што лета на мене никако да се погоди саглам а иначе не би му простила ако ме изневерува макар и да е еднаш, колку и да го сакам ќе го остам засекогаш..
после јебања нема кајања....така да колку и да се кае КРАЈЈ па и срцето да ми го извади на маса нема да му простам никогаш...
Зависи за какво неверство станува збор, јас сметам дека повеќето би размислиле ама не би простиле. Со тоа што сте го направиле нема да го/ ја изневерите партнерот/партнерката туку ќе се изневерите и самите себе. Инаку ретки се тие кои што имаат храброст да прејдат преку тоа и да простат.
Јас не сум таква личност.Ако некој тип престане да ми се допаѓа или ми здосади,ќе му кажам дека повеќе не го сакам и толку.Не сум од тие кои изневеруваат и нема да бидам.
Зборуваме ако се случи ете . И јас не сум таков тип. Ама ако се случи ќе и кажам и ќе и признаам се. Ќе си ги соберам парталите и ќе си одам . Не очекувам да ми прости.
Јас сум верничка.Од мала сум учена дека изневерувањето е грев.Тоа е лошо и болно.Од моја страна нема да се случи. Никогаш ! А,ако некој тип ме изневери,нема да му простам и ќе се погрижам сите да го дознаат каков е.
Не се разбравме очигледно ова погоре го напишав хипотетички. Или на принцип што би било кога би било.
Не,се разбравме,туку само велам дека нема да го направам тоа.Си се знам себеси.Не сум таква личност и затоа не можам ни хипотетички да кажам нешто поинакво.
Добро, што е разликата ние ако го изневеруваме дали би му побарала да ми прости? Секој сме различни некој вака некој така, еве јас ако го изневерувам не ми му побарала да ми прости бидејќи ако го сакав немаше да го изневерувам така да ама не сум таква личноста да го изневерувам освен ако не оди работава ќе му кажам извини тое то
Ок е тоа така што си растена,секој со своето. Ме интересира последната реченица,и што кога ќе се погрижиш сите да дознаат каков е,ќе ти олесни или што? Ок е да не му простиш твое право.Али ме замисли со реченица,многу глупо размислуваш.