Само да те прашам, што ако ти се деси, го најдеш вистинскиот, по 3 години врска се земате, прва брачна вечер се случува тоа, ти си најсрекна се е најдобро, и по месец дена дознаваш дека додека сте оделе тој си плескал настрана, а ти си се чувала за него ? Или, што пак ако (не дај Боже) не се мажиш? И јас мислев да се чувам, ама денес како што сите велат врска без секс - нема врска тогаш несакам да останам стара мома, инаку и јас не би сакала да легнам со повеке од еден ама тоа е денес се е испревртено...
И кај нас било така да, ама се мажеле на 17 години. А сега, ајде да те видам издржи без секс до 25 26 27години? Тоа си е човечка потреба. И гледаш после во брак, не си одговарате воопшто за секс. Ја нема хемијата, ја нема страста... и што ќе правиш? Цел живот без асален секс? Ќе се распадне и брак и се. Така да, ќе ве видам ко ке ве мавнат бубачките во главчињата, лоша работа е коа ќе те фати криза.
Не препорачувам невиност до прва брачна ноќ од следниве причини: 1.Незадоволство од сексуалниот однос меѓу двајцата партнери (што ако не им оди) па после неверство, разводи и слично; 2.Стравот од „непознатото“ е надминат и партнерите можат да имаат комотен заеднички живот; 3.Лажна невиност односно т.н. „крпење“.И кој кого лаже после. Уствари не можам да ја разберам финтата невиност до брак Зошто? Поради кого? Поради мажот?! Тој да биде задоволен дека и е прв Како да не
еднаш се имам изјаснето уште еднаш народски речено (мижи асан да ти јадам слатките) муабетот за невиноста до првата брачна ноќ
Јас не сум за невиност..и што со тоа...се разбира секој има право на личен избор...ама што ќе се случи ако после периодот на привикнување сватиш дека не ти одговара во сексот..и после што...веднаш ќе почнете да барате нешто на страна..имав една колешка на факултет која велеше јас на мажот ќе му однесам диплома и невиност мислам стварно...а сега пред некој период разбрав дека се развела...значи не е до невиноста среќата во бракот туку во заедничката желба и воља..
Драги мои, Не можам да поверувам дека сеуште расправаме за ова. Толку долго време мажите ја пишуваа историјата и ги поставуваа нормите. Женската сексуалност била потиснувана максимално. Ако некој сега ја вреднува својата сопруга според тоа дали е невина или не тогаш тој маж е за жалење и не заслужува било каква жена покрај себе. Се случува и тоа од некои причини и невина да влезе некоја во брак ама дајте да не дозволуваме сеусте мажите да ни поставуваат стандарди како да се однесуваме со себе и со своите задоволства кои се дел од нашата природа.
Еве да речеме, жабетинчево си седи невино по дома, невино по надвор... секаде си е оно невино. Ма не чепнато ни со прсте . И.. жабетинчево веќе ја одминува да речеме и 39ката. И уште си седи оно невино во барата на тете. Младожења ни за лек. Нити стројници со бело фустанче ора да и вијат под пенџер, нити пак цигани од паркингот во НЛО не се задаваат со тапани и зурли, бар евра на чело да им лепнеш . Па се прашувам, тогаш до кога со невиноста би си играло жабетинчево Има во правилникот за извонредни околности.. без свадба, чисто онака од љубав и мерак
Невина до прва брачна ноќ...хехехе....како што вика мм, кола без да ја пробаш како ти лежи и како изгледаш во неа се купува ли? Мислам дека кажано е се.Само со умот в глава чување од недај боже болести и несакани бремености.И со среќа во потрага по вашиот принц
не знам зошто повеќето ме нападнавте искрено...оваа е место каде секој си има право на свое мислење оваа локацијата е нА зае*анција, аа ти девојко за мене најде да речеш ДЕТЕ ?!?!?
Човекот како најсовршено живо суштество на Земјата е научен да ги контролира своите потреби и да ги исполнува само под одредени норми и околности. (пример - кога на куче му се оди по нужда го прави тоа на сред пат, а човекот издржува додека не стигне до вц, или во краен случај на место каде нема никој) Мислам и да те фати криза ако некој е решен тоа да го исполни, ќе биде. Но, денес, сите велат без секс немало врска.. Епа нема кога сите мислат сексот е најбитна ствар у врската
Што ако дознае дека плеска настрана? Па тоа многу нормално дека ќе плеска настрана, а дознала, а не дознала исто ти се фаќа. Јас стварно неможам да ве разберам, имам и една другарка, девојчево има фобија од секс, буквално, прв пат имаше на 17 години и од тогаш дури сега на 20 Абе уживајте таму додека можете, ќе се чувале за прва брачна ноЧ,наахх Патетики .
