хахаха друго нешто незнаеше да пишиш па ова прво ти текна живееме во 21 век алоо ретко кој до 20 ја чува невиноста а камоли до брак чувајси ја ти Трендафила не до првта туку после еден месец брак дајму така повече ке те цени и сака
Живееш во заблуда. Најголем дел од мажите (читај: оние кои не се заглавени во турското) сакаат некоја поискусна в кревет. А тешко дека некоја невина е искусна - зборам за невина во секој поглед (оти денес ги има бајаги „невини“). Мажот не сака во кревет да се замара и само тој да „работи“, туку сака да ужива... а ќе ужива ако девојката си ја знае работата
се согласувам со Морена чувајсија ти Трендафилка до 1вата брачна ноќ а таму некаде нека го работи некоја мажето твое алоооооооооооо чупо мажите сакаат прави тигрици во кревет не топка за тркалање или фигурка како ќе на наместеш така да застане
Воопшто не се согласувам со твоето мислење, од кај тоа дека мажите повеќе ценеле девици?! Голема глупост! Искрено многу се нервирам од вакви застарени сфаќања. Како што кажаа феминките пред мене, мажите сакаат да уживаат во кревет а поверојатно е дека ќе уживаат со некоја поискусна. А друга работа е дека додека ти си мислиш дека те чека, тој си работи на страна. Сексот е уживање и пред се потреба, па кој би чекал до 20 и кусур години?!
Тоа не важи само кај ромките... Мислам дека е добро тоа, сепак мажот повеќе ке те цени доколку си невина, али се зависи до самите нас...Јас не сум ромка, но сепак сум невина и си ја чувам невиноста за првата прачна ноќ...
Па добро ,имаш само 16 години,нормално е така да мислиш сега со 16 години,туку ,што за 1-2 години кога ќе почнат да вријат хормоните(и твоите и на дечко ти)веднаш во матично ќе одите да се венчате или ...?
На темава не сакам да зборувам од поглед на традиција затоа што јас лично не сум живеела во околина која ми наметнувала такви стеги, сепак сметам дека тоа е индивидуална работа, жената сама чувствува кога треба да почне со односи. Сепак, мое мислење, баш првата брачна ноќ е многу стресна вечер да се изгуби невиност, ако не е и најстресната во животот на секоја жена која планира да прави нешто повеќе таа вечер од броење пари. Мислам дека треба да се почне физичка врска со партнерот барем кога веќе имате увидено дека работата оди кон сериозно затоа што сексот е барометар во секоја врска (брак) и најголемите проблеми во него се одразуваат или преку неговото отсуство или монотоноста (механизирање на самиот чин). Затоа мислам дека оваа традиција не е во ред. Не викам дека треба одма уште прва вечер ајде јашааа, ама веќе еве барем во овие традиции кога ќе почувствувате дека треба и кога веќе е сигурно дека ќе се земете, после веридбата барем еве почнете со активен сексуален живот за да не се разочарате во бракот. Е сега ако партнерот е таков да не гледа подалеку од носот и да не сака ни муабет за такво нешто, не знам како би постапила. Не верувам, барем повеќето мислам не би правеле проблем, секако ќе видат дека сте се чувале за нив, па сеа тајмингот пак, не е толку важен. Сеа не знам за Ромите, ама имам една другарка Турчинка на која родителите и беа помодерни во секој поглед и паметам на брат и од другаркава мајка му му викала „Сине тоа воопшто не кажува за тоа дали е девојката добра или не, посебно во ова време ко се крпат, шијат, што не, од таа работа направија пиши-бриши. И да била со некого, подобро да знаеш отколку да ти продава лажни вредности и да прави будала од тебе уште пред да ја земеш. Така ако почне којзнае во бракот за што се ќе те излаже.“ Во идеални услови тоа треба да биде ваш личен избор, не наметнување, затоа и сум против ваквите стеги, „ сега мора до тогаш ова а од тогаш она.“ Тоа тело е ваше и треба да ги слушате информациите што тоа ви ги дава а не некојси таму. Ај тој шо не се чувал...ми се крева коса од такви размислувања. Сеа за тие што ќе издржат, браво за тоа што си стоеле истрајно до традицијата, доколку не, не се плашете, не е веќе она исто време што беше...
