1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невина до првата брачна ноќ

Дискусија во 'Брак' започната од vodolejka, 2 ноември 2010.

  1. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Каква чест бре луѓе. Што има чест во тоа да ја сочуваш невиноста до бракот? Тоа што го пропушташ најубавото земско задоволство? Пример се мажи девојката на 27 години, а до тогаш е невина, се чува за бракот. Да го занемариме фактот што ненормално многу ќе ја боли првиот пат, бидејќи е докажано дека колку жената е постара толку повеќе има болка. Ами сите тие изгубени години, кога можеш да уживаш во сексот? Кој сака нека се налути, ама мене тоа дека невиноста е чест и треба да се чува ми е застарено сфаќање. Нормално дека не треба да легнеш со кој ќе стигнеш, ама зошто ако си имаш дечко и го сакаш да се чуваш за брак? Па и да не останеш со него, не значи дека си осакатена што не си невина.
    И не велам дека тие што уште се невини се заостанати, туку тие што ја декларираат невиноста како чест и гордост што треба да се чува што е можно подолго. Само ќе ви кажам: Не знаете што пропуштате :lol:
     
    На K.Karanfillova и Gunshine им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не е само до пропуштените години, ај тоа некако може да се надокнади да речеме.
    Ама што правиме ако на пример, се чуваш да речеме чисто хипотетички до некоја 27 година, невина стапуваш во брак - и оп, технички проблем, немаш апсолутно никаква компатибилност со оној со кој ќе треба сексуално да се задоволиш до крајот на животот. Да не редам други работи кои не мораат да ти се погодат?!

    И после настануваат проблемите.

    И не е само до Ромките, секоја религија налага сексуално апстинирање до брак.

    Јас веќе се изјаснив на слична тема порано. Не го разбирам тоа и нема ни да го разберам, ама јас поинаку сум воспитана, и поинаку сум растена, и немам намера да го лишам телово од толку добар грев, кој за жал или можеби за среќа, доста ни го раководи животот. Чика Фројд знаел за што збори, остајте вие ;)
     
    На srcekrsacka, sesilija и Bokicka им се допаѓа ова.
  3. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Убава традиција за времето пред 40-50 години. :)
    Оправдувам за тогаш ајде де. Таков бил животот, воспитувањето.... единствена позитивна работа е што немале толку инфекции ти реков ми рече како сега. |( Па секоја втора има проблем со зачнување... Ја прашував баба ми, тогаш ем медицината позаостаната, ем многу ретко некоја да не може да има бебе.
    Него, да си кажам на темава...
    Тогаш ете биле обврзани да се невини до брак. Ама сега не сме, и и покрај тоа јас да се чувам??
    Тогаш стапувале во брак на 17 години, и нормални дека ќе се невини.
    А ајде да видам издржи до 27 години? Не оди.
    Не постојат повеќе ни машки кои би барале невиност од девојка со над 20+ години.
    Така да, уживајте си слободно, и сексајте се што е можно повеќе. :rock:
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    и јас мислам дека е застарена таа традиција јас кога започнав врска со сега мојот сопруг тој не ме ни праша дали сум имала односи со некој а тогаш имав 19 години..........а и кога имав прв пат односи мене не ми потече крв и да се чував како ке ми поверуваше дека сум невина и дека ми е прв
     
  5. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    невините девојки веќе се изумрен вид :lol:
     
    На zara му/ѝ се допаѓа ова.
  6. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    мое мислење е дека во денешно време има малку невини девојки...и дали девојката е невина или не,не мора да значи дека е затупена или дека ги почитува традициите на својата религија...друга причина освен тоа е и непронаогањето на дечко кој ке те заслужува...на пример ја сум таква личност шо можам после малку време мување или "одење" со некој да проценам дали таа личност заслужува да ми биди дечко ,а па камоли да има секс со мене...до сега се нема најдено никој таков,така да се уште сум невина...тоа не ми претставува никаков проблем,се гордеам на себе шо не сум му го пружила тоа задоволство на човекот кој не ме заслужувал..а ниту пак сум сигурна дека ке си ја чувам невиноста до првата брачна нок...ке си ја чувам се' додека не го пронајдам вистинскиот :)
    а и општо земено ,сексот не ми претставува нешто по комнеам...не декA не би сакала да имам со дечкото кој ке го сакам...но многу повеке би ми годело и значело искрена прегратка :wasntme:
     
