Девојкиии дали некоја од вас има некоја невозможна врска а многу мечтае за неаа ? ајде искажете се да видиме
Невозможна врска. Хм. Како што спомна Хипи, па сите сме мечтаеле за некои познати типци, за некои секси пејачи, глумци. А врска за со некој од реалноста,да... И што мечтаам за неа, да.
кој нема невозможна врска, пр сакам до мене да е Вин Дизел ама нема, а од реалноста има една невозможна врска со еден познаник, со кој не можам да бидам заради една голема дебела причина (за жал) ама живот иде даље
А да се смени насловот во Платонска љубов? Инаку да, имам таква, т.е повеќе се. Би гo издвоила овој... Колку е само е*оповикателен
Невозможна врска ?! Прљави работи ми текна , нешто одвратно ..помеѓу брат и сестра , на тоа ме асоцира ..
И што е темава, ја стварно сум плава изгледа... Врска невозможна , мечтаења во стилот на селебрити - секс со Роберт Патинсон крелето напудрено, или невозможно - јас христијанка он муслиман, или како што наведе Стронгер - инцест врска, или невозможно - јас заглавена у Македонија, он у Зимбабве... или јас министерка, он сади компири... Дај бре кога отварате тема наведувајте, барате ли мислење, проблем ли имате или само фантазии да споделуваме. Жими се, некои теми ги отварате за без врска. Просветлете ме, ве молам! Мене ми е ова ко на заебанција. Сега јас ќе се з'гнам и ќе отворам тема: Кога прднувам помислувам на...
јас имам да ја наречам..невозмозна љубов...јас сум христијанка а тој е македонски муслиман...незнам ни јас како се впуштив во оваа врска ама никогаш не сум се чуствувала волку среќна и волку сакана како што сум сега...одиме вејке 2 години моите незнаат ништо за ова и навистина незнам како ке и го кажам ова оти знам дека татко ми никогаш нема да ја одобри оваа врска.. на почетокот не ни верував во тоа сто го чуствував си мислев ке помине ова е само една авантура..,но не како минуваше времето станувавме се поблиски тој недозволува ни влакно да ми фали ме сака ме почитува како личност и неговите исто не и смета тоа што јас сум христијанка но како одминува времето имам се повеќе страв од тоа да се соочам со вистината и со мајка ми и татко ми секој ден плачам се чуствувам како најголемиот грешник,знам дека некои од вас со ова ке ме осудат,но јас навистина го сакам и тој мене...сум била во врска и со христијанин но не сум го сакала толку мн како сега дечко ми.Tие се современи образовани луѓе и го сваќаат и нејзиниот син и мене...но јас се плашам од реакцијата на татко ми бидејки е можно да го изгубам засекогаш и незнам што да правам . ве молам напишете ми мислење од вас и дали некогаш сте имале вакво искуство или познавате некој со истиот проблем како мојот и како се се решило. ќе ви бидам благодарна можеби нема да ми помогне вашето мислење но ке ме утеши барем малку...
Ако толку многу го сакаш кажи само на мајка ти па ќе видиме како ќе реагира таа па после ќе одлучиш дали да му кажеш на татко ти
И јас одев со дечко кои моите дома не го одобруваа од истите причини и ми рекоа дека од дома ќе ме исфрлат но јас тајно продолжив зошто го сакав тоа и не ми беше гајле што мислат другите. Ако вреди момчето продолжи да се бориш за него!! Но ако вреди- бидејчи мојот накрај излезе дека не бил вреден за тие глупости што ги направив за него... Позз
