Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невина до првата брачна ноќ

Дискусија во 'Брак' започната од vodolejka, 2 ноември 2010.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.926
    Луѓето се качија на Месечината ама на извесна Славица хименот е најбитен и чуван како светиот Грал до првата брачна ноќ.
    Мислам :drunk:
     
    На Harper, elimkd, MoreNa-22 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.447
    Пол:
    Женски
    вчера-завчера летаа обични луѓе со Спејс Икс мислам така некаде читнав :?:
     
    На simoncelicius и GirlRose им се допаѓа ова.
  3. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Боже, не можам да поверувам што читам (facepalm), разговарале со свекрвите за дали биле невини или не. Која е потребата да разговараш со свекрвата на таа тема не ми е јасно?

    Немам свекрва не сум ни мажена, дали сум била со 1000 мажи пред брак или сум била невина, е лично моја одлука и ничија друга. Тоа е интимно и лично мое, не гледам потреба да разговарам со секого со исклучок на сопругот (искрено од оваа перспектива дури ни со него, можеби ќе сменам мислење ако некогаш се венчам).

    Жени бре добри ли сте? Зошто ставате трн во здрава нога? Уште да се докажувам со свекрвата дека сум била невина, или пак да и кажувам не сум. Мислам побогу.
    Како воопшто се отвара разговорот на таа тема?

    И дај престанете, 21 век, различни луѓе и потреби, некоја е спремна на 16 некоја на 28, mind you own business, а не со потсмев едни на други и изрази како курва и заостаната, додека мажињава си е****т и око не им трепнува.

    Зошто за нив нема возрасна граница и зошто они да не се невини до прва брачна ноќ? И потоа мажите и свекрвите ви се криви. Отварајте очи не само нозе, прочитајте книга за промена.
     
    Последна измена: 17 септември 2021
    На Цаци маци000, Dust, LejlaD и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Навистина сме 21 век, ама верувајте дека и ова го има. И мажи што бараат невина иако претходно имале секс, и свекрви и мајки што се фалат дека ќерката или снаата им била невина. Смешно е, ама го има. Јас лично знам жена која многу жали оти ќерка и била невина, а се омажила на 20 години, и потоа не ја гледале како капка на дланка, туку биле во криза за пари. Па нормално дека ќе бидат во криза за пари, оти со една плата не се живее. И ако била невина, била, нејзина одлука и желба, сега што треба да прави свекрвата, вечно да ја издржува и да плаќа сметки оти била невина? Од постарите генерации, оние жени кои денес се пред пензија, има и такви кои цел живот биле погазувани од мажите, оти кога се омажиле не биле невини, а и од дома не добивале поддршка, така што си молчеле. И треба многу време додека да се смени менталитетот. Кога ги гледам турските серии, како тоа се велича невисноста на жената, и како се презира и казнува неверството, си велам „аахх ова ни е останато од Турците“.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не е останато, тековно е и сеуште се промовира преку истите тие серии.
    Шо гледате турски серии?
     
    На Stories и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Пред повеќе години имаше турска серија во која девојка ја маваа родителите и ја убија само затоа што направила муабет со еден дечко. Само муабет, ни бакнеж немаше, не па секс. Јас се си мислам дека тие пет века ропство се одразиле во менталитетот на народот. Навистина е сељачки, ама има жени кои се фалат дека ќерките се омажиле со тој со кој прв пат имале секс.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Знам дека има.
    Мајка на една другарка то ми го збрчи еднаш:
    “Девојче родив, девојче дадов“.
    Ја гледав лилаво, оти се збунив од муабетот.

    Сега да ми речи некоја, знам како да и' одговорам. ^_^
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WhyName