    На baby-star и Victorya им се допаѓа ова.
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    е да бе сигурно глупост
    животот е еден и живејго сто на сат(не мислам само на секс :lol: )
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Порано кога се мажеле на млади години 16-18 год. ок, само што и проработиле хормоните ама денес кога е померена границата на мажење и веќина се мажи после 25 год. незнам. Освен ако не те фати некое хормонско пореметување па не ти се сака :) .
    Сепак тоа е потреба и хормоните се во прашање, не е зезанција ;)
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Кога ќе најдам маж невин да биде до првата брачна ноќ, тогаш и ќерка ми ќе си ја воспитувам така.
    Арно пишала Митка погоре, и што ако потоа не се погодат? Овој сака краток секс, оваа напатена душичка, толку време чекала за секс и сака постојано? Е па ќе фаќат швалери :D

    Шала на страна, невиноста денес ја има до основно школо, веќе во средно тешко се наоѓа.
    И да, како што пишале многу, не знаете што пропуштате. ]:)
     
  10. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Се е прашање на околности и време.Јас ете се омажив на 25, не бев невина и не ми беше прв. Нити мажот ми ме праша кога тргнавме ,ниту јас чувствував потреба да му се објаснувам зошто е тоа така. Пред него имав долга врска, за која тој знаеше, па искрено по чудно ќе беше сеуште да сум невина, отколку вака.И денес границата на која стапуваме во брак е високоо високо. Е ајде де ти чекај со хормони горе едно 7 8 па и повеќе години. Па потреба си е потреба бе луге, е сега далеку од тоа да се фукаш со кој и каде ќе стигнеш, ама не гледам некој грев да си имаш секс со дечко со кој си подолго време, па макар и утре не ти станал маж. А овде и копмпатибилноста, сексот си е битен дел од секој здрав брак, остајте бабини приказни, дека ако се сакате ништо друго не важно. Аха, мало сутра, така да невина до брак по секоја цена, не фала. ;)
     
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Единствена маана-што незнаеш како ќе се погодите со партнерот после...а ако нема да ви оди во сексот тешко малку :doh: некој ќе си бара швалерчиња...ама не претерувајте со губење невиност у основно,јес да не треба да се чува невиноста и дека гибиш многу задоволстав и уживања ама у основно бе :fubar: i can't understand,никако не оди,чекајте да созреете,а невиноста не чувајте ја за во брак,да не се каете после ќе си го зезнете животот :P
     
  12. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Се согласувам.
    Еднострано гледање на работите секогаш во полза на маживе никогаш не поддржувам за било што и да е.
    А кога сме кај гревовите,спомнувате во постовите било грев ова она.
    Точно,така е според повеќето религии,НО ако подпрочитнете за другите гревови,ќе си најдете дека грев е и лажење,непочитување на родителите,љубомора,мислење лоши работи за блиските,итн итн...

