Нормално дека нема, само не фрлам зборови од ракав. И јас сум била во ситуација да варам при кавга, ама тоа било затоа што веќе сум ја отпишала врската и апсолутно не ми било гајле за партнерот. Затоа викам, ако проблемите се толкави да те тера да вараш, подобро воопшто немој да си во врска. Не зборам на празно. Од таква ситуација никогаш нема да излезеш како добитник. Ти ќе го жалиш, ќе чувствуваш грижа на совест или ќе мислиш дека си се оддолжила со тоа што вараш, а тој ќе си остане ѓубре. Затоа никогаш, ама апсолутно никогаш не би варала ниту би простила неверство.
Знаете што... Искрено, ако врската е со години, и ако некогаш.. инцидентно (иако нема такво нешто), се случи едниот партнер да има секс надвор од врската/бракот, можам да разберам.. Ајде, луѓе сме, се случува се' Проблем е ако некој постојано изневерува, па после се извинува, па пак изневерува итн итн...
Види сега релативно е колку јака била кавгата и довела до неверство или помисла на неверство. Еве пример познајничка сама ми има кажувано ова дечко и отиде по работа во друг град и немаа близина малку кавги што ги создаде далечината итн. го изневери со колега од работа. И карактерот има удел има женски а и машки што не мислат со главата,додуше со горната глава не мислат Инаку последната реченица што ја пиша потполно ја разбирам и се согласувам,пишав и јас претходно. Ај Вјалд сега од еднаш не се станува работава од повеќе пати се станува знаеш што... Не зезај Се е изговор и оправдување после тоа-неверството. И лична работа кој ќе прости и зошто и како.
Јас сум простила неколку пати неверство со умисла. Не знам дали би простила пак, се надевам нема да дојдам во таква ситуација повторно. Болно е...
Јас не би простила. Уште ги паметам зборовите на татко ми кога бев помала. Ми велеше "ако еднаш те изневери ќе го направи тоа пак, а ако простиш само се газиш самата себе". Не знам како другите гледат на неверство но знам дека такво нешто во сериозна врска и се е ојдено во вода. Прво би погледнала од една страна. Ќе биде ли повторно се како порано? Ќе го гледам ли со истите очи како порано? Не не и НЕ. Ништо после тоа нема да е исто. Довербата ќе биде изгубена а покрај љубовта тоа ми е второто најважно нешто во една врска. И случајно ќе ја дознаеш девојката па ќе ја сретнеш на улица додека си со него. Како ќе ти е тебе во тој момент? Да кажеме се тоа ќе биде океј ќе погледнам и од друга страна. Јас знам колку вредам и нема да дозволам никој да ја гази мојата чест. Девојки и вие имате изградено авторитет како личности и имате свој став во друштвото. Како ќе ве гледат ако не подалечните ама најблиските пријатели откако ќе му простите. Се навредувате самите себе. Некој би рекол дека во вистинската љубов нема гордост но во вистинската љубов нема и неверство.Ја сакал нејзе за една вечер но не размислил дека ќе ве изгуби вас? Му бевте ли вие во мисли додека беше со неа? Ако ја имате таа сериозна врска "полна" со љубов секоја секунда кога ќе погледне друга девојка ќе помисли на вас. Го имам овој став и најокеј е да не се согласуват многу личности но секој има право на мислење. Бил со друга-клоците во газот хаха
Не би простила бидејќи не би имала доверба повеќе. Зошто да се измачувам. Довербата е многу важна во една врска.Ако сака да биде неверен нека си биде сам.
Едно големо не. Не би простила неверство.Не е клише реченицата оној кој сака не изневерува. За неверство го сметам дури и тоа кога ќе почнеш да размислуваш за друга личност. Ако сакаш ќе бидеш посветен 100 % Не јасно ми е како луѓето можат да изневеруваат и после да ја гледаат личноста во очи како да не се случило ништо.Без разлика дали оној кој изневерува е маж или жена, за мене тој човек е кукавица.Како песната на Цеца.Самном спаваш друга ти је несаница.Се е кажано.Дно дна. Таквите се понижуваат самите себеси. Простувањето е човечки, но сметам дека после неверство ништо не може да биде исто. Ценете се себеси.Без секого се може.