наша смешка си беше -ке одам напред дур ми се погодит калапот-и шо е вистина за право!барем според мене....да не се повторувам мислам слично како појкето овдека дека невина до брак е глупост!а ако самата девојка си одлучи дека така сака е то е за поштовање и не би навлегувала во повеке коментари за тоа. и сите се сексаат -на велико-нарочито овие генерации сега и сами читате по форумов дека релативно млади почнуваат со сексуалниот живот.мојата генерација беше некоја си средина измегу 18 и 20 ама сега не е така туку 16 е! ама сепак секој сам си одлучува и заклучок пробајте си ја стоката пред да си ја купите за да не се каете подоцна.... ипак познавам особа е невина,има 28 години и не е до тоа да несака него ете едноставно шо би рекла нема со кој!!!поминала низ кратки врски,кои освен бацвање не донесле ништо друго.а мажите требит да се горди со ке си земат -виновна-жена ке се поштедат себе си од учење,и ке можат вистински да уживаат
Далеку од тоа.. Не реков јас дека хормоните нема да "вријат "... Али мислам дека сеуште постојат толерантни и фини момци.. Оној што вистински те сака, ќе ти го побара прво срцето, а после телото.. Али ова е само мое мислење што не значи дека треба да се согласуваш со ова Можеби ова ти изгледа детско размислување и дека во денешно време не постои некој што ќе те чека толку време верен.Сексот е потреба,ако некој има таква потреба може да го направи и прва вечер,зошто да не,апсолутно никој не осудувам.Истото важи и за невиноста... Али јас лично тоа не би го направила, а единствена причина е затоа што не сакам да ја изгубам невиноста и после да ме шутне. Не сакам да се чувствувам искористено, отфрлено и бедно.. Затоа подобро да чекам, да дојде вистинскиот А и многу девојки плачеле по цели ноќи после вакви совети, посебно ако тоа го направиле со некој фраер на глас , кој што птооа ги одјебал и се правел дека не ги познава. Многу од нив се осеќале изиграно, искористено, повредено.. Уште долко време потоа имаат трауми и психички проблеми, неможат да се поврзат со новиот дечко, се плашат да не бидат повторно одфрлени и изиграни.. Ужас.. Мој совет е - не брзајте... Направете го тоа тогаш кога ќе бидете спремни, кога вашето тело го ќе го почувствува тоа, и секако, со тој што навистина го сакате, со тој што мислите да го поминете вашиот живот и на кој сте спремни да му се подарите, со љубов... Нека тоа искуство ви биде радост и духовито, покрај телесното задоволство, нешто што ќе го памтите по убаво цел живот
Мое мислење е дека ретко на денешницава има невина девојка.Поминато е тоа време кога биле деевојките невини до првата брачна ноќ,па затоа и ништо не е чудно.Се согласувам со мислењата погоре дека мажите сакаат лавица во кревет,а не скулптура што како ке ја наместиш така ке стои.
Ако маж те сака, гајле ќе му е дали си девица или не. Само на ограничени батки им` е битно, дали едното, дали другото. Значи, ако човекот очекува циркус у кревет, а наиде на девојка што немала односи и малиот се разочара пошо нели ќе мора да се "мачи" пустиот, истиот е дебил. И обратно, ако мисли дека некоја која имала односи е сега "прљава" и не може да се помири со тоа, такоџе е дебил. А тоа искусна/неискусна од секогаш ми било глупост. Неќел да лежи. Нормално неќе, ќе лежи првите двапати, се` се учи со тек на време, па и сексот, освен ако се`уште има такви кои мислат дека од Бога им` е дарен талент и нема друга со такви способности, онда е заблуда у питање. Нит се цицки нит убавина нит секс тоа што задржува човек покрај жена. Ако е само до сексот, тоа е fuck buddy, не дечко. Индивидуален избор, немам јас што да исправам криви дрини ниту етикетирам, која како си милува.
Можеби сум мала за да зборувам на оваа тема но сакам да си го кажам своето мислење... Многу се нервирам кога некој ќе рече демек девојките требало да останат невини до прва брачна ноќ...сега некоја ако се мажи на 30 години и до тогаш ли не треба да проба секс??...Има пак има некои мажи што не ја сакале девојката ако не остане невина до брак...господе божеее ...нив им е убаво и може да си се сексаат а жениве не треба ни да помислат на тоа ...јас викам : кога некое машко нема да проба секс до бракот тогаш и јас ќе останам невина...ама тешко дека постои некој таков...
Невина до брачна ноќ мислам дека особено во ова подобје е мит, а ако случајно постои, за мене е најголемата глупост. Добро, тука големо влијание има и моето сфаќање за бракот, секако... Зошто до брак... не ми е јасно... демек не постои развод отпосле?? Башка, ако веќе се склучува некаков брак, кој што треба да се троши време и пари за тоа, покрај она - си одговараме ние двајца, ми се допаѓа, го сакам, убав ми е, ме сака... нели треба да се провери компактибилноста и емоциите во сексот?? Партнерот треба да ти одговара во (скоро) се - а сексот е сепак еден важен дел од заедничкиот живот... така да... според мене - секс пред брак - обавезно!
колку што разбрав се работи за невиност до прва брачна ноќ кај РОМКИТЕ,искрено не сум разговара ло некоја таква но не и со некоја која не е невина според мене се согласувам да бидат невини до првата брачна ноќ,ќе бидат помалку склони на инфекции и на несакани бременост,ама чудн о е тоа колку го применуваат верувам дека постојат такви,бидејќи за оние вистинските верници не верувам дека сакаат да предизвикаат скандали на свадбата за едно не толку битно сексање ама од друга страна па сите сме луѓе-хормини пукаат и со малку трикови па и може сетоа тоа да се среди
Да има такви но во градинка, и мислам да не се залажуваме ретко која девојка на денешницава ја чека првата брачна ноќ тоа може у филмовите да го сретнеме, таа традиција веке ја нема исчезнала за нашите баби, мајки било тоа прва брачна ноќ
Ми нема поента чекањето... И што после тоа ако не иде сексот? Во 21 век кога се бара рамноправност меѓу мажите и жените, нема што да чекаме ние прва брачна ноќ. Е сега не треба ни да се претерува па со секс на 14 години да се почнува, ама се во границите на нормалата. А порано чекале жените прва брачна ноќ бидејќи веќе на 17 години биле веќе мажени. Денес се сменети времињата
абе каква градинка ми збориш, едно девојче што си го мував редовно уште е часна сестра а има 21 година. и ми викаа сите иде бе за година дена ке ти даде ама боже мој ја од одма напињав и ме шутна, демек само за тоа сум бил со нејзе... а иначе вие имате односи ради тоа некој да не ви се смее ли? као у стилот леле наполнив 16 а уште сум немала, брукиииии ииии морам ова да го решам или пак сте се поебале мали што сте се скинале па сеа си се тешите со она "па нема ниедна невина од 15 па надоле"