19-20 се неколкуте часа што ми оставија печат за цел живот...тешко да се наканам да искочам со дечко или некој толку да ми се засвиѓа...можда и господ ми донел болен начин за да запознам некој мој роднина..Уште пред 1 месец , уште на првиот поглед кога го видов знаев дека ке остварам контакт по било кој услов со дечкото..одма го адднав на фб..зборевме он имаше женска 7 месеци...раскина .. желбата ми се оствари...и по секојдневен муабет решивме да искочиме баш вчера..еднаш ми имаше спомнато дека неговите братучедки ми се роднини, знаејќи го брат ми..искочивме...и баш кога адреналинот ми се качи на 50-ка...кога се разбуди чувството пред да се муваш со дечко...ме пресече со муабетот...Изгледа сме роднини, татко ти го имаше купено моторот од нас..му се јавив во истиот момент на татко ми и ми рече дека ми е трет братучед..ни од далеку неможете да замислите како ми беше..во моментот ми поминаа 300 филма...и 1000 прашања...зошто сум толку несреќна, дали Куманово градот е премногу мал..или пак јас сум најголемиот пророк? Се гушкавме и бакнувавме 3-4 часа. се возевме на мотор...муабетот и моментот од предмувачки се сврте во братски..ме гушкаше и двајцата се запрашувавме зошто мораше вака да биде..иако дечкото е женкар, и покрај се, не му беше сеедно...нозете ми беа како пресечени...цел ден кога се спремав се тресев-имав предчувство некакво..и ете...колку се трудев, колку патев за бившите 2ца, и зошто пак Господ ми праќа вакви паѓања и рушења на моите сништа кога со цело срце ги очекувам...цел ноќ и цел ден го поминав прашувајќи ги моите околу него, дедо ми, татко ми, ми поминуваат секакви прашања и одговори низ глава, му вртев-не ми креваше , можеби сака да застане на спротивна страна, или можеби му е сеедно? Во моментот ми дојде да се обесам кога си отидов дома, дали да побарам помош од психијатар , немам сила да продолжам понатаму, секогаш бев цврста и се борев , зошто барем еднаш не ми возврати Бог со добронамерство? Зошто секогаш живеам во надеж кој згаснува ? Зошто, Зошто , Зошто.. Мил мој братучед , мила моја љубов, дали Бог те испрати да ги сретнеме нашите души во неповрат или само ме казнува безмилосно ?
eve imam i jas eden problem... se gledame vekje nekolku nedeli a toa sto me koci e sto toj e vlav... mene licno ne mi smeta voopsto.. tuku kakva bi bila reakcijata koa bi im kazala na moite a i mnogu okolu mene zboruvaat demek ona so koj nasla da bide, so toj vlav bla bla bla. a sepak mene mi e ubavo so nego, znae kako da me nasmee i da me raspolozi i se ednostavno prekrasno mi eeee... help girls dodeka ne sum pocnala da cuvstvuvam nesto za nego, dodeka nee docna !! )) [mod-kirilica:3m5r2zzw][/mod-kirilica:3m5r2zzw]
Незнам што реакција би била јас сум мелез влајнка и дебрчанка..незнам зошто некој да се буне бидејки бил влав не ја свакам поентата..биди си со него ако ти е убаво...луѓево секогаш збореле и ке продолжат да зборат ..ич к*р да не те боли за другиве гледај си кеиф и уживај си..Важно е каков е во душата,а не во тоа дали бил влав,ваков,таков,потаков ако има добар карактер биди си со него
Zdravo na site mozi deluva glupo jas kako masko da pisuvam na zenski sajt ali problemot e ist Vaka imam edna koleska od fak. romka/muslimanka e. Uste na start razvijavme odlicno prijatelstvo i nabrgu toa prijatelstvoto premina vo nesto plus no nabrgu svativme deka nema da funkcionira zatoa sto sme od razlicni veri i plus od dvete semejstva naidovme na negoduvajne i pak se vrativme na ona prethodno prijatelstvo sto go imavme no uste se oseka taa hemija megu nas no nema resenie na nasiov problem, a sto e uste potesko e toa sto taa karakterno i vo pogled kon zivotot e slicna kako mene i imame milion zaednicki raboti i so toa mi e pogodena 110%. Takov covek dosega nemam sretnato duri ni drugarive nemozat da se sporeduvaat so nejzinata usoglasenost sprema mene i ke mi bidi mnogu tesko ako vo meguvreme taa zamini so drug ili jas so druga i da se zavrsi naseto prijatelstvo pa baram vase mislejne ...pozdrav (ps:temata "vrska od druga vera" e zatvorena pa zatoa pisav ovde!!!!!!!!)
Дечко на другарка што се знаеме уште од раѓање, мој најдоверлив другар, и на мојот дечко другар! А девојка му е ќерка на другарка на мајка ми. И шо е најинтересно јас, дечко ми, другарката, и ОН секогаш сме заедно. Никој не знае што чувствувам спрема него. Уствари ни јас самата не знам