Никако не ми влегува во глава таа идејата за невина до брак... Како ќе знаеш дека се е во ред, дека си одговарате, или било што друго. Порано се мажеле невини, ама се мажеле на 17-18 години. Сексот е нагон, потреба, а и пред се мораш да знаеш со кој си, колку повеќе работи се неоткриени пред бракот, толку полошо... И замисли, 5-6 години врска - ама нема секс, ќе се чувам јас за првата брачна ноќ. И тој нормално ќе си иде по други, па после викаат: "Со која сака нека иде, пак кај мене ќе се врати". Е не е баш така...
Невина до прва брачна ноќ?? Зарем има некоја таква?? Да да се мажеле невини ама се мажеле на 17, 18 год, а сега до 25-26 невина, па и незнам баш. Па сексот е пред се потреба, задоволство. А долга врска од 3-4 год не знам како би опстојувала без секс. Кој може да издржи слободно нека си се чува.
Мислам дека невиноста до прва брачна ноќ е преценета... Што е толку битна таа прва брачна ноќ...зарем мора да сме во брак за да имаме односи...мене ова ми е толку глупаво, селски и малограѓански што не ми се верува дека се` уште се размислува на оваа тема. Значи ако мене некој ми рече дека се во врска повеќе од една година и дека немаат односи, така квалитетно ќе му се изнасмеам ...зошто?... прво-ќе мислам дека ме лаже второ-ќе си помислам тој плеска на страна, а неа ја лаже трето- алал им вера како успеале да се воздржат...тука би останала ваква а не би се смеела. Првиот пат не е ништо посебно, повеќе е мачење отколку уживање, срам, непријатност, не знаеш што и како да правиш, лост ин спејс...а првта ноќ после свадбата си толку изморен што ни на крај памет нема да ти падне секс, а камо ли губење невиност. Значи јас како мајка не викам девојки сексајте се, сексот е супер...само немојте да живеете во илузии и заблуда дека сексот не е битен за една врска...битен е и тоа како ...добриот секс и барем приближно идеален секс. партнер е основа за стабилна брачна врска, битен е исто колку љубовта, разбирањето, почитувањето итн.итн. Ова пак не значи дека треба да се легнува со кој ќе се стигне и ајде сега ќе пробам повеќе коли па која ми е најдобра таа ќе ја купам. Тоа е веќе глупаво и апсурдно. Се надевам ме сфативте.
Невина до прва брачна ноќ? Ма немој молим те. Како ќе стасаш до брак ако во подолга врска немало секс? Само од љубов? Мижи асан да ти баам. Што ако после првиот секс сватите дека не едноставно неможете во кревет заедно? И после неверства,разводи и сл. Тоа поарно да не е? И што дечкото да не ќе издржи до првата брачна ноќ? Да не ќе чека? Како не. Големо НЕ за невиност до прва брачна ноќ.
Јас сум против тоа-невина до прва брачна ноќ. Неможам да ја разберам поентата. Некако ми е многу примитивно. Како прво, сексот е потреба, сите ние имаме таков нагон и неможам да разберам како некоја би издржала до 25 години без секс? И што ако има долга врска? Во тој случај многу е веројатно тој да ја изневерува, а таа да си чека прва брачна ноќ. Зошто да ја потиснуваат потребата, кога сексот е важен фактор за функционирање на врската. Без добар секс тешко дека една врска би успеала. Да не речам дека е невозможно. И што после првата брачна ноќ, ако партнерите едноставно не си одговараат во кревет и не им оди? Ете причина за караници, неверства и разводи.
невина до брак хаха глупости живи. За да дојде до брак треба да имаш подолга врска како што имаа неко девојки погоре кажано а како би функционирала долга врска без секс. Сигурно нема некој само да се држи за рака со тебе да се гушка и бакнува освен ако си нема некои други за да си задоволи потребите. Сексот е нормална појава и потреба како за машките така и за девојките. И како би влегла во брак доколку немате претходно секс, што ако после тоа секост не те бендисува со него или му мал ајде тогаш друг ќе бараме
Секако сум против ова.Моја школска одеше со дечкото 2 години и заврши невина во брак и невина и излезе од брак,испадна дека нејзиниот сопруг заради траума не бил способен за односи.Замислете кој ужас