Да се прости или не.. Неверство.. Дај да го дефинираме поимот најпрво. Кога почнува неверство бе луѓе? Кога официјално прв пат ќе ја/го бакне неа/него? Кога ќе имаат однос? Или кога прв пат ќе му/и обрати внимание повеќе одколку на партнерот/партнерката...? Сложено е сето тоа.. По мои критериуми, бакнежот и односот се само еден елемент, стадиум од цел тој процес. Моментот кога мојот партнер почнува да изразува поголема склоност, восхит, интерес, желба, кон воопшто, неговиот спротивен пол (во смисла на потрага) или кон одредена конкретна единка, имам неверство. Може тоа да е само еден лајк или склопено пријателство на некоја социјална мрежа. Може да е еден муабет, полн искри. Може да е и еден поглед само, полн воодушевување и желба.. Па така, неверството станува сложено. Сексуслноста во целата таа прича мене лично ми е најмалку важна. Иако предизвикува вулкан од љубомора, сепак помалку боли. Како манијак по емоции, неверството за мене почнува со посветувсњето на поголемо внимание кон некого. Да се има повисоко мислење за некого во смисла на компатибилност и превземање макар најмали чекори за реализација на истото. Да му е поинтересно да прај со неа муабет отколку со мене. Да му е поубаво да го гледа нејзиното тело отколку моето. Да сака да ги помине тие 5 мин пауза на работа пушејќи цигара со неа а не со мене. Песната да сака да и ја посвети неа, не мене. Вечер да сака да легне до неа, не до мене. Нејзиниот профил да му е поинтересен за разгледување од мојот. Да се вклучи на некоја страница за онлајн дејтање. Да сака да јаде од нејзини раце, а не мои. Да гледа пониско на мене одколку на неа... Да смета со голема сигурност дека таа ќе му годи повеќе отколлу јас. Да е спремен попрво да и се довери неа одколку мене. Да затреперува повеќе покрај нејзиното тело отколку покрај моето. Да брза да и се јави неа а не мене. И, се од ова може да се оствари без особен физички допир, бакнежи и секс пози... Па сега дечки... Колку од нас сме изневерени, и колку од нас изневеруваат????? Макар еднаш.. Признајте си. Или моите критериуми се престроги? Неврмајнд, и така не ги менувам. А дали можам да простам? Само ќе кажам дека негативно се изненадив од мене по ова прашање.. Сложено било. Сложено.
Воопшто не се строги. Во твојот коментар лежи огромна вистина. Емоционалното неверство и потребата од друг во животот на партнерот е многу пострашна од една пенетрација... Сите да си го препрочитате постот на Татјана.. 100 пати ако треба!
вакаа чупчињаа пред 1 год имав врска со еден и многу го сакав..по некое време ми избега онака ненадејно и самата себе се обвинував..мислев јас сум крива..после тоа дознав дека ми акал превара цело време... Сега излегвам со еден од ресен а јас од битолаа..добро не сме многу далеку ама сепак..Ми ѕвони му ѕвонам пишиме..одимее на кафе..онакаа шетаме сите не гледат..а со овај претходнио ништо од то само пишевме и ѕвонеше..Сега му реков ајде некој ден да одиме негде одмаа да рече ајдее..Кога излегвам ми викаа не шмекај онака на мајтаап после викаа те оставам на најдобрата другарка да те чува..Јас му викам каај да те оставам тебее на чување и ми вика јас самио сум доверба нетребаа да мислиш е сегаа ме јади нештоо ме гризи а знаци директни немам или дека претходнио такаа праеше па сргаа мие страв...Како да се тргнам од тоаа чувство..HELP
Никако не може ние да помогнеме да се тргне тоа чувство.. довербата се гради секојдневно. Знаеш како викаат кој ќе се изгори и на ладно дува. Едноставно опушти се, сакајте се. Не значи дека овој е ист ко претходниот. Помисли дека и он исто ко тебе се осеќа а ти не би го изневерила нели?? Поздрав и уживкај
Со тек на време ќе си видиш. Еднаш си изгорела, не дозволувај два пати. Неможеш веднаш да почнеш да му веруваш. Постепено се гради довербата. Не се секирај, се ќе си дојде на свое.
Никако. Не постои никакво оправдување зошто некој изневерува. Ако некој сакаш, тогаш нема потреба да мислиш на други личности. Се што сакаш можеш да имаш со тој еден. Ако не го сакаш тогаш остави го, нема потреба да го изневеруваш и да го повредуваш.