Ami ako gledas taka nikos nema da bidi se pod konec kako so si zamislil. Inaku ako mislis deka mozis da ja sovladas taa bolka i ja ostavis negde na strana i smetas deka vistinski se kae licnosta, prosti, pa i ako treba vtora sansa..
Од една страна би простила , но во никој случај не би останала со личноста која ме изневерила. Ако простам , и останам со истиот човек , ќе треба секаде да го следам. Црв ќе ме јаде. Познавајќи се себе си, ни себе си, а ни нему нема да му дадам мир . Затоа , колку и да се кае, и да жали за неверството, сепак ќе ме изгуби. А да не сакал да ме изгуби, не би изневерил . На истиот став сум и за себе. Ако некого не сакам да изгубам , нема да изневерам .
Неверството е знак дека некому не сте доволен и не ве почитува. И како може да кажете дека ве сака, ако смета дека има подобро од вас?
Изневерувањето е погрешно да ама не секогаш во животот ситуациите се црно-бели Луѓето изневеруваат од различни причини и да мислам дека може да сакаш и да изневериш од било која икс причина и битно е да се научи од тоа и да се биде искрен кон партнерот, ако врската е долга и има љубов ( ептен контрадикторно ова ама има вистина)се надминува. Да, тоа е процес долг и болен ама ако се надмине ќе биде врската посилна од било кога
Проблемот е што во голем дел од ситуациите не се надминува вистинско и врските им стануваат натпревар кој повеќе ќе повреди...
Каков оправдан аргумент? Се сопна, падна на мене и сами јазиците ни се испреплеткаа? Твое дали ќе му простиш или не, оправдана причина нема.
Простив многу пати на бившиот дечко мислејќи секој следен пат дека нема да се повтори. На крај ја завршив 3-годишната врска од други причини. Не можев да издржам толкава љубомора. Пред два месеци дознав и за сегашниот дечко такво нешто иако одамна насетував за таа девојка дека има нешто. Тој призна дека демек само си пишувале а не направиле ништо ама сепак не верувам поради големиот сплет на околности. Претходната недела ми беше доста од се. Неговото внимание не го добивав, се однесуваше ладно и напнато, не ми се јавуваше,не се гледаме со денови, а знам дека е слободен и нема обврски. Во меѓувреме јас се зближив со еден колега од работа кој е преубав и предобар. Ме викна на дејт и отидов. И колегава има девојка и јас дечко но не чувсвувам грижа на совест бидејќи многу пати бев во кожата на неговата девојка( ме изневерувале дечковци) и ете сега едноставно би продолжила да се гледам со него. На почетокот помислував дека не е во ред бидејќи ги пцуев таквите кои изневеруваат но ете сега сум една од нив и воопшто не се чувствувам виновна. Простив многу неверства, а сега не верувам дека кога би се дознало за моето би ми било простено.
Жално.. И после светот бил лошо место, па кога прво не тргнуваме од самите себе што повеќе да очекуваме..
Многу пати простив, а не направив тоа што направив од инает.. Едноставно ми се допаѓа колегата од работа и мислам дека е време да си гледам за себе.. Секогаш дечкото го ставав на прво место и затоа он ми се понаша како сака..
@Fallen.Angel бесчувствителна си. Наместо да знаеш како е кога си изневерена и да не ти текне да помислиш, а не да направиш, ти си се вплеткала со зафатен дечко. Кога веќе си решила на неверство да вратиш со неверство, барем да најдеше слободен дечко, а не да повредуваш друга невина девојка. Да ти кажам право ич не ми е гајле за тебе што си била изневерувана, со вакво твое однесување и размислување.
А тој да расчисти прво со неа, таа варојанта не ви текна? Или подобро е да си втора опција а притоа да си дел од нешто кое ќе повреди 3та личност? Не знам како очекуваш дека ќе си среќна со него и дека ќе те почитува повеќе од бившиот, кога и двајцата се исти. Уствари сите 3ца сте исти.
Кога знаеш како е кога си изневерувана зошто го правиш истото на девојка која не ти наштетила ништо во животот? Браво за тебе, ама браво и за колегата, пакет сано сокови за вас.
Светот би бил многу убаво место кога не би размислувале луѓето така, кога ќе научат дека љубов не значи да го направиш партнерот твоја своина, твој роб, да го затвориш во кафез и да прави како ти сакаш, да го експлоатираш идр. Не бидете сурови. Врски каде што нема почитување и искреност и не е врска, не е љубов...така да оставете ги сите да си ја најдат својата сродна душа на која нема никогаш да им текне да направат нешто со кое би се повредиле или обрукале.
Нека си ја најдам никој не им брани. Ако нема почитување и искреност нека раскинат, што е толку тешко? После кај сакаат нека ја бараат сродната душа.
Многу лошо од страна на дечко ти ,јас не би останала со таков. Но еве сепак си одлучила да го изневериш барем направи го тоа со некој слободен ,не заради девојката на типот туку заради самата себе си.Иако мислам дека најдобро е да раскинеш зошто што понатаму.. ќе се изневерувате изневерувате меѓу себе и до кога?
Сите ние што имаме верни партнери кои не нѐ лажат всушност ги држиме како робови и ги експлоатираме, не ги оставаме сродна душа да си најдат. *СмајлиШтоСеСамоубива
Можеби веќе ја имаат...види вака, треба многу тест проби, многу разни ситуации да проживат за да сфатат дека си одговараат еден на друг. Со годините на старост се менуваат и размислувањата, така да те сфаќам и тебе, но не е се така праволиниски во животот