Значи ништо. Си реков ке лапнам картица од 9000 ден, ама кога не барам работа така ми е . Тоа е, да сме живи и здрави
И утре коа ќе ми се јават за на работа, што да им кажам? Аааа јас за да земам од помошта се пријавив у завод, инаку вака Не ми се работи, џабе не ми се јавувајте да ми нудите работа
Можеш мислам три пати да одбиеш па после ќе те избришат. Има луѓе со години пријавени па не им се јавуваат. Конкретно тетка ми пријавена е само за здравствено да има. 15 години па може и повеќе ама не бара работа. Никогаш и се немаат јавено.
Ова со меркава за тие што изгубиле работа да добијат помош со години го има наназад не ја гледам како некоја нова мерка
Можеш да се пријавиш како активен барател или пасивен за да не те бараат пријави се како пасивен, со тоа ќе треба на секој еден месец да одош и одново да се пријавуеш
А па турени се од јавување, телефонов ми прегоре дури не бев вработена... Не бе срц, колку и да си дефицитарна со прст не мрдаат ако сам не си мрднеш да најдеш работа.
Преку мм имам здравство. Не ми треба завод за здравствено. Е за оние кои не се во брак не знам како е. Нели можеше преку родителот да имаат здравствено
Бев јас два месеци дур не ги направив сите документи коа се омажив , па дур ме пријави мм преку него... Абе сто пати ми се јавија. Срам ми беше да одбивам па велев болна сум
Пријавена е како невработена. И си има здравствено. Сега каде се пријавува не знам ама знам дека така има здравствено.
И да се одјави ќе има здравствено. Од лично искуство ти кажувам. Јас 3 години не сум пријавена во Завод.
Можно е тоа. Не знам како е за во брак. Ако си на школо/факс треба само потврда во социјално дека си редовен. Јас па имав слушанато некаде пример ако закасниш неколку дена да се пријавиш во Завод ќе нема да може да се вработиш три години. Можно е и да се шпекулации, не знам со сигурност.