Ако има љубов зошто неверство? Изгледа ти изневеруваш па затоа поддржуваш неверство, ама ако некого вистински го сакаш нема баш да ти биде сè едно ако те изневери и ти набие рогови, нема да простиш неверство. Знаеш кога ќе простиш кога ќе имаш материјална корист од партнерката.
Па сигурно не заради тоа што има љубов во изобилие Многу добро се знае зошто се случува неверството, исчезнала љубовта кон партнерот и се појавила заинтересираност за некој друг. Да го сакаш некој вистински нема ни да ти текне да погледнеш друг, а не па да го изневериш.
Делуно точно (од моја гледна точка) и како би постапиле вие ако ве изневери личноста што ја сакате? Очигледно не сме се разбрале некаде, јас сум од изневерените, па успеав да простам!!! Прочитајте убаво што коментирав!!!
Значи како што и претходно напишав, незначи дека нема љубов ако се случи неверство, јас го простив и повторно би го простил!!!
И така сам испаѓаш будала, а нејзе и даваш дознаење дека секогаш може да те има без разлика дали те изневерува или сл. Љубов е едно, ама не треба да дозволиш некој да ја злоупотребува таа љубов.
Ако се има љубов и некаков плод од таа љубов вреди да се прости неверство но секако ако е еднаш, ако е повеќе пати не ја бива.... Не мора да значи дека нема љубов па се фрлил(а) в кревет со др., мн работи и од инает се правет
Очи нема да ми види. Нема да простам неверство, секој е свесен што прави и какви последици ќе има од постапките. Не дозволувам никој будала да ме прави. Зарем треба да останам во врска со некој што не ме почитува и што не ме сака? Без разлика колку многу и да го сакам некој, ќе ја раскинам врската.
Епа секоја чест ти како си можел да простиш. Јас никогаш не би простила неверство. Не сакам некој зад грб да ме прави будала. Одма, истата секунда расчистувам со човекот, па после кој што сака нека прави. Ако ме изневери значи не ме сака и не му е гајле за моите чувства. Зошто би простила? За да изгледам патетично и мизерно во негови очи? Нема шанси.
Налет се и правењето будала од мене од негова страна и тоа што ќе изгледам во негови очи патетична и мизерна,јас не можам да бидам со некој што ме изневерил лично заради мене. Познавајќи се себеси,нема да издржам ако “простам” и продолжам со него. Знам дека ќе се мачам самата,а и него,а реално нема потреба од такво нешто Вие што простувате,не ве јади одвнатре нешто кога ќе се потсетите на неверството? Како го гледате партнерот после се? Ова искрено го прашувам,не е провокација. Чисто онака ме интересира
Абе никоја не би простила, ама (од мое искуство), пола од браковите и врските се со 'простување'. И не, не викам дека е во ред, туку само кажувам видување.
Не мислев на простувањето, туку на изневерувањето. Дали некој/а ќе прости или не, негова/нејзина работа е. Тој/таа треба да живее со тоа..