Па никој не гарантира. Секако дека не можам да знам дали во иднина ќе остане исто. Ама ако тој ме изневери, вината е само негова. Или обратното исто важи. А не дека јас го држам како роб. Со сила не го терам да ме сака и да биде со мене во врска. Ако не ме сака, нека ми каже во лице па нека прави што сака.
Оти бе дете само негова ќе била вината ако те изневери!? Ете како плитко гледаш, доказ дека си сеуште маленко...ај ој играј си со куклите
Градете си среќа на туѓа несреќа. Седите на два стола дури не ви се посреќи вас, за другиот ич да не ви е гајле. Ќе тестирам јас дури не се осигурам, тоа што си играм со личноста до мене и му го трошам времето ич небитно. Ех, што не ќе прочиташ, од возрасни, изградени луѓе..
Милион причини може да има... 'Не му даваш' е само една... Секој си знае зошто е во ситуацијата во која се нашол. Не им сме во кожата. Најубо ќе беше сите со разговор да ги решаваат проблемите, ама не е така. За жал...
Не бре душичко, оти треба и ти да побараш отворен разговор за да ти ја објасни причината, поривот, нагонот поради кој отишол кај друга. Што е тоа што ти го немаш а нему му треба.
Да да таа е крива. Тешете се така, вас ви фали нешто, затоа ве изневеруваат. Мрш само на таквиот. Кратко и јасно.
Океј, јас знаеш читам мисли. Знам кога нешто му фали на него. Ако сама не приметам дека има нешто што го мачи, како ќе знам ако тој не ми каже. А и по твојава логика, досега требаше да бидам изневерена, ете баш затоа што не му давам на пример, то ест него тоа му фали, а може да го најде кај друга. Ни тој не е совршен. Ама го сакам и прифаќам таков. И немам проблем со тоа.
Каква среќа е за другата страна во овој случај женската на колегава, ако тој без размислување се впушта во друга врска/швалерај. Ако не било девојчево, ќе била некоја друга. На крај краева подобро е така да рачистат порано и да се случи нешто вакво одколку после со деца во брак. А за неа може ова нема да биде несреќа туку среќа, ќе си најде своја сродна душа што нема да и го прави ова и пак ќе биде среќна. Сродна душа не можеш да бираш кога да ја најдеш таа ти се појавува и дали е во врска или брак според мене не е битно. Битно е тебе да ти е убаво и да си задоволен. А потоа секој ќе си ја најде среќата никој не останал сам. Животот е суров, ќе бидеш изневерен или ќе те изневерат. Битно е на крајот да си ја најдеш среќата и да бидеш задоволен со твојот избор, а не е битно патот до кој си дошол до тоа.
Маж може да има покрај себе жена лепотица, препаметна, предуховита, одлична домаќинка, нежна и грижлива мајка на неговите деца и пак да ја изневерува со жени кои ни до коленици не и достигаат. Не е проблемот во изневерениот, туку во изневерувачот.
Треба да каже сам партнерот, ако е незадоволен... Ама не кажуваат секогаш... Пак за жал.. Како да го смениме то? Како да натераш луѓе, да бидат искрени и отворени со партнерите?
Не можам од мобилен бе душо а и млада е многу...ех...уште колку пати ќе мења мислења, па може и она да биде таа што ќе направи превара...животот е непредвидлив, незнае никој што ни носи и многупати реагираме спротивно од тоа што некогаш сме го ветиле.
Супер. Јас имам емпатија и не сакам да сум дел од тоа. Знам како ми било мене и не сакам да го направам тоа на друг. Човечност се вика тоа ама очигледно и таа се гази.
Во животов мој долгогодишен, познавам едно 20тина жени кои додека беа млади плукаа и критикуваа неверство... Е сега сите тие се разведени, која е во втор брак, прељубнички големи кои велат еднаш се живее и жени кои признаваат дека не знаеле што зборувале кога биле млади, си признаваат дека не треба НИКОГАШ ДА РЕЧЕШ НИКОГАШ!
Добро, и јас и тој што сме верни еден на друг сме глупи и незрели. Понатака сигурно и двајцата ќе се правиме партал со други. Во друга тема зборував дека се грозам од себе во огледало, дека се срамам и од него, дека во моменти сум му зборувала дека не сум доволно згодна за него. И бавно и тешко се решава ваков проблем, ама со многу трпение и работа на себе од моја страна. Од негова страна не барав ништо, ама сам остана до мене. И тој замисли колку бил глуп и незрел што не ме остави. Еден шамар заслужува да се освести. На што личи тоа, девојката да ја подржуваш кога ѝ требаш. Бидете себични што да ви кажам. Нека ви се погоди вам, дали човек ќе утепате успат не е битно, битно вие да сте среќни.
Јас сум пример за успешен брак кој е последица на изневерување. И да од моја страна. Се појави мојата сродна душа неочекувано и бидна што бидна. Иако имав долга врска. Страшното е што не бев ни свесна дека можам да најдам човек каков што сакам, а се помирував со недостатоците на бившиот и си викав дека ете така треба да биде па и он ме убедуваше дека врска и брак се заснова на компромис и помирување со неговите недостатоци иако беа големи и не беа за занемарување. Не сакам ни да помислам што можеше да се случи ако се земавме со бившиот. Ама развод по макс. година дена сигурно или живот пекол. И он протестираше 3-4 месеци не му беше сеедно секако одкога се скаравме и не можеше да се помири што наредниот ден си фатив друг дечко бидејќи беше повеќе од очигледно дека бил изневеруван ама на крај виде не виде си продолжи со животот и си најде и он сродна душа, така да така требало да биде.