    Работи за кои сум убедена дека сите комплет со "моралните" и тоа како ги применуваат (прават гревови).
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Да де,порано.Знаете вие прабабите што правеле по плевните.Немало телевизија и вести,немало женски списанија во кои жените ги учат да бидат кучки,секс божици и шо ти ја знам,тоа е причината шо не било чуено,туку само шепкано по маалски муабети,ама си ја знаеле работата многу добро.
    Плус,што сакаш на 15 години и бап,на мажачка.Да ги видам да држат до 25-6!!!
    Стварно бе,од толку могучи гревови,се одлучуваат да бидат бичови пар екселанс,греови на сите страни,а они се фатиле за невиност?!Е право да ви кажам,ич не ви верувам!Е да де,па јасно ми е зошто ги прават првите,па се вадат на овој (не)грев.Зошто не се сакаат себе,па по автоматизам и другите и демек невини дур им снема ваздух и кога тоа...пак вакуум,ќе се покорат пред ... симболот.Комедија!
    Се фатиле за најзабавното!Туф!Шо да ги почитувам јас,кога сами не се почитуваат.
    А плус,ако може да држи до 25-6 и нема проблем,ондак проблемот си е поголем и е врло дискутабилно,а и голема е веројатноста да те биде за домаќинка и ништо више и тап,пукнат брак,е пукнат...
    Да сум машко,не би земала невина за жена...толку.
     
    На ku4ence, srcekrsacka, Estelle и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Прво секогаш го почитувам правото на избор на секоја во врска со одлуката дали би останала невина до првата брачна ноќ. А дека има огромна разлика дали бракот ќе се случи на 16 год. или 26 год. возраст-има.
    Во продолжение ќе ги наведам нештата кои мене лично ми се смешно т.е.траги-комично одвратни,а се поврзани со оваа тема.
    Претераниот промискуитет да се прикрива нели со современи сфаќања и теории како нели на крајот ние сме си само анимални суштества сведени на нагони и лечиме само сексуални фрустрации по чичко Фројдов терк ми е е најблаго речено идиотизам. Сексот е најважната работа на светот,ама па мозокот ти дава критериуми по кои се бира соодветен партнер за таков вид уживање,а не под соодветен да се подразбира секој кој има нели полов орган во ерекција и со тоа е погоден за празнење.
    Ама па и некоја да ми глуми супериорност дека првиот и единствен што го имала и бил сопругот и со тоа е подобра од сите разуздани околу неа (читај што имаат барем уште +1) исто ми е друг вид идиотизам. Ајде ќе и нарачаме ореол и ќе и посветиме цела улица да се вика по неа,бидејќи нели таа е морален херој на деценијата |( . Убаво е да биде првиот и единствен,ама тоа не ја прави во никој поглед во ништо компаративно подобра од другите кои не ја делат истата среќа,ако така ја наречеме нејзината состојба.
    Оправдувам апстиненција ако не се најде соодветен партнер за секс или се сомневаме во неговите мотиви т.е. дека тоа му е крајниот и единствен мотив и ќе трае една ноќ или ќе заврши по завршувањето на чинот,ама ако некоја свесно се реши да има сексуален живот и потоа коментари од типот не се ценела доволно,ми се одвратни.Напротив ако свесно се оди на секс и тоа како се цениш,јас не ценам некоја што би била глупаво заведена под дејство на алкохол,апетисани,сакс фор секс во позадина и други специјални нели стимуланси и попуштила во текот на играта читај предиграта,убедувајќи се претходно дека нема да оди на секс,а потоа „мала ја дала„ излегува.Ама таа која свесно оди активно да ужива во сексот по своја слободна волја и избор и со свеста и чистата совест пред себеси за чинот не може да биде обезвреднета и искористена,зад ова стојам со потпис и штембил-печат од тие големите :lol: .
    А и не признавам вагинална невиност и недопрен химен,додека орално и анално типкава се трошела како паста за заби секојдневно по неколку пати.Ваквите „невини„ ми се најодвратна категорија.
    Е сега од машка гледна точка ако невиноста му игра улога во подобрување на неговото его како не мора да трпи тој критики бидејќи нели таа нема со кого да го споредува,тогаш е навистина патетичен примерок,бидејќи и невината кога тогаш ќе ја увиди дисфункцијата или слабиот перформанс кој тој ги нуди,во крајна сметка сега е ера на порнографијата која е достапна како и лебот како секојдневен и леснодостапен производ,па лесно е да компарираме.Или па ако фактот дека тој е прв го прави горд,секоја чест на глупоста нека направи дома светилиште околу скинатиот химен,попрскано со крвта која се пролеала нели во име на нивното достигнување :lol: .И на крај прв не значи и последен.И подобро вицешампион на светот,отколку прв во не знам Долно Дупени и потоа се редат сите соселани да ја испитаат нели спремноста на невестичкава за обавување на брачни должности.
     
