Не сакаат таквите 'разговор'... сум пробала, ми рекоа дека така сакале и нема што јас да им се мешам. А да.. разумен човек, разговара за проблемите, не ги 'решава' со изневерување. Инцидентно.. ајде де, можам да разберам, луѓе ме, ситуации различни... Ама сериски, посотојано, намерно.. само бегање од реалноста е.
познавам личност што изневерила и љубовта ја смета за слабост. Ја интересира само врска без љубомора односно без обврзување и кога сака и со кого сака да излезе.
Швалерките сингл им се или и тие се во врска/брак? Да, би им го кажал истото, ма да знаеме каде и како живееме... Добро, минато е. Школо за другпат. Ми се случиле неколку такви "доживувања" од бившите цури... Како машко ти кажувам, таквите дешавки го убиваат она машкото, детското во нас, ја убиваат секоја надеж доверба и сенс за градење заеднички живот со некоја во иднина... Девојки, претпазливо. Истото го пишувам односно кажувам секогаш и насекаде. Кретен е? Изневерува? Навредува? Агресивен е? Оставајте го! Не бидете како него. Ако не ги оставите таквите "фраери" ќе станете како нив, повредувајќи други дечки, тие фините. Ако ги оставите, нема да имаат каде да го шират злото и гнасотилокот од нив. Damn..
Порано бев со став дека нема да простам неверство никогаш. Сега не мислам така. Не сум била во таква ситуација, но верувам дека секој може да згреши и некогаш вреди да се прости и да се даде втора шанса. Секако треба да се земат во предвид услови и фактори, но мислам дека би простила доколку навистина се кае и ако сметам дека има доволно причини за да дадам друга шанса.
Не, никогаш нема да игнорирам или простам неверство. Се почитувам себе си многу повеќе за да си дозволам нешто слично. Нема да ми интересира ниту едно оправдување и изговор доколку би ги понудила другата страна како причина, затоа што нема ниту една причина која е доволно добра за неверство. Нека се оконча врската прво, и после секој може да прави што сака.
Nikogas! Jas veruvam vo vistinska ljubov I ako mozam da go posvetam celoto vnimanie na svetot,go ocekuvam istoto. Ke bidam vistinska budala ako prostam neverstvo, od prva ke znam deka ne me zasluzuva. Sekoj moze bez sekoj,iskreno. Samo cvrsto,devojki !!!
Сум стегнала не ама сега сум со поинакво размислување Доста е дискутабилно и зависи од многу работи така да не можеме да судиме се додека не се најдеме во таква ситуација Мозокот е срча
А што е разликата дали е веднаш признаено или не, треба да се прости, ако се случи неверство незначи дека нема љубов кон партнерот!!! Јас простувам, само нека е она задоволна и среќна!!!
Има огромна разлика. Ако признаеш веднаш значи си немал намера да криеш и си решил да се носиш со последиците. Ако признаеш после подолго време, значи си сакал да криеш ама не си можел да издржиш веќе, па се олеснуваш врз партнерот. На тебе полесно, а тој/таа нека крши глава понатаму. Нормално дека не треба да се прости неверство, ама еве, ако е признаено веднаш може да се размисли за друга шанса Укажува можеби на некое искрено каење. Во спротивно е само млатење слама. Човек што сака не изневерува. Љубов и неверство не идат заедно.