Сигурно после првата брачна ноќ, седнуваат на доручек со свекорот и свекрвата, синот го носи чаршафот со крв и тука се аплаудира, сите со солзи во очите. Прегорди на новата снаа. На друг начин не ми текнува како би им соопштила дека син им прв ја ебел.
Со вакви теми жените сами се девалвираат. Важно е со мажот да имаат среќен и разбран брак, а не дали е невина или не е. Не живееме во 19 век, во 21 век сме, па неможе маж да ја цени жената дали е невина или не е, зашто тоа не е негова работа.
Ај тоа, ама и таа горда на себе. Бетер од нив е. Самата си поставува дека треба да ја ценат исклучиво само ако е невина. Од некои постови ми доаѓа да си збрцам вилушка во око.
Повеќе ми личи дека снајката го извадила чаршафот. И тоа намерно пред јатрвата, онака со злобен поглед и покажува дека е подобра од неа. Па јатрвата тажна оди и чисти наоколу, додека сите се веселат и наздравуваат за првиот секс на младите, па доаѓаат родителите на невестата со поклони, а тие на јатрвата не се поканети затоа што дале нечесна ќерка. Сега позбилно. Ако некоја/а се чува до прва брачна ноќ, тоа не треба да е за осуда никако. Ама ниедна жена не смее да си дозволи да го наметнува тоа како правилно, а тие што не го донеле тој избор да ги омаловажува. За маж па муабет да не правиме.
Секоја си има право дали ќе се чува до прва брачна ноќ со цел да покаже дека е чесна, иако според мене тоа не е мерило за чесност и чистота повеќе за што би рекол Ојле или Дојле свекрвата, мажот па се стискаат и потиснуваат енергија која како што прочитав погоре од една членка дека создава негатива и еден вид фрустрација што е точно ама ај која како си сака и одлучила. Меѓутоа не треба тие таквите "девици" да кажуваат за другите жени кои одлучиле да ја искусат својата сексуална енергија и да уживаат во благодетот на сексот да бидат нарекувани со погрдни и недолични зборови. Бидејќи кај нас сеуште сексот е табу тема и повеќето се срамат на некој начин пошо го извитоперуваат како валкано нешто и го потиснуваат тоа чувство што е нормално и дел од животниот циклус.
Не е битно дали пред брак е невина! Битно е откако е во брак дали е верна на еден! Колку жени има што се невини а имаат анален секс? Колку жени има што биле невини пред брак, но потоа одат со секого(не се знае децата од кого се). 21 век, уште со мислење, став од 18 век
Имам проблем со зборот 'чувам'. За шо ќе се 'чуваш'? За 'нова'? Што всушност претстаува тоа 'ќе се чувам'?
Ќе се чувам за мојот маж? Ќе се чувам за љубовта на мојот живот. Што е толку чудно? Од кога е срамота да сакаш да имаш само еден партнер за цел живот?
Не е срамота да имаш еден сексуален партнер, ниту сега, ниту некогаш било, ниту некогаш ќе биде. Прашањето ми беше во контекст на муабетот за 'чување'. Како да чуваш добро вино, па да го отвориш за некоја свечена прилика. Секост и 'чување', не ми одат во една реченица. Сексуалната потреба е нагон. Имаш секс поради потреба од имање секс... и заради ни една друга причина. Исто и немањето секс би требало да е поради тоа што не сакаш да имаш секс... и заради ни една друга причина. Да 'се чувам', а сакам да имам секс, е апсолутно непотрено. Еднакво на: Да имам секс, иако не сакам да го имам.
Seksualniot nagon mozam da go kontroliram. Cuvanje kazav vo smisla deka ne mi e seedno so kogo ke go pravam. Sakam da e so nekoj sto go sakam i zatoa se cuvam. Ako me sfakjas u taa smisla
Не е срамота да си невина.Не е срамота и да не си невина. Срамота е да судиш, да етикетираш, да навредуваш, да вршиш двојна виктимизација и да пропагираш морал. Иако сè уште сум невина, не планирам да бидам невина до прва брачна ноќ. Зошто? Затоа што дури ја најдеш љубовта на мојот живот, може да помине многу време. Не сум многу по религијата. Јас си одлучувам за себе. Секој си одлучува за себе. Дали жената ќе биде невина или не до брак, тоа не ја дефинира нејзината вредност. Ова го кажувам, прво, како девојка, а потоа и како феминистка. Истото важи и за мажот.
Ехх паметам како јас си мислев дека ќе чекам прва брачна ноќ. Ќе издржам де, што е тоа толку страшно. Имав дечко на 16 год и не правевме муабет за тоа. Ама на 17 год мене ми вриеја хормони. Кога видив дека нема шанси сега да знам кој ќе ми биде сопруг и дека може многу години да поминат малку се опуштив. Реков нек си ебе матер таа прва брачна ноќ. Не да се расипам нормално, не сакав и голема бројка на партнери да имам. Си пазев да не начукам цел список како некои мои другарки, сакав секс само со емоции.