    WhyName Нов член

    Се зачлени на:
    9 декември 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Случајно налетав на темава барајќи некоја серија, и ме заинтересираше што се зборело на темава иако е малку постара. Искрено сум шокирана колку вие сте шокирани лол. Не знам зошто е толкав проблем да се биде невин во денешно време и како тоа конкретно вам ви пречи. Имам 24г, невина сум и не сум заостаната. Завршувам факултет и додатно се образувам, излегувам, патувам, се дружам и не сум мажена. Сум излегувала и со неколку момци во текот на годиниве и никогаш на ниту еден тоа не му сметало ниту била тема на разговор од кога еднаш се потегнала и сум ги поставила моите граници. Напротив, сите тие премногу ме почитувале поради тие мои стандарди, затоа што сум имала став и сум се држела до него. Со истите сум останувала долго во контакт, па и ја сум била таа која истите ги прекинувала поради сосема други причини. Можеби заради религијата но, јас тоа го чував поради себе си. Нема никаква свекрва да ми гледа чаршав ниту мојот маж да аплаудира, затоа што моите односи не ги темелам на тоа и тоа што го правам го правам за себе не за други. Ќе се омажам за тој кој ќе ме почитува за мојот интелект, воспитување, однесување и истото тоа ќе има да го возврати. А тоа дали сме се "пробале" пред брак, воопшто не ми претставува ништо. Сметам дека кога клучните работи ќе ги имаш со некого како гореспоменатото поштување и секако разбирање, дури и ако во сексуален смисол не се поклопиме тогаш со некој таков човек ќе можеме заедно да се откриваме и дополнуваме во секое па и во сексуално поле. Не осудувам кога некоја девојка имала веќе партнери во животот, напротив, интересно ми е да ги слушам искуствата на моите другарки и да научам и слушнам по нешто ново од нив. Се чувам, не за да бидам поштена туку заради тоа што со тоа се чувам себе си. Се чувам од љубовни разочарувања, од искористување и од тоа некој да ме гледа само низ таа призма. Сакам некој да ме сака поради мене, не поради тоа што го чувам во гаќите, тоа сите жени го имаат, и ако има таков на кој што ова не му е доволно, слободен е да продолжи и да си најде некоја девојка која повеќе ќе му одговара. Толку е едноставно. За крај, ако сакате веќе да зборувате за религија прашајте ги тие кои што не шараат, туку навистина ја живеат. Во мојата да речеме, развод од партнерот само поради сексуално незадоволство е дозволено, и по верските права, имаш право никому да не му ја кажеш причината зошто се разведуваш. Секако, ако дојде до тоа. Пријатно, и помалку осудувајте, уживајте, задоволувајте се и чуствувајте. Никој не ви забранува, само малку отворете го спектарот на гледиште, не е се така црно и бело, и не се мажат сите невини на 15, има и од нас заостанатите уште по неколку.
     
    На stranka, mssuniquee, hermosa и 8 други им се допаѓа ова.
  9. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    16.962
    Пол:
    Женски
    Добро сега да бидеме реални ако сексот со партнерот не ти се погоди,ако нема хемија,настанува фрустрација.Не е бракот за година две.Не дека сексот неможе да се подобри ама ако ја нема таа хемија од почетокот мислам дека ни со тек на годините нема да се појави.И точно е дека постои развод ама кога веќе ќе пристигнат и децата не е баш така лесно да се разведеш зошто сексот не ти се погодил.
     
    На Mari-Li, H.VAGA, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. WhyName

    WhyName Нов член

    Се зачлени на:
    9 декември 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Секако, има вистина само што мислам дека таа хемија може и по други работи да се почуствува. Ако се чуствува и само на допир можеш само да замислиш колкава ќе биде на нешто повеќе. Хемијата не е само секс, понекогаш е и поглед, допир, збор, бакнеж. А за разводот, не правиш деца на прва брачна. Имаш време да поминеш одредени работи со некого за да сфатиш дали некој е добар или лош партнер за тебе.
     
    На butterflysk и Космонаут им се допаѓа ова.
  11. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.919
    Ќе правиме муабет од кога ќе почнеш со сексуален живот и тогаш тој " допир, бакнеж, збор" и сл ќе ти значат повеќе.
    Те сфаќам ама природни се тие нагони, мислам можеш да се охрабриш на 24години да направиш и нешто повеќе:) Не мислам дека си заостаната, да не ме сфатиш погрешно, ама "чување" за вистинскиот може повеќе разочарување да донесе.
     
    На Anyshka, ane.bella, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    21.947
    Пол:
    Женски
    И јас го делам истото мислење. Не осудувам некоја шо останала невина до брачната ноќ, него тоа за мене нема смисла. Ако веќе зборуваме за сексуалниот живот, замисли да се чуваш невина за маж и да се мажиш за некој со мал стојко како ќебапче. За мене, таков брак неможе да опстои, знам оти иам прекинато врска заради таква ситуација.
     
    На halfasoul, Anyshka и Mari-Li им се допаѓа ова.
  13. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.919
    Ваљда не го сфаќа, зашто и е непознато. Али нека сподели искуство кога ќе и се пружи шанса, макар било и после прва брачна ноќ па ќе може да разбере која ни била поентата :)
    пс. Мал стојко ама добра душа има и убаво ми зборува .... ма јок бреее, се наежив :D
     
  14. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    21.947
    Пол:
    Женски
    Јас на таквите (обично за мажи) шо зборат дека жената требало да биде невина до прва брачна ноќ, им велам дека поарно жена со 100 стапа да земат отколку невина, оти на таа веќе и е преку глава од к*р и сега ќе си биде домаќинка а невината цел живот ќе се прашува колкав е стојкото на другарот на мажот или уште полошо, ќе си има швалери во брак :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mayaasa

    Mayaasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Случајно ја видов темава, ќе кажам само дека познавам девојки кои се чувале до прва брачна ноќ и ниту се ценети , ниту почитувани во брак, а сум гледала и девојки кои мноооогу поминале и на крајот се омажиле така добро и се почитувани , ценети и мажите дома несмеат да им мрднат. Се зависи на каков партнер во животот ќе налеташ, меѓутоа ако тоа не е погодено во еден брак и за двете страни од тој брак ништо нема да остане. И не е срамно да се чуваш до прва брачна ноќ, исто како што не е срамно и да не се чуваш.
     