    На ku4ence, RedWine, baby-star и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Познавав едно девојче чија што мајка и по денешни стандарди би се нарекла ороспија, не пак по стандарди од пред 30 или 40 години. Девојчево за коешто зборам одкако влезе во пубертет мајкаи започна активно да и мафта со библијата пред нос, религиозно да ја просветлува и подучува. постојано и беше потенцирано колку тоа сексот пред брак е грев, содома и гомора што ти ја знам, знаете што се случи со девојчето кое што не сакаше да слушне за секс пред брак ? Се омажи на 17 години,ете тоа го направи се од пусти страв од гревот и комплексите што и ги набивцаше нејзината ороспија од мајка, значи кога си бара пи*eто си бара и ќе си го добие по секоја цена. дали било во брак или пред не е битно. А мажењето на 17 години ите како е полошо отколку имањето на секс пред брак.
     
  16. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122

    pa kako nivna tradicija ,ja pochituvam...No jas ne gledam nisho ubavo vo toa da morash da chekash do prvata bracna nok
     
  17. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Мојот сосед има полни 24 години и до скоро беше решен да се чува за брак :D Со него сум од мали нозе, споделуваме се, така да не ме лаже сигурно, па се си кажуваме искрено... Незнам зошто што како но тој рече дека нема ниедна да е*е додека не и стави прстен на раката.. а и не бараше пак невина што беше интересно... Таман ја најде 'вистинската' по две години врска таа го изневери, и прости и оваа пак се плескала на страна.. А типов има пари до бесвес, згора е и плав, ама цел на Бекам :inlove:

    И пошто нели девојките кои барат некој кој ке ги сака безразлика на сексот и сето тоа веке не постојат и толку, како што вели тој, плачат за к*р, договорот мегу мене и него да се чуваме и двајцата за брак кој траеше повеке години еве се распадна и дури јас сватив дека денес најверојатно ретко постои љубов.. (а јас мислам ја најдов :inlove: ) Сегашниот дечко дури се сложи да ме чека и до брак (и двајцата сме невини и не му смета да остане некое време така) си реков, а што ке смени тоа дали ке го направиме пред или после брак.. И договорот падна во вода :)
     
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    јас сум за, невина до првата брачна ноќ... и тоа не е правило само на Ромките и Муслиманите, и кај нас било така некогаш...така да, јас намеравам да останам невина до брак (и ќе останам) :angel:
     
    На MostSweetGirl и Aniston им се допаѓа ова.
  19. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нема маж шо нејќе да и е прв и последен на неговата одбраничка, кога еве веќе се спомнува брак. А од друга страна па и не мора да е првата брачна вечер, доволно е претходниот услов да е исполнет. многу конзевативно мислење!
    Која жена на денешно време е девица на прва брачна ноќ? Ајде молим те. Нема теоретски шанси. Такво е општеството..

    САКААТ ДА СЕ ЈЕ*АТ А БАРААТ ДЕВИЦИ ЗА ЖЕНИ.. апла !

    прв газда си е прв...половно си е половно.. :rofl:
     
  20. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Ма нема шанси драги мои дами. Не не и не. :x
    Сексот си е потреба и тоа каква. :!: Ако некој,а издржи до брак без секс ке и пружам рака, жити се.
    Е сега ако се мажи на 15/16 години нормално дека ке издржи, се друго јас мислам дека е сајнс фикшн. ;)
    Ма уживајте во сексот бре и не се замарајте со овие глупости. |(