    На Eni.r, Srckata28 и Anyshka им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.700
    Допаѓања:
    174.797
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми падна во очи.
    Разочарувањата и не само љубовните, се составен дел од животот. Веројатно, тоа е искуството од кое и најмногу се учи. Така најдобро учиш што не сакаш и што не ти е потребно. Освен ако имаш среќа првиот да ти се погоди се по план, што е многу многу ретко, разочарувања ќе има порано или подоцна.

    Има вистина во она дека некогаш треба да бакнеш повеќе жаби додека да стасаш до принцот. И обратно важи, како што и сите ние ќе бидеме нечија жаба пред принцезата. Сега имаш години кога вријат хормони. Кога се експериментира и истражува и осознава што ти се допаѓа а што не, што ќе те дефинира како личност и што понатака ќе го бараш во оној “вистинскиот”.. ако нели не го најдеш на прва. А сексот е далеку повеќе од она во гаќи. Муабетот ми е, една работа е да не сакаш и да немаш некоја поголема потреба за тоа и тоа е во ред, друга работа е да се стискаш ради замислени правила, страв од разочарувања, фантазии кои не знаеш ниту дали и како и навистина би функционирале во реалност.
     
    На MinnieM, Anyshka, unearthlysarah и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Мене најмногу ми боде очи тоа што девојки кои чекаат до брак, многу тежина ставаат на бракот. Да, бракот е еден многу убав корак меѓу двајца партнери, но љубовта и вербата што ја имате меѓу вас е иста и 7 дена пред бракот, dare I say и со месеци пред брак. Оние работи што те прават сигурна дека некој е маж на твојот живот и сакаш да спиеш со него, се тука и пред брак. И тогаш зошто толку непотребен фокус, притисок и исчекување се става на тоа стапување во брак?

    Разбирам да сакаш да си заљубена во човекот со кој ќе имаш односи и да му веруваш (така повеќето функционираат инаку ;)), но зарем не е поубаво тоа да биде спонтано? Нека биде и после две, три години врска, ама нека биде искрено, кога ќе почувствуваш поврзаност со партнерот и кога ќе му веруваш. А, ако пред брак не осеќаш поврзаност, доверба + ако не ти доаѓа да го изедеш цел од што го посакуваш, не ни стапувај во брак, да бидеме реални.

    Ако го посакуваш, а се форсираш да не спиеш со него за да го тестираш до кај му се границите или зашто Мора брак прво... за мене тоа не е поентата на љубов или воопшто на животот, опуштено. Мислам дека треба да решите верувања во себе дека сексот е прљава работа, дека вие „нешто“ му давате на мажот и општо запрашајте се какви верувања имате за мажите односно вашите дечковци ако мислите дека физичкото му е најбитно па ќе ве фрли за подобра п*.
     
    На Feminka22, joy1, Grungie и 4 други им се допаѓа ова.
  18. MorskaSirena

    MorskaSirena Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.088
    Пол:
    Женски
    Имав другарка која беше невина на 27год и прв дечко и беше црнец :lol:
    Тие што се чуваат до прва брачна ноќ не можат да бидат разочарани затоа што не знаат за друго, мислат дека тоа е тоа најдоброто , не знаат дали постои подобро или полошо. Ако се чуваш до прва брачна ноќ нема тоа да те направи подобра,по поштена и попаметна личност ниту па обрато ако веќе си имала повеќе од еден сескуален партнер дека си курва,распуштеница или не знам ти што. На крај краева секој си прави како што мисли дека е исправно
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Afrodita*

    Afrodita* Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Сексот е една убава природна работа и потреба прво. Сексот не е давање на некој да те искористи туку тоа го правите взаемно бидејќи се посакувате. Не може никој да те искористи ако и ти истото го сакаш. Потиснување на сексуалните желби може да придонесе до фрустрации. И да искуство,треба за да знаеш утре што бараш и сакаш бидејќи се познаваш себеси. Бракот го сочинуваат многу работи точно а сексот е една од побитните. Со некој може да ти е све убаво дури и да се допаѓате, но сексот да е катастрофа и да не можеш да го смениш колку и да обидувате едноставно се разминувате за таа конкретна битна работа.
     
    На Sweetymk, Poppcornn, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.